Каков успех очекувате од кошаркарите на ЕП '13?

Каков успех очекувате од кошаркарите?

  • Вкупно гласачи
    192
  • Гласањето е завршено на .
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.324
Поени од реакции
7.073
Сите од патриотизам ќе гласаат за победа, и нема да има никаква објективност анкетата.
Не е тоа целта на темава.

Да не се трескаме од земја, и полуфинале е огромен успех за нас. Јас би сакал да го повториме тој успех, но ќе биде премногу тешко.
Има квалитетни репрезентации во Европа.

Како и повеќето членови, така и јас задоволен ќе сум со 1/4 финале :)

нека прочитаат и нека видат што бара нацијата од нив,нека се борат кога отишле веќе таму..........
 
The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
7.048
Поени од реакции
13.320
Според мене историска шанса имаме за медал на ова првенство.
Голем дел од екипите ќе бидат ослабени со неиграњето на голем број звезди кои ги напуштија репрезентациите.
Русија,Србија, Франција,Шпанија па ете и Црна Гора ќе биде ослабена колку толку со неиграњето на Пекович.
За разлика од нив го имаме истиот тим од минатото првенство со исклучок на Гече но од друга страна имаме поискусни Антич,Чековски и браќата Стојановски.
Бо и Илиевски имаат искуство само овој вториот треба да ја стави во 3та брзина веќе,до сеа на подготовиките ми изгледаше ептен млако.
Енигма ми останува Самарџиски има физички предиспозии и на тоа се сведува се. Талент,користење на мозок и труд 0%, се надевам Пипан ќе најде чаре со него.

Клучно за нас ќе биде да не влагаме во еуфорија и да не се врши преран притисок од страна на медиумите и јавноста.
Убаво изјави и Пипан најпрво е важно да се победува во групите.
Во секој меч да не се влага со паметот дека сме фаворите поради минатато првенство пошто тогаш ќе ја правиме грешката што прошлата година ја правеа репрезентациите против нас а тоа беше потценувањето. Мора со ладна глава да се игра.
Верувам во Пипан и мислам дека добро ќе не подготви за првенствово.
Единствени две мани се неиграњето на Гече и отстуството на кондициониот трењер на италјанецот.
Единствени 3 екипи со кои не би сакал да вкрстиме пред полуфиналето се Грција,Франција и Шпанија.
Ако минатото првенство беше мизерија за Грците мислам дека сезонава ќе изненадат, имаат одличен ростер а и се во еуфорија поради Олимпијакос,2 сезони по ред шампиони во Европа и Спанулис кој е големо играчиште. За Французите и Шпаниците не треба пошироко да ги набројувам нивните квалитети.

Мое минимално очекување е 1/4 финалето а се надевам на Финале:D
Нека дадат само максимум па што биде нека биде.
А тој погоре што се лупа со тој македонизмот вгради дај не биди како Грујо.
СРЦЕ НА ТЕРЕН!!!
 
А

Атомската мравка

Гостин
Најважно е прво да поминат по групи па што и да направат после тоа ќе бидам задоволен, искрено се надевам дека може да го повториме успехот од предходното европско првенство па зошто да не и подобро и да се вратат кошаркарите со медал. Мекејлеб некако послабо играше на подготовките се надевам до почетокот на ЕП ќе ја темпира формата и ќе распали како на предходното првенство, од Перо Антиќ очекувам уште подобра игра за разлика од предходното првенство и да биде лидер на тимот а и браќата Стојановски се гледа дека напреднале доста па ќе бидат од голема помош на првенствово во Словенија
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Тешко на ова европско да се направи нешто... јас сум објективен не верувам дека ќе ја поминеме групата , па сега кошаркарите нека ме демантираат .
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.515
Поени од реакции
114.648
Кога почнува?

Патем очекувам медал. Се под трето место е неуспех.
Коментаров има две страни. Едната е добра, а другата лоша. :)
Прво добрата... Овакво очекување е во ред од проста причина што преку таквото ми/ни е од песимизмот што се наоѓа општо кај сиот народ. Мора тоа некогаш да се промени кај нас, не бива секогаш да очекуваме да губиме и да се задоволуваме со порази.

Лошата страна е што реалноста е малце подруга. Со кој ќе земеме медал, со Пеџа салама Самарџиски? Со Брчков? На центарските позиции сме ужасно тенки, а и општо ротационо сме доста слаби. Башка не заборавајте дека го немаме Сандро Бенкардино во тимот, он беше клучниот фактор за нашиот успех во Литванија. Гласав дека ќе поминеме во втората фаза, реално и ова ќе биде доста добар резултат со оглед на околностите, али можно е и група да не поминеме, нека не ве чуди тоа. Дај Боже да сум грешка и да ме демантираат кошаркарите.
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
.

Слабости:
-Тенок ростер на играчи на центарска позиција (неиграње на Тодор Гечевски и Кирил Николовски)
Brat, ozbilno ova? Neigranje na Kire Nikolovski = slabost? Ne me zaebavaj. :D
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.515
Поени од реакции
114.648
Илиевски, Антиќ и МеКејлеб ќе играат ?
Сами ли ќе играат тројцата? Не знам дали си свесен колку е значајна клупата во кошарката. Во Литванија го имавме Гечевски на клупа, или Самарџиски, во зависност од тоа кој почнуваше прва петорка, а сега ќе го имаме Брчков и Кромитче(Штерјов). И не заборавај дека Бо имаше ужасна сезона, за Илиевски да не зборам, едино Перо беше фантастичен.
 
W

Werther

Не ми беше тоа муабетот. Знам дека клупата има огромна улога, и дека на центарските позиции сме тенки.

Прашав затоа што со тие тројца, имаме реални шанси за втора фаза, без нив, многу, многу тешко.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.515
Поени од реакции
114.648
Не ми беше тоа муабетот. Знам дека клупата има огромна улога, и дека на центарските позиции сме тенки.

Прашав затоа што со тие тројца, имаме реални шанси за втора фаза, без нив, многу, многу тешко.
Па многу јасно, они се носителите на играта, логично е дека без некој од нив шансите ни се минорни. Е сега, радуваат многуте откажувања на клучните играчи од другите репрезентации, Летонија е без Биедринс, би требало да ги добиеме, Србија без Теодосиќ и уште 2-3ца али од нив мислам дека ќе изгубиме, од Црна Гора 10000000% губиме, Босна не знам што играчи имаат моментално и дали им откажал некој али стандард они ни се незгоден противник но сепак очекувам да ги добиеме, и уште да ги плеснеме редовните наши пациенти Литванија и се ќе биде топ. :D Али шала на страна многу тешко со Литванија, да не речам невозможно...
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.941
Поени од реакции
16.251
Колку за инфо. Летонија денеска ја совлада Русија, и тоа со 20 разлика. Не се тие толку наивни како што ние мислиме, и реално тоа 1/2 финале и тој меч за трето место, колку и да сакам да размислувам оптимистички, тешко дека ќе го повториме на ова ЕП, пласман понатаму од првата група би било доста добро, се друго ќе е одлично, но.. и групата не ни е баш за потценување, денес сите играат кошарка, на страна тие неколку откажувања од некои играчи (прашање дали и ќе се сретниме со некои од тие репрезентации што се ослабени во тој однос).. Теодосиќ е неизвесен, ќе се чека до последен ден на него, изгледа ќе игра, почнал со индивидуални тренинзи.
Е сега, најбитно е ние како репрезентација ќе настапиме, и колку ќе сме спремни за нешто плус. Прва петорка ни е доста солидна, клупата ни е ептен ризик, да не речам дека и ја немаме..
Да не заборавиме дека пласман понатаму од првичната група ни се потребни најмалце три победи.
И да не живееме уште во 2011 година.
 
W

Werther

Гостин
Па многу јасно, они се носителите на играта, логично е дека без некој од нив шансите ни се минорни. Е сега, радуваат многуте откажувања на клучните играчи од другите репрезентации, Летонија е без Биедринс, би требало да ги добиеме, Србија без Теодосиќ и уште 2-3ца али од нив мислам дека ќе изгубиме, од Црна Гора 10000000% губиме, Босна не знам што играчи имаат моментално и дали им откажал некој али стандард они ни се незгоден противник но сепак очекувам да ги добиеме, и уште да ги плеснеме редовните наши пациенти Литванија и се ќе биде топ. :D Али шала на страна многу тешко со Литванија, да не речам невозможно...
Значи на теории се сведува. Еве јас како мислам.

Литванија, ако не игра Валанчиунас (малку веројатно) ќе ги добиеме. Каукенас и Јасикевичиус се повлечени од репрезентација, што значи на бековските позиции ќе ја добиеме играта. Ако не игра Валанчиунас и под кош.
Еdit: Лавринович и Клеиза ќе играат 100%, така да и Литванците ќе бидат тежок противник.

Србите, ако и Душко не игра, ќе бидат само со Мачван под кош, што значи и тие нема да бидат проблем. (Душко игра и крило, но во ротација мислам дека почесто како крилен центар влегува)

Летонија, поготово без Биедринч (па и со него, не е веќе истиот од пред 3-4 сезони) се готови.

Боснаците имаат одличен состав, Телетовиќ ќе не потопи, Џедович ако ја има задржано формата, и тој исто. Ако некако успеат да ги задржат тие двајца имаме реални шанси. Или Нетс да не го пуштат Телетовиќ да настапува.

Црна Гора, овие мислам ќе не избрукаат невидено. Пековиќ е еден од најдобрите во НБА (последната сезона на центарската позиција), со мултимилионски договор, има одлична статистика (16.3 поени, и 8.8 скока, скоро дабл-дабл играч е). Вучевич во скок играта е одличен, има 13.1 поени и 11.9 скока за Орландо.

Тешко и групи да пројдеме. (Се извинувам за песимизмот)
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.515
Поени од реакции
114.648
Фотос тоа е проблемот кај нашиот народ, ќе изиграме едно првенство добро и после тоа апетитите се зголемуваат, сите сакаат титула а не знаат каква е сликата во македонската кошарка. Да не ме сфатите погрешно, логично е после добро изиграно првенство апетитите да се зголемат и народот да очекува уште подобар пласман, али тоа во нормални услови и нормални држави, каде се функционира како што треба. Изгледа малку луѓе знаат дека кога дојде Бо во Македонија пред две и кусур години Врба му плаќаше хотелски смештај и мобилен, затоа што кретените од Федерација “немаа“ пари за тоа.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.515
Поени од реакции
114.648
Значи на теории се сведува. Еве јас како мислам.

Литванија, ако не игра Валанчиунас (малку веројатно) ќе ги добиеме. Каукенас и Јасикевичиус се повлечени од репрезентација, што значи на бековските позиции ќе ја добиеме играта. Ако не игра Валанчиунас и под кош.

Србите, ако и Душко не игра, ќе бидат само со Мачван под кош, што значи и тие нема да бидат проблем. (Душко игра и крило, но во ротација мислам дека почесто како крилен центар влегува)

Летонија, поготово без Биедринч (па и со него, не е веќе истиот од пред 3-4 сезони) се готови.

Боснаците имаат одличен состав, Телетовиќ ќе не потопи, Џедович ако ја има задржано формата, и тој исто. Ако некако успеат да ги задржат тие двајца имаме реални шанси. Или Нетс да не го пуштат Телетовиќ да настапува.

Црна Гора, овие мислам ќе не избрукаат невидено. Пековиќ е еден од најдобрите во НБА, со мултимилионски договор, има одлична статистика последнава сезона (16.3 поени, и 8.8 скока, скоро дабл-дабл играч е). Вучевич во скок играта е одличен, има 13.1 поени и 11.9 скока за Орландо.

Тешко и групи да пројдеме. (Се извинувам за песимизмот)
За Литванија и Србија ти е лоша анализата, за другите две се согласувам. Србите и да не игра Савановиќ имаат милијарда кошаркари и верувај дека ќе најдат замена за него.
Литванија... Една од најкошаркарските нации, можда не им игра Каукенас али тука се Поциус, Калниетис, браќата Лавриновиќ, Клеиза, Гецевичиус, Јавтокас како еден од најискусните и Сеибутис. Како и да ја вртиш страшно добар тим имаат и ќе бидат мотивирани овер 9000 за да ни се одмаздат за тоа што им го направивме пред 2 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom