Ајде некој збор за тимот

Играчи кои се покажаа (според мене) најдобро на подготовките:
- Прв - Ивановиќ. Немам збор за него, најдобар до сега од сите. Загарантиран прв избор во тимот, без разлика на позицијата дали десно или централно. Тој ќе биде клучен во „цврстината“ на одбраната...
- Втор - Кевин Де Брујн. Тоа е човекот којшто беше потребен најмногу оваа сезона. Многу паметно размислува, добар преглед и пред се одличен шут. Ме радува (не само тој) играч којшто шутира паметно, без притисок, играч којшто едноставно постигнува погодок од шала т.е знаеш дека треба да шутне и секако погодува... Таков моментално е и Оскар...
- Трет - Мозес. Одлично се покажува, ора, има одлични продори, а и дефанзивно покрива уште на почеток на акцијата на противникот. Со него се добива експлозивност во нападот, брзина...
Тоа се играчите коишто сакав да ги издвојам. Е сега стартниот состав сакам да биде вака:
Чех
Ивановиќ - - Кејхил - - Луиз - - Кол
Оскар - - Рамирес
Де Брујн - - Мата - - Хазард
Торес/Лукаку
Овој состав сакам да биде прв, но во зависност од противникот секако ќе трпи одредени трансформации, дали ќе се работи за противник тешкаш, брз, лабав, цврст...
Единствената дилема ми е нападот, но првично би одел со плавиот

.
Одбраната „секогаш“ треба да го има србинот било каде,
Тери може често да се менува со
Кејхил, а
Ацпиликуета да игра кога ќе треба да се игра против брзо противничко крило или кога ќе има потреба од уфрлање на страничниот бек почесто ( зависно од противникот нели )...
Позицијата кадешто имаме најмногу играчи се играчите за врска. Ги ставив
Оскар и Рамирес како прв избор, вториот заради брзината потребна за транзиција како и за пргавоста што ја поседува, а
Оскар мора да игра често во тимот (не навлегувам во детали - за него имам многу зборувано). Само ќе кажам дека кај него најмногу ми се допаѓа што нема страв од одговорност кон се... Се виде тоа кога дебитираше кога играше под водство на
Ди Матео, а не на крило. Одлично врзува, шутот со кој располага можат да се пофалат малкумина...
Споменав после мечот со Шахтјор, дека ниту еден немаше да се реши да шутне од таму, или доколку се решеше сигурно немаше да погоди, (можеби само
Мата)...
Го видовме и на натпреварот со Интер

.
Се на се пак ќе кажам дека тој и
Кевин најмногу ме исполнуваат со нивната решителност за шут на голот, и воопшто не ме разочаруваат...
Ван Гинкел - добар, но има време за него...
Лампард - го гледам како замена (не мислам да влегува од клупа нон-стоп, туку да изигра неколку натпревари како стартер)...
Микел и Есиен - стандард. Првиот од ова ептен малку што го играше не ми е како што треба, но сепак е добар не се сомневам во него, вториот добар за ротација, одлично мотивиран, ќе биде многу значаен во тимот....
Де Брујн - првично го ставив него, но ова што го прикажа
Мозес до сега ќе биде често ротиран, но не за сметка да не игра
Кевин, туку да игра на местото на
Мата или евентуално
Оскар. Споменав претходно дека би одел со
Мозес доколку треба цврстина во нападот и брзина, експлозивност, а колку што можев да приметам од досега прикажаното, дефанзивно и двајцата се одлични...
Мата - само ќе напоменам за замена негова да бидат
Оскар и
Де Брујн...
Хазард - некако ми е здебелен


. Игра добро но уште многу малку му фали за да биде бр 1. За брзината што ја има и техниката со која располага немам збор. Има многу мали грешки кои ги прави ама знам дека ќе се поправи


. Ќе ротира со
Шурле којшто допрва ќе се докажува, добар е но ќе му треба време за да биде почесто игран...
И за на крај нападот - УФ
Ба - не знам што да кажам за него. Човекот некако стагнира, нема со што да изненади, не треба да направи нешто посебно - туку да постигнува по некој гол

... Нека го за замена
Лукаку - од подготовките можам да кажам дека е добар, но некако како да не се замара, да почне да работи по теренот како што споменав горе, како првите тројца што ги издвоив (
Ивановиќ,
Кевин и
Мозес), ќе биде страв за сите. Верувам дека ќе се ангажира повеќе за да ја добие довербата, да стане првотимец. Инаку нема потреба да зборувам со што располага....
и на крај
Торес - Охоооо

. Гледам голема мотивираност кај него, (за разлика од
Лукаку - кој да е мотивиран вака ќе му нема конкуренција) иста, но можеби и поголема од крајот на минатата сезона. Тоа ме први да размислувам позитивно донекаде за него. Добро размислува, но не секогаш, со што допринесува да не се подобри впечатокот за него. Дали вреди да се очекува нешто од него?! Според мене, да уште оваа сезона дефинитивно.
Го мислам ова бидејќи:
- прво гледам голем мотив кај него,
- има добра конкуренција,
- има тренер којшто може да го извлече најдоброто од него, доколку останало.
- Друго, има одлични играчи позади него (оваа сезона и дополнително - нови) кои работат ефикасно
Според мене него најмногу што му треба е простор пред дефанзифците на противникот, го знаеме тоа од порано, а и се гледа и сега кога имаше добри продори, поминувајќи неколку играчи.
Проблемот е како што кажав при крајот на претходната сезона, начинот на којшто навикнавме да го гледаме нападот со
Дрогба. Очекуваме ист пристап и од него, а тоа е сосема погрешно бидејќи воопшто не се исти. Се друго што се прави од негова страна не е ценето...Колку и да се труди, каков и гол да се постигне убав, гол лично изработен од него, гол од одлична акција, пак не е добар....
Примерот е исти и со
Стариџ. Што му фалеше него (да не одам понатаму).....
Се надеваме сите на
Лукаку да е како
Дрогба, затоа што сме навикнати на него. Знам дека потсвесно се прашуваме што доколку не се снајде
Лукаку како напаѓач тука, иако навистина шансите за тоа се мали (со оглед на тоа што имаме видено од него и со што располага) но сепак реални...
Тоа е моето видување сега за сега, не мора да е така ....

Поздрав.