Клинички центар во една компактна зграда е совршен модел, единствено вистинско решение. Малку сум сомничав во однос на просторот на кој ќе се гради, дали ќе биде доволно простор, само зградата на хирургија е 6 спрата во моментов, а друг проблем е што ова се најавува како релативно краткорочно решение со предвиден рок на траење од десетина години, додека се изгради новиот центар кај Злокуќани, па зошто едноставно веднаш не се премине на тој модел без вакво скапо заобиколување.
Инаку, имам поминато многу години по овие шупи што се нарекуваат клиники, и тие се максимално неплански изградени, без никаква координација едни со други, градени од немајкаде, нафрлани како у моментот им текнало. Само ми текнува, кога за да поминам на сите предавања и вежби, требаше да пропешачам километри, за да спојам само 2-3 клиники, а што станува со пациенти во крајно незавидна состојба. Од секогаш ми се допаѓал принципот на кој е изградена Воената Болница, со еден лифт ги завршуваш сите работи, но таа е градена одеднаш, а не постепено, цел век.
Моделот со клиники сместени во одделни згради може да функционира нормално, но само во случај кога секоја од нив е речиси потполно независна од останатите клиники, не и во околностите во кои функционираме. Понатаму, зградата на Интерните клиники е градена пред дедо Ное, и освен пулмологија, каде владее некаква привидна хигиена, остатокот е едноставно катастрофален. Не знам колку влегле на одделението за Неврологија, но таму има недостојни услови, пациенти во кома, со мозочни удари, парализирани, на умирање, се набутани по 9 кревети во соби од 20 квадрати, тука ручаат, серат, мочаат, и умираат, истовремено. На интензивна нега собите се 10ина квадрати и во нив има по 5 пациенти, нема место да прднеш, а не да се спасуваат луѓе. Кардиологија е релативно понова зграда, ~ 2 децении, но интерните клиники, очно, ушно, кожно, нервно, тоа најдобро е у ваздух да се крене и на ново и плански да се гради. И да го нема повеќе тоа шетање на пациенти со кревети на очиглед на цел свет, да се испланира кога треба пациент да се носи на снимање или операција, да постои интерен лифт и ходници за таа намена, а не комиран од операција излезен, пиштол гол, покриен со чаршафче што поише открива од што покрива, да те шетаат по холови, ходници и лифтови, меѓу миљарда пациенти дојдени за преглед, посета и новинари за сеир.
Нема ништо лошо ниту во тоа просторот кој би се ослободил, да се испланира за некои други финансиски исплатливи проекти, станбени комплекси, бизнис центри и слично. На тој начин проектот фактички самостојно би се финансирал, единствено се надевам дека ќе се планира во детали, а не само една хаварија да ја префрлиме во друга. Муабетот за опрема и кадар е сосема друга тема, во тоа секако треба да се инвестира, јас лично имам многу забелешки на приоритетите во здравството, но ваков објект кој ќе го интегрира целиот клинички центар, е од неопходно значење, едноставно мора нешто да се превземе за да се подобрат условите, затоа што во моментов се далеку под некој пристоен минимум, и сигурно многу е поефтино да се изгради една заедничка зграда, одколку да се реновира секоја посебно, и да се градат некакви привремени, скапи и несоодветни надоградби.