McDonald's и случувањата со McDonald's во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата еци^^^
  • Време на започнување Време на започнување
Мала дигресија да се надоврзам на постов над мене, AlternativeF одлично ви ја отслика ситуацијата. Просек ко просек неминовно е што повеќето кај нас се пали на истиот. Секој еден странец кој доаѓа во ново место - зборам за овие од централна и западна европа, итекако свеста им работи и имаат желба да испробаат нови работи, додека ние неизживеаните, се палиме на марки од не знам какви просеци. Да, можда мекдоналдс многу поретко ќе те фати тенкосеритис, но зихерашлукот како и недоволната „храброст“ нема никогаш да те натера да мрднеш од просекот. Затоа го имаме развиено квалитетот на чоколади ѓоамити еурокрем - квалитет што на странски пазар е под ниво, затоа јадеме Марс и сникерс што се се` ама не вистинско чоколадо, и затоа постануваме просечната америчка маса која е истотака недоволно свесна за светската кујна.
Кога ќе му спомнеш на некој просечен македонец за риба, недај боже морска да е, те гледа накриво и ти вика - тоа се јаде ли?? А после дома ти прави некаков си традиционален македонски рецепт кој вклучува павлаки, мајонез, 100 врсти сирење и месо, каде во целата таа какафонија се губи секаков вид на доминантен вкус и постанува невкус. Битно е да се лупа во стомак. Иронично е но тоа е.
 
Преку Тасе...
Мораме (генерално човечкиот вид) полека да се ослободуваме од ѓубрето. Ако некој турист е гладен и ако не може да најде МекДоналдс сигурно нема да трпи гладен.

Единственото спорно е зошто?? Јас барем не видов објаснување.
А за вработените, да греота е, ама луѓе остануваат без работа секој ден, не гледам зошто овие се некоја посебна категорија.

Абе како да се ослободуваш во ова време на глобализација па кога ќе ги чуе човек муабетите сме имале најдобра храна на светот како да сме едини во универзумот. Аман те веќе од тие муабети, туку прекинете да пиете Кока Кола да јадете во Вили, чоколади и разни други странски производи бидејќи и тоа е ѓубре. Ви нема логика ова што го зборите кој може и сака ќе јаде, кој нејќе никој не го тера со сила џабе се инаетете...
 
Ела бе пумче кај мене, ќе ти напраам мока, проблем ли е. Ставаш тро згреано млеко, какао, шеќер по увиџењу и то е то, нема некоја филозофија. Имаше на времето едно супер местенце, Карамело се викаше, правеа бољи кафиња од Старбакс, ама луѓево кај нас не се научени на убаво кафе па мораа дечките да го затворат. Како и да е, Старбакс не дека е лошо, ама факт е дека не се врв туку се обичен ланец на кафетерии кои нудат средно квалитетно кафе по релативно висока цена во однос на квалитетот. Истото беше и со Мекдоналдс. Секаде е полн, да, но не е некое ексклузивно место и баш затоа е полн. Сите тие ланци на ресторани се ниска класа и не може да се каже дека тоа што биле полни ги прави фенси. Само кај нас е доживљај да се јаде во Бургер Кинг (признајте, колку од вас се подмочкаа од среќа кога го отворија ресторанот). Многу неизживеан народ имаме, многу...
Како и да е, штета е што една таква корпорација излегува од Македонија од непознати причини, најмногу, како што веќе констатиравме, заради вработените таму. Тешко дека Свето ќе отвори некој нов ресторан од тој вид на истите места и со истиот број на вработени. Иако баш би било добро да се створи уште еден добар македонски бренд. Нешто као Ајвар со сиренце-ту-гоу или Турлитава деливери.

Хах, не можам да се ,,подмочам,, на било кој фаст фуд ресторан, од причина што не јадам месо, па не е дека баш имаат што да ми понудат. Ни во Мц не можев да јадам 90 проценти од тоа што го нудеа, па не ликувам на затворањето. Ако мене не ми е арно, зошто и на другите да не им биде? :)

Што се однесува до ајвар - ту - гоу - постои и тоа, а за моката - само ти покани ме, јас озбилно ќе дојдам :icon_mrgr:
Не ме биѓава мене многу за по кујните, преферирам кафиња/храна да купувам, не да правам.

И за крај, јас никако ниту реков, ниту алудирав дека Мц, Бургер Кинг, Старбакс се фенси - туку дека се полни.
Реков дека ми е сосема сеедно како се вика брендот, нек ми продадат тоа што ми е убаво.
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 15:54 ---
Еве јас најискрено ке кажам, дека сум бил скоро во секој главен во Западна Европа, и сум живеел повеќе од 10 години во Австрија , Германија и Италија и тврдам дека во Мц јадат само тинејџери и џанкери, и по некој залутан странец. Па барем храна имаме пар екселанс, а не да се труете во Мц, доста више со тие комплекси од странски фирми, има 100 кафани во Скопје каде ке јадете 100 пати подобро за тие пари а квалитетот не го споредувам. На интернет имате милион форуми кај што се коментира за квалитетот на месото на Мц, погледнете ги на пр. мутираните пилиња со 10 пати поголеми копани од нормалните. Каков Вили (кока ке го видам персоналот, бегам), имате на пр. првокласно бурито до стариот Зуко. Едино ми е жал за вработените, ни криви ни должни го изедоа.

Не јадам месо, тие што јадат нека прочитаат за месото. Јас тврдам дека ниту едно месо не е добро месо, но темата не е тоа и не би навлегувала подлабоко во тој правец.

Работата е ПРАВО НА ИЗБОР. На тој што му се јаде здраво, нека јаде здраво, на тој што не му се јаде, не мора.
Не можеме со оневозможување на избор да опаметиме народ, а моментално звучиш како министерот - ова е за здравјето на жената.
Со забрани (во овој случај непостоење) не можеш да постигнеш ништо. Тоа што го нема Мц, не значи дека луѓето ќе престанат да јадат нездрава храна, ќе си продолжат, ехеее, фест фудови колку сакаш има во Скопје.
 
Хах, не можам да се ,,подмочам,, на било кој фаст фуд ресторан, од причина што не јадам месо, па не е дека баш имаат што да ми понудат. Ни во Мц не можев да јадам 90 проценти од тоа што го нудеа, па не ликувам на затворањето. Ако мене не ми е арно, зошто и на другите да не им биде? :)

Што се однесува до ајвар - ту - гоу - постои и тоа, а за моката - само ти покани ме, јас озбилно ќе дојдам :icon_mrgr:
Не ме биѓава мене многу за по кујните, преферирам кафиња/храна да купувам, не да правам.

И за крај, јас никако ниту реков, ниту алудирав дека Мц, Бургер Кинг, Старбакс се фенси - туку дека се полни.
Реков дека ми е сосема сеедно како се вика брендот, нек ми продадат тоа што ми е убаво.
--- надополнето: 13 јуни 2013 во 15:54 ---

Не јадам месо, тие што јадат нека прочитаат за месото. Јас тврдам дека ниту едно месо не е добро месо, но темата не е тоа и не би навлегувала подлабоко во тој правец.

Работата е ПРАВО НА ИЗБОР. На тој што му се јаде здраво, нека јаде здраво, на тој што не му се јаде, не мора.
Не можеме со оневозможување на избор да опаметиме народ, а моментално звучиш како министерот - ова е за здравјето на жената.
Со забрани (во овој случај непостоење) не можеш да постигнеш ништо. Тоа што го нема Мц, не значи дека луѓето ќе престанат да јадат нездрава храна, ќе си продолжат, ехеее, фест фудови колку сакаш има во Скопје.

Полни се со имигранти кои тоа им е најефтината храна, којашто кај нас не е најефтина. Какви забрани, какви оневозможувања, многу ми е гајле за мц, ова се факти за квалитетот на храната во истиот, и сто пати реков дека секој може да си јаде кај сака. Не треба да паѓаме во трансови ако си отишол Мц од Македонија, затоа што имаме избор. А и очигледно си заглавена во политиката опасно. И уште нешто... во моите постови коментирам само за мц, а не за сите фаст фудови, или за нездрава храна што ја јадат луѓето. А ти очигледно покушаваш да цитирам оневозможиш изнесувања на ставови за твојот мц.
 
Не треба да паѓаме во трансови ради Мц, но во иста група спаѓаат и ,,предобрите,, Вили, 7ца, рандом бурекџилници, Бургер Кинг итн, но не видов некој овде да се надева исклучиво на макробиотички сендвичари, напротив.

Мц, не е мој, и нема потреба од толку нервоза. Да живеевме во совршен свет, фаст фудовите немаше ни да постојат, но светот не е совршен.
Реалноста е таква - да имавме ние брендови кои не знам, се светски познати и меѓу нив Мц е ситна боранија,немаше ни да има волкава тема за него.

Работата е во тоа што брендовите не избегнуваат, очигледно со некоја причина, без оглед дали е фест фуд или фабрика за чевли.
 
На што све нема да налеташ по форумиве, се расправам со веган кој коментира на тема за фаст фудови, кадешто основното јадење е месо од било кој тип а коешто е основата на мојот коментар. Како прво моите постови беа за квалитетот на месото, специјално во Мц а тука спаѓаат и бургер кинг и остала америчка боранија. Ништо лично немам ни против фаст фудови ни како се хранат луѓето, само мислам дека треба да знае пучанството што им се сервира у тие фаст фудови, и уште во првиот пост препорачав фаст фуд до Зуко, мексички фаст фуд со перфектно бурито по сите светски стандарди (баш го конзумирав додека ги пишувам постов и добро ми легна). А сега да преминеме на мојот фах. Работам за мултинационални компании веќе 15 години, и немам никаков анимозитет кон истите, впрочем работам за Австриска фирма која има преку 2.000 филијали во цел свет и имам потпишано или присуствувано на потпишување на договори за застапништво во преку 20 земји, а никогаш во Македонија ама не од политички причини него од чисти економски причини и затоа што не се работи за роба за широка потрошувачка. Ова се го наведувам дека не можам да пратам приватна порака, а за да ме сватиш. Во интернационалниот бизнис нема политика, у ствари моите бизнис партнери се смеат на политичарите, и верувај кога се работи за интернационални компании како Мц, политичарите доаѓаат на поклон кај бизнисмените. Значи договорот за застапништво може да има и преку 50 страни, милион анекси, поданекси, и верувај добро се заштитуваат зашто стои војска од адвокати и советници кои добро ги штитат интересите на парите. За еднострано раскинување на договорот, како во нашиот случај (кој што воопшто не го коментирав додека не ме наведе), мора да има добри причини, и доколку не се умешал некој регионален менаџер, за што се многу мали шансите, посебно за корпорација од типот Мц ќе го добијат спорот (пак повторувам не коментирам нешто за што не сум запознаен). Значи политика не ме интересира, нашиве политичари со кои ме споредуваш уште помалку, а за твое добро ти препорачувам дека не е добро да имаш толку гнев кон било што. Моите коментари беа насочени кон квалитетот на храната специјално во америчките фаст фудови, и сите заболувања коишто доаѓаат од таквиот начин на исхрана, како аутизам (две илјади пати зголемен во последните 20 години), дијабетес, хормонално пореметување, разни ракови и верувај дека ова не го пишувам ако немам некои предсознанија за ова. Јас не забранувам, само сакам да се знае што се конзумира, за СЕКОЈ ДА СИ ИМА ПРАВО НА ПРАВИЛЕН ИЗБОР. А твоите преродби, политичари, можеш на др. теми да ги постираш., во случајов се работи за спор помеѓу две приватни компании, за коишто јас и ти немаме појма што се случува. Твојот пост за полните ресторани на мц на запад, го цитирав, затоа што е изваден од контекст и нема врска со реалноста а најмалку со некаков квалитет или добри цени како во нашиов случај. И кога одговараш на некаков пост, треба да го прочиташ цел до крајот, на пр. Вили и тој тип на наши чкарт фаст фудови, со никаква хигиена внатре, кој што веќе го коментирав. Голем поздрав, и поопуштено малку...
 
Јадете си дома, дома е најубаво.
Ако не дома, у некое маалско кафанче кај што газдата го зима месото од „познат чоек“, зеленчукот го купува од пазар, свеж и здрав, или у некој ресторан кај што „мајстор Ремзи ги редуе редите професионално“ (hint: youtube - Vkusot na tradicijata Tetovo).
МекДоналдс у Македонија беше совршено место за славење родендени на деца, не оти им се свиѓаше храната (мали се не разбираат), туку дека им даваа да се лизгаат по тоа плочките и да праат ѓурултии.
Од МекДоналдс сум зела еднаш помфрит и друг пат сладолед, и во двата случаја не беше нешто WOW! Просек.
Во врска со квалитетот: квалитетот не го продава производот, туку брендот, а брендот го прави агресивната реклама - маркетинг.
 
Јас знам за случаи на тровање од Вили и тоа случај каде што итно беше лицето пренесено во државна... Не сум јадел во Вили сигурно повеќе од година дена ама од муабети што слушам во меѓувреме тешка прчвара се станати.... За други локални маалски сендвичари и бурекџилници да не правиме мубает, сепак работата е што тука се збори за МЦД, можда не се најсјајни меѓутоа во поглед на хигиената тие ствари беа врв бар кај нас а за во странство незнам....
 
На што све нема да налеташ по форумиве, се расправам со веган кој коментира на тема за фаст фудови, кадешто основното јадење е месо од било кој тип а коешто е основата на мојот коментар. Како прво моите постови беа за квалитетот на месото, специјално во Мц а тука спаѓаат и бургер кинг и остала америчка боранија. Ништо лично немам ни против фаст фудови ни како се хранат луѓето, само мислам дека треба да знае пучанството што им се сервира у тие фаст фудови, и уште во првиот пост препорачав фаст фуд до Зуко, мексички фаст фуд со перфектно бурито по сите светски стандарди (баш го конзумирав додека ги пишувам постов и добро ми легна). А сега да преминеме на мојот фах. Работам за мултинационални компании веќе 15 години, и немам никаков анимозитет кон истите, впрочем работам за Австриска фирма која има преку 2.000 филијали во цел свет и имам потпишано или присуствувано на потпишување на договори за застапништво во преку 20 земји, а никогаш во Македонија ама не од политички причини него од чисти економски причини и затоа што не се работи за роба за широка потрошувачка. Ова се го наведувам дека не можам да пратам приватна порака, а за да ме сватиш. Во интернационалниот бизнис нема политика, у ствари моите бизнис партнери се смеат на политичарите, и верувај кога се работи за интернационални компании како Мц, политичарите доаѓаат на поклон кај бизнисмените. Значи договорот за застапништво може да има и преку 50 страни, милион анекси, поданекси, и верувај добро се заштитуваат зашто стои војска од адвокати и советници кои добро ги штитат интересите на парите. За еднострано раскинување на договорот, како во нашиот случај (кој што воопшто не го коментирав додека не ме наведе), мора да има добри причини, и доколку не се умешал некој регионален менаџер, за што се многу мали шансите, посебно за корпорација од типот Мц ќе го добијат спорот (пак повторувам не коментирам нешто за што не сум запознаен). Значи политика не ме интересира, нашиве политичари со кои ме споредуваш уште помалку, а за твое добро ти препорачувам дека не е добро да имаш толку гнев кон било што. Моите коментари беа насочени кон квалитетот на храната специјално во америчките фаст фудови, и сите заболувања коишто доаѓаат од таквиот начин на исхрана, како аутизам (две илјади пати зголемен во последните 20 години), дијабетес, хормонално пореметување, разни ракови и верувај дека ова не го пишувам ако немам некои предсознанија за ова. Јас не забранувам, само сакам да се знае што се конзумира, за СЕКОЈ ДА СИ ИМА ПРАВО НА ПРАВИЛЕН ИЗБОР. А твоите преродби, политичари, можеш на др. теми да ги постираш., во случајов се работи за спор помеѓу две приватни компании, за коишто јас и ти немаме појма што се случува. Твојот пост за полните ресторани на мц на запад, го цитирав, затоа што е изваден од контекст и нема врска со реалноста а најмалку со некаков квалитет или добри цени како во нашиов случај. И кога одговараш на некаков пост, треба да го прочиташ цел до крајот, на пр. Вили и тој тип на наши чкарт фаст фудови, со никаква хигиена внатре, кој што веќе го коментирав. Голем поздрав, и поопуштено малку...

Земи здив, де. Не сум веган. Не избрзувај со заклучоци.

Јас не зборував за политика, туку за економија. Очигледно не сме поволни за терање бизнис, нели?
Освен тоа, каде сум те споредила баш тебе со било кој политичар? o_O

Америчката храна е отров, но ни просечниот бурек нема мањак холестерол, да си бидеме прави, презачинета храна (како твоето бурито) е супер за едно чирче.

И јас сакам секој да знае што консумира, и би ти објаснила на пошироко за твојата денешна вечера, но сметам дека е офтопик и нема потреба тоа да го објаснувам - како што кажав и порано.

Понатаму, јас никако и никаде не реков дека Мц е ,,квалитетен,, , туку дека е популарен, не знам зошто мислиш дека тие два термини се синоними еден на друг? Не елаборирав кому е популарен, просто кажав што сум видела, ама баш во било која од така западничките земји. Дали биле средношколци, фамилии или наркомани, не коментирав, тоа си е веќе твое.

И за крај, јас сум доста опуштена. Ти напиша пост во еден здив, не јас.

Никој нема против зборување за здрава исхрана, иако малце си контрадикторен на сам себе, но немањето на брендови во Македонија, со што верувам ќе се согласиш (со оглед на твоето работно искуство) не е баш некоја позитивна работа, уште помалку зборува во што се претвораме - отвораме исклучиво погони кои користат ефтина работна рака, со производи кои ги извезуваат од тука.
Не сум економист, ама тоа некако не ми се допаѓа.

Во темава зборуваме за Мц, и затоа се придржувам до храната, но во поширока слика, многу брендови од други категории не одбегнуваат.
 
а бе ти си доктор, економист , политичар, а пред се демагог. Во претходниот пост рече дека сум те подсетувал на некој политичар а сега викаш не. Реперот ти е сосема погрешен, политичарите само во бурек земји се популарни. Моето јадење а моја приватна работа, а беше спомнато во контекст дека сум бил контра фаст фуд рестораните (уште една твоја етикета) а сега се ставаш во улога на медицинско лице и делиш совети, што е тривијално во случајов, а и го спушташ нивото на комуникација. Во случајот со мц не не одбегнуваат него си одат од Македонија што прави огромна разлика, а кога би била економист би ја сватила разликата. Уште еднаш ја промашуваш темата (зашто не избегнуваат фирмите отвори тема па да дискутираме) . И на крај за популарноста на мц рестораните низ Европа. Ако се полни не значи дека се популарни кај локалното население, што е за мене правиот репер. Нормални Австријанци, Германци, Италијани французи не јадат обично во мц ,него милионите Турци, црнци, узбекистанци итн. така да го промашуваш и ова прашање. Тука е и поентата на мојот мотив, не да не се јаде во мц, него место прв избор да биде задњи избор. И главниот мотив се парите дека на запад немаш поевтина алтернатива КОЈА ШТО КАЈ НАС ЈА ИМАШ. Кога би живеела некој период надвор ова би ти станало одма јасно, а можеш да го прочиташ и од др. членови погоре постирани.

И на крај не мораш да се секираш за туѓи чирчиња,коишто патем се добиваат пре од нервоза него од зачинета храна. И ако мислиш дека ке губам време и енергија у вакви бесмислени дијалози се лажеш, и ова беше превише. Тој што требало да ја свати мојата порака ја сватил секако.
 
Абе како да се ослободуваш во ова време на глобализација па кога ќе ги чуе човек муабетите сме имале најдобра храна на светот како да сме едини во универзумот. Аман те веќе од тие муабети, туку прекинете да пиете Кока Кола да јадете во Вили, чоколади и разни други странски производи бидејќи и тоа е ѓубре. Ви нема логика ова што го зборите кој може и сака ќе јаде, кој нејќе никој не го тера со сила џабе се инаетете...
Се е тоа ѓубре.
Но ти и секој друг го имате најврвното човеково право на 21 век - свесно да се труеш.
Ама не гледам зошто јас треба да се солидаризирам со тебе, па да ми биде гајле дали некој бренд на ѓубре бил присутен кај нас или не. Ѓубре е ѓубре.
 
Па во глобала а и во Македонија не само што нема да се ослободуваме од ѓубрето туку се повеќе производи ќе се вештачки... Треба човек да е изолиран од светот за да не се труе свесно. Значи сите се труеме несвесно. И после Мекдоналдс бил ѓубре, ѓубре дефакто се 80% од производите што се продаваат во супермаркет.
 
Што според тебе не е ѓубре?
 
Повеќето веќе се вештачки. Дури и голем дел од овошјето и зеленчукот се во завиден процент "третирани".
Прашајте се колкав процент од храната што ќе ја конзумирате во текот на еден ден не е третирана со разни отрови, конзерванси, адитиви..

Што според тебе не е ѓубре?

Храната што сам си ја произведувам. :)

И сеуште не сфаќам зошто треба да ми биде жал за МекДоналдс??
 
Стварно глупо што толку години името McDonalds беше во Македонија а не го донесоа McCafe, имат одлични кафиња и слатки. Скоро и да нема земја каде што има само Мек, секогаш до неа има и McCafe.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom