Религиите ќе исчезнат до 2041ва

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
“Религиите ќе исчезнат до 2041 година“, тврди ирскиот психолг Нигел Барбер во своето истражување кое наскоро ќе биде и објавено.
“Нигел барбер ќе исчезне до 2041 година“...

...:pos:...
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Пази ја саботата како ден божји (смртна казна е предвидена во божјите закони за оној кој ќе ја прекрши ова наредба) дури и е повторена колку е важна
Не прави идоли ни предмети на ништо што е на небото или на земјата, не им се клањај (на пример сега имаш икони по цркви, па крстови, на зидови, на ланчиња......
Општо земено многу од Божјите заповеди денес се погазени и отфрлени од оние кои се преставуваат како “следбеници божји“
Во тие шо се преставуваат како такви е проблемот,а не во христијанството.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Не убивај ,не кради,сакај го ближниот свој ,значи која е поврзаноста на христијанството со кримосиве?Ако тие изјавиле дека се католици нивните постапки го докажале токму спротивното,дека се атеисти кои само глумат христијани!
Е ова ми е најинтересно.
Кога се фалите за бројноста на верниците, си ги броите како верници сите што се декларираат како такви.
А кога некој од тие верници ќе напраи некоја пиздарија, како што напраиле на пример илјадниците верници кои сеа скапуваат по затвори, е тогаш автоматски почнувате да пеете друга песна и се оградувате од него со ставот дека вистински верници се само оние кои живеат според Библијата.
Епа ако е така, имам една вест за тебе: Во тој случај не постојат верници. Според Библијата денес не живее никој, ама баш никој, а најсмешно е што најголем дел од луѓето не ни имаат претстава што пишува во Библијата пошо никогаш не ја ни прочитале.
И решете се веќе еднаш според кој метод ќе си ги броите верниците, не може еднаш верници да се сите кои се сметаат себеси за такви, а другпат тоа да се одредува според делата.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Исус и господ велат едно толкувачите друго... и ај сега, во предходниот пост ти посчив дека примарна цел на црквата е бизнис и материјална корист, не одат владиците боси и не проповедаат ако треба и во планина на дожд, не живеат во скромни домови и не јадат скромно од земјани чинии и не даваат бесплатни услуги
Ко ќе се откажат од сите материјални добра и се посветат само на духповното - тогаш ќе можат да толкуваат.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Исус и господ велат едно толкувачите друго... .
Авторот на текстот од посочениот линк не толкува, туку посочува точни библиски цитати, каде е очигледно дека Бог не ја задал саботата безусловно и за век и вјеков...

Ама то‘ не Ти пасуе, очигледно.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Е ова ми е најинтересно.
Кога се фалите за бројноста на верниците, си ги броите како верници сите што се декларираат како такви.
А кога некој од тие верници ќе напраи некоја пиздарија, како што напраиле на пример илјадниците верници кои сеа скапуваат по затгвори, е тогаш автоматски почнувате да пеете друга песна и се оградувате од него со ставот дека вистински верници се само оние кои живеат според Библијата.
Епа ако е така, имам една вест за тебе: Во тој случај не постојат верници. Според Библијата денес не живее никој, ама баш никој, а најсмешно е што најголем дел од луѓето не ни имаат претстава што пишува во Библијата пошо никогаш не ја ни прочитале.
И решете се веќе еднаш според кој метод ќе си ги броите верниците, не може еднаш верници да се сите кои се сметаат себеси за такви, а другпат тоа да се одредува според делата.
Па факт е дека има малку вистински верници,појкето се атеисти кои глумат верници.Јас сметам дека кога би се живеело според 10 христијански заповеди светот би бил подобро место за живот.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Авторот на текстот од посочениот линк не толкува, туку посочува точни библиски цитати, каде е очигледно дека Бог не ја задал саботата безусловно и за век и вјеков...

Ама то‘ не Ти пасуе, очигледно.
10 сете божји заповеди не се за век и веков?
Исусовите зборови дека ни една јота од законот нема да се поништи не важи?

Бог вели, Исус потврдува, толкувачот негира. Кој е во право?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не убивај ,не кради,сакај го ближниот свој ,значи која е поврзаноста на христијанството со кримосиве?Ако тие изјавиле дека се католици нивните постапки го докажале токму спротивното,дека се атеисти кои само глумат христијани!
Што кажа бе момче? Значи откако направил злодело или нека е поситен криминал ако 20, 30 години бил верник, престанува да верува во бог и станува атеист? :pos: Браво ваква мудрост да порачував немаше да добијам. Ако одиме по твој критериум и ти си атеист, не верувам дека правиш се како што книгата ти пишува.

А не си прочитал на почетокот што кажав, дека во земјите кај што налмалку луѓе се изјаснуваат за верници, стапката на криминал е помала. Тоа се факти можеш да провериш. Ама и тоа не ти пасува, нели?
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
Па факт е дека има малку вистински верници,појкето се атеисти кои глумат верници.Јас сметам дека кога би се живеело според 10 христијански заповеди светот би бил подобро место за живот.
леле, де жа ву. наедна друга тема викаат “не му суди на ..... по постапките на верниците“
мене, а и на неколку милијарди луѓе не им се потребни тие заповеди за да бидат добри луѓе. тебе ти се потребни?
напротив, неверниците/атеистите се луѓе кои се ослободени од оковите наречени “вера“. и криминалот што го прават, го прават од лични побуди, а не од религиски.
ама кога некој ќе направи криминал со верски побуди тогаш тој е на пониско ниво и од амеба. и уште да се крие позади таа книга,... уф уф, лицемерие на квадрат.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Што кажа бе момче? Значи откако направил злодело или нека е поситен криминал ако 20, 30 години бил верник, престанува да верува во бог и станува атеист? :pos: Браво ваква мудрост да порачував немаше да добијам. Ако одиме по твој критериум и ти си атеист, не верувам дека правиш се како што книгата ти пишува.
Не одсекогаш бил атеист шо глумел верник!А то шо правам јас во животов е моја работа,тебе сигурно нема да ти се правдам!;)
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Не одсекогаш бил атеист шо глумел верник!А то шо правам јас во животов е моја работа,тебе сигурно нема да ти се правдам!;)
:pos: оф леле мори мајко, бисер до бисер. Знаеш воопшто што е атеизам?

Не ти ни побарав да ми кажеш што правиш, само ти кажувам дека си лицемер, не правиш се што кажува библијата а глумиш верник. Тоа ми беше муабетот.

А од друга страна ме убедуваш дека само атеистите прават криминал? Или сите се зли? Штго ти е муабетов?
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
леле, де жа ву. наедна друга тема викаат “не му суди на ..... по постапките на верниците“
мене, а и на неколку милијарди луѓе не им се потребни тие заповеди за да бидат добри луѓе. тебе ти се потребни?
напротив, неверниците/атеистите се луѓе кои се ослободени од оковите наречени “вера“. и криминалот што го прават, го прават од лични побуди, а не од религиски.
ама кога некој ќе направи криминал со верски побуди тогаш тој е на пониско ниво и од амеба. и уште да се крие позади таа книга,... уф уф, лицемерие на квадрат.
Биди си атеист не ти судам,јас само си кажвам мое мисленје,а криминалот го прават поради материјалистички побуди ,нормално.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Што кажа бе момче? Значи откако направил злодело или нека е поситен криминал ако 20, 30 години бил верник, престанува да верува во бог и станува атеист? :pos: Браво ваква мудрост да порачував немаше да добијам. Ако одиме по твој критериум и ти си атеист, не верувам дека правиш се како што книгата ти пишува.

Да, да баш така...А после тоа ако направи некое добро дело, на пример ако донира голема сума пари, или спаси некое дете од смрт, или па измисли лек против ракот, е тогаш пак автоматски ќе се претвори во верник и ќе почне да верува во Господ.

Абе коа ќе видиш едноставно е - сите што направиле нешто лошо се атеисти, и обратно сите кои на било каков начин придонеле за општеството се верници. Кој верувал во Господ, а кој не нема веза, битното е дека лошите луѓе се по дифолт атеисти, а добрите верници.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
:pos: оф леле мори мајко, бисер до бисер. Знаеш воопшто што е атеизам?

Не ти ни побарав да ми кажеш што правиш, само ти кажувам дека си лицемер, не правиш се што кажува библијата а глумиш верник. Тоа ми беше муабетот.
Па и ти си лицемер,глумиш либерал а ги напагаш сите шо имаат поинакво мисленје од тебе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom