Религиите ќе исчезнат до 2041ва

  • Креатор на темата Креатор на темата Атеист
  • Време на започнување Време на започнување

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Возраст
62
Локација
Скопје
“Религиите ќе исчезнат до 2041 година“, тврди ирскиот психолг Нигел Барбер во своето истражување кое наскоро ќе биде и објавено.
Истражувањето на Барбер се спроведува во 137 држави. Се покажало дека во секоја развиена земја атеизмот е во пораст. Истакнува дека во неразвиените земји како афричките, атеизам воопшто нема. Од друга страна, во развиените европски држави атеизмот е во пораст. Барбер вели дека во Шведска 64% од населението се атеисти, во Данска 48%, Франција 44%, Германија 42%.
Антрополозите сметаат дека религијата е средство кое на луѓето им помага да излезат на крај со егзистенцијалната несигурност. Барбер верува дека оваа теза е точна.
Социјалниот развој според Барбер со тек на време сосема ќе ја истисне религијата во корист на атеизмот. Барбер предвидува дека религиозноста би требало да исчезне во наредните 30 години.

http://popara.mk/2013/vesti/religiite-kje-ischeznat-do-2041/
 
Тешко дека религиите ќе го издржат бранот на информациите - интернетот. Секој има пристап до најголемата библиотека.
 
Да, ерата на религиите завршува (неможе точно да кажеме која година ), потоа мислам дека настапува ерата на филозофијата, па на крај ера на технологија...
 
“Религиите ќе исчезнат до 2041 година“, тврди ирскиот психолг Нигел Барбер во своето истражување кое наскоро ќе биде и објавено.
Истражувањето на Барбер се спроведува во 137 држави. Се покажало дека во секоја развиена земја атеизмот е во пораст. Истакнува дека во неразвиените земји како афричките, атеизам воопшто нема. Од друга страна, во развиените европски држави атеизмот е во пораст. Барбер вели дека во Шведска 64% од населението се атеисти, во Данска 48%, Франција 44%, Германија 42%.
Антрополозите сметаат дека религијата е средство кое на луѓето им помага да излезат на крај со егзистенцијалната несигурност. Барбер верува дека оваа теза е точна.
Социјалниот развој според Барбер со тек на време сосема ќе ја истисне религијата во корист на атеизмот. Барбер предвидува дека религиозноста би требало да исчезне во наредните 30 години.

http://popara.mk/2013/vesti/religiite-kje-ischeznat-do-2041/
Дали веруваш дека балканот и исочна европа некогаш ќе имаат егзистенијална сигурност?И дека кога ке исчезнат религиите светот ка биде подобро место за живот?
 
Тешко дека религиите ќе го издржат бранот на информациите - интернетот. Секој има пристап до најголемата библиотека.
Не секој. Во многу држави интернетот е цензуриран и контролиран. Неизводливо е човек кој не ја напушта Саудиска Арабија да може да се информира за религиозни теми. Од друга страна секојдневно е бомбардиран од религиозен булшит во страшни количини.

Христијанството прво ќе доживее колапс затоа што христијаните онаму каде што се малцинство на муслиманите исчезнуваат по насилен пат, а онаму каде што се мнозинство живеат во послободни секуларни држави во кои исчезнуваат под напливот на информациите. Но ова тешко да се случи во овој век. Прогнозите се неблагодарни и затоа што во било какво апокалиптично сценарио, било да е нуклеарна војна, вирус, судар со астероид... поголемиот дел од новите генерации повторно ќе се свртат кон некој нов или стар бог.
 
...Од својот трезор пушти демон
нова вера, нова библија
ми даде бакнеж, а примив отров
инстант љубов, инстант смрт...
 
Не секој. Во многу држави интернетот е цензуриран и контролиран. Неизводливо е човек кој не ја напушта Саудиска Арабија да може да се информира за религиозни теми. Од друга страна секојдневно е бомбардиран од религиозен булшит во страшни количини.

Христијанството прво ќе доживее колапс затоа што христијаните онаму каде што се малцинство на муслиманите исчезнуваат по насилен пат, а онаму каде што се мнозинство живеат во послободни секуларни држави во кои исчезнуваат под напливот на информациите. Но ова тешко да се случи во овој век. Прогнозите се неблагодарни и затоа што во било какво апокалиптично сценарио, било да е нуклеарна војна, вирус, судар со астероид... поголемиот дел од новите генерации повторно ќе се свртат кон некој нов или стар бог.


Со првиот дел се согласувам, и образованието е bullsh*t, се врши страшна репресија, и народот се држи во информациски мрак.
Но, до кога ? Јас мислам дека, се е заради нафтата. Блискиот Исток, цел, лежи на нафта. Тоа им овозможува и во Европа да финансираат милиони долари наменети за пропаганда, и ширење на идеологијата.
Ibrahim Hooper, огромни финансии прима за PR услуги во САД, всушност го има прифатено Исламот и е дебело платен за тоа.
Докинс и Хиченс, редовно го брукаа на јавни дебати.
Кога би ја снемала нафтата, отидоа во неповрат. Или некоја алтернатива се пронајде.

За вториот дел, точно е тоа што го велиш (за земјите каде рисјаните се малцинство), но јас сепак мислам дека на запад нема ништо од религијата да остане. Ниту во Европа, ниту во Америка.

Единствено религиите во иднина ќе паразитираат во позаостанатите општества. :)
 
Koлку шо Битлси станаа пославни од Исус (како што сами тврдеа), така и ова чудо.
 
до '41 тешко, не верувам, преблизу е. но тоа ЌЕ биде еден ден, ........ а за верата не мирот, таа најпрво ќе умре, не за друго него затоа што со окови ништо не се постигнува. се што е забрането Е послатко да се проба. така да христијанството и други вери, ...... да не кажам паметно си играат, ....... но со слободата што ја имаме ние ќе си останем традиционални верници, и како таква тие вери ќе си постојат.
но како и да е, мое мислење е дека до крајот на овој век верите ќе се изучуваат само по историја
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom