Новиот клинички ќе никне на 10 ката

14 катна се секjaвам дека има и не е ВМА.
Поинтересното е во каков стил ке е.

каде тоа fmi ? се сеќаваш- ама каде????
во барок- разбира се:pos:
 
каде тоа fmi ? се сеќаваш- ама каде????
во барок- разбира се:pos:
Св. Георги - Пловдив, областната болница во Пловдив исто е некаде 10-14 ката, Варна - университетската болница 14-15 ката е исто, Стара Загора - над 12 ката е исто.
За стилот тихо, некоj да не те чуе, па во барок да ja стават.
 
Значи не е битно на колку ката,нека бидат онолку катови во кои ќе ги соберат сите интерни клиники,клиника за радиологија и др.што е битно дали се 10 или 12???ако треба и 12 нека бидат,навистина сегашните градби кои функционираат се шупи во вистинска смисла на зборот...старата гинекологија крш беше,направија нова топ зграда ,одете и видете дека бројот на пациентки е зголемен,стручност има,но целата слика на Клиничкиот Центар ваков каков што е многу лошо делува...колку и да се одржува хигиената во старите згради не може да се постигне солидна хигиена,тие згради се стари и користени,се лекуваат луѓе,се работи со инфективен материјал...не се канцелариски простории...зошто на се плукате?? јас сум мнооогу против еден куп скулптури што се изградија,и да не заборавам последното,...проектот со трите врби... ова е веќе друго нешто,нека се реализира само...сметам дека ќе биде многу корисно!
 
Верувам веста заслужува тема.
Темава е во општи муабети, бидејќи сепак од различен аспект може да се дискутира по ова прашање, од економски па до тоа како урбанистичка целина.

Се работи за круцијален и капитален проект неопходен за цела Македонија. Имајќи предвид каква е состојбата во здравството, и повеќе од потребна инвестиција. Едно од најпозитивните работи е веројатно тоа што во објектов ќе биде лоцирано се, и пациентите и докторите нема да има потреба да излегуваат од еден во друг објект на минус температури, дождови и на летни жештини. Радуваат најавите дека ќе биде завршен во рок од две-три години од сега.

Се наметнуваат прашања:

Дали конечно можеме да речеме оти ова е вистинска инвестиција во вистинско време?
Дали и другите градови во државата имаат потреба од вакви современи објекти или повторно фазонот оти се` се гради во Скопје?
Какви очекувања имаат граѓаните од работата на условно новиот персонал и систем на работа во овој иден објект?
Дали овие 50 милиони евра се објективно доволни или се работи за превисока инвестиција?
И дали конечно владата ќе рече Адиос Скопје 2014? На ова не мора да се одговара. :)

Не е на одмет дискусија и за постојниот клинички центар и за тоа што се очекува да се промени во новиот.

На дискусијава очекуваме конструктивни мислења и ќе замолиме без длабоко навлегување со политичка конотација.

Веста виа Кајгана
http://kajgana.com/kako-kje-izgleda-novata-zgrada-na-klinichkiot-centar
 
Добро е што ќе се гради нов клинички, но прашањето е - што ќе се правите со просторот околу него, каде што се наоѓаат моментално сите тие објекти?
 
најосновно во целиот тој здравствен систем е да НЕ биде скопје единствен со услугите кои ги дава. уште 5-6 такви треба да има по македонија, за да ем биде поквалитетна услугата, ем да се растерети гужвата.
а за тоа дали е малку или многу, ..... ако тргнам да правам пресметки, ќе треба да додадам уште некоја нула, едноставно никогаш не е доста кога се работи за здравје/живот на луѓето.
 
Добро е што ќе се гради нов клинички, но прашањето е - што ќе се правите со просторот околу него, каде што се наоѓаат моментално сите тие објекти?

Ќе улетаат „случајни“ инвеститори.

....и како тоа може владата да каже адиос на 2014-та после пола милијарда евра збуфтани во него?

Запознаен сум со целава идеја, расписот за конкурсот. Очигледно е дека Министерството за здравство нема асален кадар (почнувајќи од министерот-ебиветер) што прво знае да направи реална проценка на технолошкото функционирање на целиот комплекс, а уште помалку државава има проектанти што можат да сработат изводлив проект за објект од овој карактер. Со голем сомнеж гледам на проектов.
 
Залудно е објектот што ќе го направат, па макар бил и најлуксузен...Круцијално нешто е услугата која ја добива пациентот...Колку за пример - ете направија нова гинеколошка клиника во кругот на државна болница, со солидна инфраструктура, почиста, добро опремена, но све е тоа џабе кога ако немаш свој доктор да те пораѓа или препорака од некој, ќе висиш по ходниците како идиот и на крај некој специјализант што допрва треба да се вежба, ќе те породи, бидејќи тој се паднал на дежурство вечерта...(ова го зборам од вистински случки, од многу искуства вакви)...Многу подобар избор е болницата во Чаир, која иако е стара, кадровски е јака и таму без препорака некоја да иде, ќе знае дека во добри раце ќе биде и искусен доктор ќе ја породи...Од друга страна тие што имаат повеќе пари, користат приватно здравство, така да за обичниот граѓанин оваа т.н. нова болница нема да промени многу...Истиот шљајм, истите навики, ама во нов објект...
Кога веќе сме кај здравството, Тодоров вети јавна банка за матични клетки, која требаше во април годинава да биде отворена...Еве август е, а од банката нема ниту трага, ниту глас...
 

Тоа е првичната вест од лани, без изработката на проектот и сумата колку ќе изнесува, што крајно беше изнесена вчера. Како и да е ќе видиме дали се ќе оди по рокот од почетокот на изградба па до завршувањето.
 
Како бе тоа не е во барок зградава? :vozbud:

За овакво нешто може само браво да се каже. Е сега гледам многу бараат влакна во јајцето, но тоа е Македонскиот синдром, ништо страшно, ќе помине за 3 дена.

И да треба повеќе вакви центри, по можност некаде во внатрешноста, Битола можеби и Струмица?
 
Убаво, убаво. Убаво е да се градат центи за јавни потреби и да се вложува во здравство кое е мизерно. Од овие 50 милионки, 10 милионки ќе ги однесат на Карибите каде Македонија е најголем инвеститор според податоци на НБРМ од годинава и нема ни да ги сетиме.Но крадењето е небитно, важно е да се содадат услови за пристојно здравство. Се надевам и апарати ќе обезбедат и материјал за работење, да не мора пациентите завој да купуваат.
 
И толку... Тука престанува твојот разум и ак'л
Искрено мислам дека девојчето што го цитираше неколку пати подобро ги разбира работите во здравството одколку ние заедно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom