Дали ја перете штотуку купената гардероба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување
Како може да не се пере..
Кај нас одсекогаш се живо се перело.. ја не можам да замислам да облечам нешто неперено... дури и во продавница не сакам да пробувам.. освен ако не морам :cautious:
Таа облека додека се сошие.. поминува низ 300 раце.. потоа по магацини.. прашина, нечистотија колку што ти душа сака...
За некои можеби е смешно.. али јас и патиките ги акам во машина :D затоа можеби се кинат побрзо... али бар знам дека се чисти..
Кога се работи за здравје... не се штедат пари.. а богами ни прашок..
 
Па сега во целина си се пере новата гардероба. Ама од гардероба до гардероба има разлика. И патики, каиши и капчиња спаѓаат во гардероба и тоа нормално не пере мајка ми. :D
 
Никогаш, гаќи никој не пробува, а остатокот што го имам сигурен сум дека никој пред мене го нема пробано, па жив сум пицајзли (срамни вошки :icon_lol:) досега немам фатено.


Особено за долен веш ОБАВЕЗНО да се пере спрема мене, никој не ги пробал ако земаш познати марки пакувани, а ако земаш од на тезга низ 100 раце поминале ти дур да ги ставиш
 
Обавезно .... кој знае кој се ги пробал пред мене .... за патики не ама ако е облека одма на перење
 
Мене ми е гадно да пробувам било каква долна облека по бутици, не па неперена да ја носам. Од маички, сукњи, панталони, јакни, пробувам, ама дома како ќе стигнат, одма одат на перење. Зар стварно постои некој кој не пере алишта од кога ќе ги купи?! o_O
 
Ретко, не знам кога последно сме го направиле тоа, знам за нехигиената околу тоа...алергија не фаќам од ништо може ради тоа...нез
 
Обично да, освен ако е некое парче што не можам да се стрпам да не го облечам одма откако ќе го купам. :icon_lol:
 
Има некој што не ги пере? o_O
Exhibit (a)
Зависи од гардеробата.
Гштите од пазар( да бидеме искрени сите барем еднаш сме купиле од 3 за 100, 4 за 100 итн) ги перам, гаќи се а не сакаш да си женско и да фатиш кандида или некоја друга бактерија.
Облека од бутициве Манго, Х&М, Зара итн, не је перам зашто и до сеа не ми се случило да фатам алергија. Сега за сега било океј, во иднина ќе видиме.
Али од оние еко шопинг и на него сличните обавезно. Како мала фатив озбилна алергија, цела без црвена со брумчиња ме чешаа неномално многу, мислеа дека е сипаница ама не беше.
Реално сите мкнети по магацини,складишта и каде се не, така да можеби не треба да се прави разлика меѓу продавница и тезга зашто сите на ист начин стигнале до кај нас, без разлика на цена и марка.
Додуша облеката само од Манго кога ќе ја купам ми мириса на некој посебен мирис и после перење се губи одма,дали ги шприцаат со некои парфеми не знам,ама мириса на убаво барем.


Пошто во фабриките на Манго и Зара ја стерилизираат облеката и ја транспортираат во чисти, меки, бели чаршави :cautious:
Како можете бе луѓе да не ги исперете алиштата? :eek: Ги пробувала таму некоја запотена тетка, последен пат бањата кога ја покрстиле и сега јас да го облечам тоа и да го носам? :sick: Па најскап бутик нека е, секакви луѓе има, нема шанса да облечам нешто без да го исперам.
Ретко и пробувам облека, нешто ептен ако мора, и тоа блузите обично ги пробувам преку маица по кратки па прилагодувам пошироко/потесно и после тоа одма се туширам дома. Само патиките/кондурите не ги перам туку ги прскам од внатре со спреј за дезинфекција на обувки.
 
Јас пак како да ви кажам.. - ништо не перам. Посебно не нова гардероба.
 
Добро бе алтернативФ нели ми го прочита мислењето на крај што пишав?
Ту бре ту, што е полошо ова или после мочање што пола од мажите што не мијат раце, туку сега сите падантни ќе испаднате, сигурно:cool:
Има облека што одма сум ја облекла има и што сум ја ставаила одма во машина.
Самата напишав на крај дека нема врска од каде е дека секаде на ист начин ја транспортираат до тука.
Али не испадна почист од мене, супер за тебе бе супер.
Ептен гадлив бре ти, или па да на форум можеме се да пишуваме зашто сигурно нема дома да ти дојдам и да видам што праиш.
 
Пошто во фабриките на Манго и Зара ја стерилизираат облеката и ја транспортираат во чисти, меки, бели чаршави :cautious:
Како можете бе луѓе да не ги исперете алиштата? :eek: Ги пробувала таму некоја запотена тетка, последен пат бањата кога ја покрстиле и сега јас да го облечам тоа и да го носам? :sick: Па најскап бутик нека е, секакви луѓе има, нема шанса да облечам нешто без да го исперам.
Ретко и пробувам облека, нешто ептен ако мора, и тоа блузите обично ги пробувам преку маица по кратки па прилагодувам пошироко/потесно и после тоа одма се туширам дома. Само патиките/кондурите не ги перам туку ги прскам од внатре со спреј за дезинфекција на обувки.

И банкнотите со влажна марамица да не ги фаќаш? Се ракуваш со луѓе? Во автобус левитираш пошто држачите се одвратни? Тенка е линијата меѓу хигиена и OCD:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom