Campus Crusade for Christ е светско студентско христијанско движење кое има активна служба во 191 држави во светот. Нивната главна мисија е да ги запознаваат студентите со суштинската порака на христијанството - евангелието, а потоа да ги предизвикаат тие да ја разгласуваат оваа порака на своите цимери и колеги, а пак тие на своите цимери и колеги итн. за што повеќе луѓе да го дознаат евангелието т.е. Божјиот план за спасување на секој човек кој верува во Исус Христос.
Нивната служба се темели на големото испратеништво на Христос, цитирам:
"Одете и направете ги сите народи Мои ученици, крштавајќи ги во името на Таткото и Синот и Светиот Дух! Учејќи ги да пазат сè што Сум ви заповедал! "
(
Исус Христос во Матеј 28:19)
Во Македонија тие се регистрирани под името "Нова Надеж". Колку што јас знам за нивната администрација и начинот на кој што вработените таму се платени, досега не сум забележал некоја малверзација со пари. Секој од нив си има свои лични финансиски подржувачи т.е. христијани од земјава или странство кои лично им донираат пари за да можат полновремено да се посветат на христијанската служба која ја вршат.
Јас ги познавам детално нивните верувања и тврдам дека тие се ништо повеќе и ништо помалку од она што го учи Библијата.
MkForces, не мораш да се плашиш и одоколку да се распрашуваш за нив, еве ти го нивниот официјален сајт
http://novanadez.com и таму можеш да прочиташ за нив, а и да им поставиш прашање. А можеш да ми поставиш прашање и мене, бидејќи јас се познавам со некои од вработените таму.