Според мене историска шанса имаме за медал на ова првенство.
Голем дел од екипите ќе бидат ослабени со неиграњето на голем број звезди кои ги напуштија репрезентациите.
Русија,Србија, Франција,Шпанија па ете и Црна Гора ќе биде ослабена колку толку со неиграњето на Пекович.
За разлика од нив го имаме истиот тим од минатото првенство со исклучок на Гече но од друга страна имаме поискусни Антич,Чековски и браќата Стојановски.
Бо и Илиевски имаат искуство само овој вториот треба да ја стави во 3та брзина веќе,до сеа на подготовиките ми изгледаше ептен млако.
Енигма ми останува Самарџиски има физички предиспозии и на тоа се сведува се. Талент,користење на мозок и труд 0%, се надевам Пипан ќе најде чаре со него.
Клучно за нас ќе биде да не влагаме во еуфорија и да не се врши преран притисок од страна на медиумите и јавноста.
Убаво изјави и Пипан најпрво е важно да се победува во групите.
Во секој меч да не се влага со паметот дека сме фаворите поради минатато првенство пошто тогаш ќе ја правиме грешката што прошлата година ја правеа репрезентациите против нас а тоа беше потценувањето. Мора со ладна глава да се игра.
Верувам во Пипан и мислам дека добро ќе не подготви за првенствово.
Единствени две мани се неиграњето на Гече и отстуството на кондициониот трењер на италјанецот.
Единствени 3 екипи со кои не би сакал да вкрстиме пред полуфиналето се Грција,Франција и Шпанија.
Ако минатото првенство беше мизерија за Грците мислам дека сезонава ќе изненадат, имаат одличен ростер а и се во еуфорија поради Олимпијакос,2 сезони по ред шампиони во Европа и Спанулис кој е големо играчиште. За Французите и Шпаниците не треба пошироко да ги набројувам нивните квалитети.
Мое минимално очекување е 1/4 финалето а се надевам на Финале
Нека дадат само максимум па што биде нека биде.
А тој погоре што се лупа со тој македонизмот вгради дај не биди како Грујо.
СРЦЕ НА ТЕРЕН!!!