McDonald's и случувањата со McDonald's во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
А ти кога ќе отидеш за прв пат во странство ќе приметиш дека сите фаст фуд сендвичари се полни во најмала рака како Мц. Со мц маниата касниш едно минимум 20 години, а можда не си била ни роден/а тогаш. Зашто се полни веќе напишав, и не се однесува на тебе , зашто очигледно нејкеш да мислиш со своја глава. И еден совет...не се фали дека си јадел/а во мц и не го препорачувај дека ке ти се смеат, одамна е тоа задња и најевтина шанса на запад.

Дечак ја немам Мц манија. Сум била во странство досега многу пати и ич не ме занима како работаат другите сендвичари. Овде се дискутира за Мц. А ти пошто си толку голем западњак, не ми е јасно што бараш на темава која е за случувањата на Мц во Македонија.
Немаат сите шанса да јадат на Шанзелизе. Некому најмногу што може да си го дозволи е Мц. А дали оне горд на тоа и некој ќе му се смее, тебе ич да не те боли.
 
ти мешаш поими очигледно. Сељак е сасвим друга категорија и доаѓа од внатре, во случајов се работи за неимформираност. И ставањето на ние и Вие кога сум и јас Македонец, е малку тендецизно

тоа вие доаѓа од се поголема наезда на граѓани од големото добро утро кој ни објаснуваат западначки работи,од типот јас бев,видов пробав и тн.Не ми треба некој да ни објаснува за вкус,кога добро знам што избор имаме тука за јадење.
Си се заебал ако мислиш дека не знаеме дека овие се синџири за ефтина храна,ама тоа што е ефтино таму тука е скапо,а тоа е што е таму поубаво тука го нема.
И уште еднаш,збориме за фаст фуд а не ајвар и сирење.
 
Малце лицемерно е да се каже дека е добро што го затвориле МекДоналдс поради штетната храна. Што е со други компании/фирми кој произведуваат штетни работи? Пример производители на цигари, алкохолни пијалоци итн. кој исто така можат да бидат штетни?

Иначе убеден сум дека најголем дел од луѓето знаат дека храната во МекДоналдс и другите фаст фуд ресторани не е најздрава но не гледам проблем некојпат ете да се јаде тука. Проблем станува нормално ако тоа е редовно или секојдневно, нели. Има многу причини оти тука јадат луѓе, затоа неможе да се паушализира. А тоа дека само сиромаси или средна класа низ светов јаделе во Мекдоналдс не би рекол, су гледал доста луѓе и од ете да речеме побогата класа што јаделе во МекДонелдс. Едноставно си има предности пример има стандарт на хигиена, секаде ги има тие ресторани, работат скоро ден и ноќ па некојпат човек и се одлучува таму да јаде. А за тоа што храната не е најздрава тоа да, го разбирам тој аргумент ама само под услов сите дома да јадеме квалитетна храна. Со оглед на тоа што во минато имаше доста скандали со храната не би бил баш најсигурен и за тоа. И други работи кој ги јадеме секојдневно се нездрави и со додатоци затоа и дискусијата околу МекДоналдс ја сметам за малку лицемерна (односно тој аргумент).
 
Па ти самиот си одговараш. Па зашто да го плаќам нивното евтино, скапо во Македонија, кога имам алтернативи, па и уште да давам погрешна реклама за популарноста на мц.
--- надополнето: 15 јуни 2013 во 17:22 ---

Никој не рече дека е добро што го затвориле мц во Скопје, а уште помалку да ликува, него дека не е голема трагедија што го затвориле, и пред тоа се јадело добро и пак ке се јаде во Македонија. Уосталом утре пак ќе дојде, ако не мц некој друг, и тие фаст фудови постоеле и ќе си постојат. Многу поголема трагедија за нас е што не одбегнуваат на пр. Лидл, Икеа и сл. каде што би видела стварно бенефит популацијата у поглед на квалитет, цени и сл.
 
Па ти самиот си одговараш. Па зашто да го плаќам нивното евтино, скапо во Македонија, кога имам алтернативи, па и уште да давам погрешна реклама за популарноста на мц.

која алтернатива ја имаме у македонија?
 
Во каква држава живееме каде што ни мц не може да опстои......:tapp:
И после тоа некој се чуди зашто немаме Лидл,Икеа и слични....
 
Грешка си, во Германија медиум е помеѓу 7 и 9 евра а во Америка исто само во долари, провери на нет тие се цените а тоа е најобична просечна цена на пица кај нив.

Може за 20 давале сок и уште некој додаток.

Е како можам грешка да бидам, сама се кеширав кога ме мрзеше дома да сварам некоја макарона :)
Не знам за Германија, зборувам за јас кај сум купувала, и тоа била без месо, само со останатите опции кои ги ставаат - краставички, пиперчиња, вамте, тамте.
Сендвичите им беа околу 6-10 долари, зависи што јадеш.
--- надополнето: 15 јуни 2013 во 21:22 ---
Во каква држава живееме каде што ни мц не може да опстои......:tapp:
И после тоа некој се чуди зашто немаме Лидл,Икеа и слични....

Тоа е тој муабет :)
Еден од почкарт брендовите не може да преживее, тек некој поасален да дојде..
 
Една заебанција да ви кажам шо ми се случи некни во МЦ.
Порачувам чисбургери,помфрит, ова она, и и викам на чупето, ај дај ми сол две - три пакетчина.
И пази шо ми вика: - А бе немој сол да јадиш, не чини за здравјето!
Јас прснав од смеење, и викам: жити, а ова чизбургериве од бронхит да не леча :)
 
А зошто не се направи МАКЕДОНСКО нешто?

Jollibee е филипински ланец кој се отвори како против тежа на МЦ. Денес покрај на филипините имаат ресторани секаде каде што има филипинци, од кина, австалија од УСА.

Jollibee,_Central,_Hong_Kong_1.jpg

jollibee-menu.jpg

jollibee_delivery-jpg.jpeg

Има опција со помфрит или ориз...

34477_110292952356976_2409806_n.jpg

Еве ви ги и цените и сендвичите. 1 пезо = 1 денар.

Ова е единствен ланец кој го има победено МЦ во нивната игра.
 
Оти повеќето македонци се снобови, па мораат да јадат во места кои се веќе на големо и на широко познати и ги има на други места у светот. А да се отвори нешто наше има да го плукаат како не е убаво, коментари од типот " што се занесуваат колку скапи се цените" итн. А за брендови не е проблем да се плаќа скапо уопште.

Иначе супер идеја е ова, уште да се најде јунак кој ќе инвестира во ова.
 
Што е разлика од ова до на пр. Ројал Бургер?
 
има веќе Македонски бренд од ваков тип,Ројал бургер.Сендвичите се стандардизирани,спакувани..има бесплатна достава и вкусни се.Поскапи се од обичен хамбургер али поефтини се од Мц.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom