Каков успех очекувате од кошаркарите на ЕП '13?

Каков успех очекувате од кошаркарите?


  • Вкупно гласачи
    192
  • Гласањето е завршено на .
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Бидејќи се наближува ЕП, но и во обид да помогнеме со темите за новиот подфорум што ќе следи, за овој најголем спортски настан за оваа година, се решив да отворам интересна тема околу која очекуваме да се искажат издржани мислења по повод следниот голем спортски настан за нашите кошаркари.

Какви се вашите очекувања за конечниот пласман на овој шампионат?

На претходното ЕП во Литванија, Македонија направи историски успех. Успех кој тешко ќе биде надминат во нашата модерна спортска историја, но и во веројатно било кој екипен спорт.
Кои се фактите?
Македонија на тоа првенство замина мошне добро подготвена, пред се на физички план со помош на Италијанецот Сандро Беркардино, со новото засилување Американецот Бо МекКејлеб кој пак во квалификациите за истоименото првенство си поигруваше со противниците. За Докузовски беше јасно оти тој може да биде главен адут. Цел, поминување на групната фаза.
Во почетокот на шампионатот, мошне тешко доаѓавме до позиција посебно на мечот со Црна Гора. Понатаму го фативме оној победнички ритам. Исто како и кондиционо така и тактички и психички бевме во врвот. Се велеше оти добро темпираната форма била еден од клучевите на успехот.
Противниците ги маѓепсувавме а самите кошаркари и Докузовски по првенството велеа оти силниот колективен дух, одличната физичка подготовка преставувало изненадување за противниците. Класичната одлична одбрана остана уште еден клуч за низата победи и за фантастичниот краен резултат.

Што потоа?
Потоа се случи шанса да настапуваме на турнир квалификациски за ЛОИ 2012. Пропуштивме шанса, но со промени во екипата. Докузовски си замина, игравме со силни противници далеку од дома. Клучот на овој неуспех се објаснуваше на повеќе начини. Меѓу кои и дека кошот на противничкото поле биле крив. Тоа е сепак зад нас.

Стигајќи до главната цел на темава, Македонија влегувајќи со предности и слабости на ова првенство.

Јас ќе замолам секој да си ги изнесе во свое мислење, според мојот критериум тие се следните.

Слабости:
-Тенок ростер на играчи на центарска позиција (неиграње на Тодор Гечевски и Кирил Николовски)
-Немање на кондиционен тренер, со што Пипан ја презема оваа одговорност
-Многу голем дел од нашата игра може да биде позната за нашите противници, поточно прочитана со оглед на тоа што беше во Литванија. Но со Пипан кој форсира различна игра очекуваме и промени.

Како најголема условна слабост, е тоа што Македонија носи товар на сопствените гради со освојувањето на четвртото место. Тоа значи и обврска да се покажат и одновно да се докажат за сите. Ова е веројатно и најтешкиот дел во мисијата Македонија да не направи голем кикс на првенството. Затоа веројатно хемијата во екипата ќе игра клучно значење како што беше во случајот со Докузовси во Литванија.

Предности:
-Поголемо искуство и стекнат квалитет на многу играчи за разлика од пред две години, браќата Стојановски, Чековски, Антиќ кои во своите кариери продолжуваат да редат успеси.
-Поддршка во Словенија од македонски фанови
-Добри и силни подготовки со силни екипи како на пример двомеч со Шпанија.
-Тука може да се додаде и тоа што добар дел од противниците се соочуваат со проблем со неиграње на одредени главни играчи. (Пековиќ, Биедринс, Теодосиќ.....)

Во знак прашање ќе остане каква ќе биде атмосферата и хемијата во екипата. За Пипан може да се кажат големи зборови, но тој мора да ги обедини играчите. Тоа во едно скорешно излагање го кажа Перо, говорејќи за новиот тренер на Макеонија.
За Пипан целта е да се оди чекор по чекор, прво да се заземе едно од трите места што водат во втора фаза. И тој самиот потенцираше оти не можеме да се залетуваме.

За крај би додал и оти медиумските фами како и секогаш може да ја нарушат атмосферата во екипата и оти античките Македонци и фаланги можат да се намалат во интензитет, но не во тамошно присуство посекако. Кој високо лета ниско паѓа.
И нека се вратат пак моментите кога цела Македонија живееше од ден за ден од меч за меч. Да им посакаме среќа како и многупати досега.

Општо за европското пренасочете се тука.
Европско Првенство 2013 - Словенија (генерална тема)

Во прилог анкета која ќе се затвори автоматски пред првенството.

Темава може да служи и како анализа за целокупниот настан. Очекуваме конструктивни дебати и анализи.
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Ne ocekuvam povtoruvanje na plasmanot vo polufinale. Vlez vo vtora grupa i eventualno cetvrtfinale e mozno, ama toa e toa. Samo se nadevam na dobra igra i ostavanje srce na teren. ISto taka se nadevam deka posle ova prvenstvo ke se zgolemi angazmanot na KFM da imame kvaliteten tim koj ke drzi kontinuitet na ucestvo na evropski prvenstva a so toa i zgolemuvanje na sansite nekoj den da docekame i svetski/olimpiski nastap.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Нема опција ПОБЕДА? Ради вакви работи у последно време ми се сере од македонизмот.

п.с историски успех е медаљ, се друго служи за сликање!
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.508
Поени од реакции
59.048
Нема опција ПОБЕДА? Ради вакви работи у последно време ми се сере од македонизмот.

п.с историски успех е медаљ, се друго служи за сликање!
Сите од патриотизам ќе гласаат за победа, и нема да има никаква објективност анкетата.
Не е тоа целта на темава.

Да не се трескаме од земја, и полуфинале е огромен успех за нас. Јас би сакал да го повториме тој успех, но ќе биде премногу тешко.
Има квалитетни репрезентации во Европа.

Како и повеќето членови, така и јас задоволен ќе сум со 1/4 финале :)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.631
Ништо што не носи медал за мене не е успех
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога почнува?

Патем очекувам медал. Се под трето место е неуспех.
 
Г

Грејвдигер

Гостин
На претходното очекував да испаднеме уште од групата, со оглед на тоа дека уште на првиот натпревар изгубивме од најслабата селекција во нашата група, ама се случи сосема друго понатаму... Сега очекувам најмалку четвртфинале, ама па ќе видиме како ќе се покажат дечките. Крај краева, сакам видам добра игра од нив, борбеност, ... со самото тоа и добра игра.

П.С. Навреме снабдете се со потребните лекарства. Поздрав.
 
B

Blade Torch

Гостин
Спрема откажувањата во другите репрезентации , вкрстувањата со другата група при евентуално поминување на првата , и факторот македонски навивачи на трибини реално очекувам 1/4 финале . А за понатаму , здравје :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Злато само се друго - неуспех.

Нормало е дека се заебавам.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Очекувам покажување особен интерес и успех.


Најдобро е сега да не го порзуваме ова првенство со минатото во Литванија, без разлика колку е нелогично.Ова е ново, од почеток.Да не се кренат високи стандарди од типот медал или смрт, па да гледаме игра под притисок.Видовме како беше во Венецуела.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom