Дали ја перете штотуку купената гардероба?

  • Креатор на темата Креатор на темата Олимпија
  • Време на започнување Време на започнување

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.625
Поени од реакции
9.156
Возраст
39
Повеќето луѓе не ја перат гардеробата која штотуку ја купиле. Меѓутоа, тоа е неопходно. Најновото истражување покажало шокантни резултати. На парчињата гардероба кои биле тестирани, вклучувајќи ги и јакните, пронашле микроби кои им припаѓаат на интимните делови од телото. Доколку не ја перете гардеробата откако ќе ја купите, можете да добиете некоја инфекција.
Микробите можат да се задржат на гардеробата неколку недели, па дури и неколку месеци. На тој начин се пренесуваат на телото на човекот, а потоа се шират и понатаму што доведува до разни зарази.
Гардеробата по купување мора да ја исперете, затоа што не можете да бидете сигурни колкумина ја пробале, а некаде се случува и да ја купат, да ја носат неколку дена па да ја вратат во продавница. Трговците потоа ја враќаат на полица за што побргу да се продаде.

Вие ја перете тазе купената гардероба или не?
 
Обавезно перење инаку фаќам алергија одма . Не можам да замислам да се носи облека која ја пробале еден куп луѓе и собирала секакви гнасотии од под.
 
Секогаш после шопинг се во машина ставам :D
 
Па секако дека ја пере мама. Неќу инфекции. Може некој Сунај ја пробувал претходно.
 
Обавезно перење, не само што не е хигиенски одма да го облоечеш тоа, го има оној грд мирис на устоена нова облека.
 
Уште кога ја пробувам гардеробата се осеќам како милион црви да ме лазат, а не па да ја носам не испрана облеката. Колку сака нека е спакувана гардеробата или од кутија да извадат долен веш нема шанси да облечам неперено. Башка шо и мириса на стоено.
 
Бактеријата што ја предизвикува туберколозата може да опстане на ивиците на страниве и на гардеробата по 6 месеци. :icon_lol:
Како и некои други стрептококи.

Друга можност кај луѓе со осетлива кожа е контактен дерматитис, што е зезната ствар, чеша, се шири...

Кога купуваш мораш да пробаш, јеби га.

Ја перам секако, еднаш ми се има случено да облечам и да се исипам.

А дали ги сечете оние налепници т.е етикети на гардеробата на кои пишува на колку степени се пере, суши, пегла и слично, како и за составот на материјалот?

Мене ме убиваат од чешање и прво што ќе направам кога ќе купам нешто ги сечам тие етикети :icon_lol:
 
После купување на облека прво нешто што правам оставам на перење. Додека не ми замириса на омекнувачот кој го користат дома не облакам ништо.
 
А дали ги сечете оние налепници т.е етикети на гардеробата на кои пишува на колку степени се пере, суши, пегла и слично, како и за составот на материјалот?

Мене ме убиваат од чешање и прво што ќе направам кога ќе купам нешто ги сечам тие етикети :icon_lol:
Има некои што убиваат од чешање и обавезно ги сечам, а има и некои што не ми пречат. Највеќе ме нервираат етикети/бројчиња на купачи ко ќе ги бапнат на средина на работ од долниот дел на купачите и само шо ќе излезеш од капење бројчето ти излегло над задникот :facepalm:
 
Има некои што убиваат од чешање и обавезно ги сечам, а има и некои што не ми пречат. Највеќе ме нервираат етикети/бројчиња на купачи ко ќе ги бапнат на средина на работ од долниот дел на купачите и само шо ќе излезеш од капење бројчето ти излегло над задникот :facepalm:


Аии да, имам приметено. :pos: Исто ме нервира тоа што некои етикети се буквално по 10-15 cm долги, и ако не ги исечеш мораш да ги поминеш со пегла пошо од перење се прават како ролни. :eek:
 
Никогаш, гаќи никој не пробува, а остатокот што го имам сигурен сум дека никој пред мене го нема пробано, па жив сум пицајзли (срамни вошки :icon_lol:) досега немам фатено.
 
Зависи од гардеробата.
Гштите од пазар( да бидеме искрени сите барем еднаш сме купиле од 3 за 100, 4 за 100 итн) ги перам, гаќи се а не сакаш да си женско и да фатиш кандида или некоја друга бактерија.
Облека од бутициве Манго, Х&М, Зара итн, не је перам зашто и до сеа не ми се случило да фатам алергија. Сега за сега било океј, во иднина ќе видиме.
Али од оние еко шопинг и на него сличните обавезно. Како мала фатив озбилна алергија, цела без црвена со брумчиња ме чешаа неномално многу, мислеа дека е сипаница ама не беше.
Реално сите мкнети по магацини,складишта и каде се не, така да можеби не треба да се прави разлика меѓу продавница и тезга зашто сите на ист начин стигнале до кај нас, без разлика на цена и марка.
Додуша облеката само од Манго кога ќе ја купам ми мириса на некој посебен мирис и после перење се губи одма,дали ги шприцаат со некои парфеми не знам,ама мириса на убаво барем.
 
Мајка ми генералка им удира, и патики да се, мора да се исперат прво :icon_mrgr:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom