Каде се наоѓаат родните куќи и вечните почивалишта на позначајните личности за мак. историја?

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Една од причините за отварањето на оваа тема е тоа што голем број од Македонците не знаат каде се наоѓаат родните куќи и вечните почивалите на борците кој они ги слават. Да не речам, ама сосем малце се тие што знаат на другите борци освен на Гоце Делчев. Иако во правењето на темата прво беше само за вечните почивалишта си викам ако се зачувани и куќите каде што се родени, зошто да не ги вклучиме и нив.
Гоце Делчев, за куќата негова не можам да најдам ништо а може и да не постои. Првобитно е закопан во Бугарија, на негова желба после 1945 Југославија во договор за добрососедство со НР Бугарија во новоформираната СР Македонија со главен град Скопје, а на желба на Гоце Делчев посмртните останки се преместуваат во Скопје и денеска се наоѓаат во црквата Свети Спас под Тврдината Кале.​
Ѓорче Петров, родна куќа Прилеп​
ПРИЛЕП НАЈАВИ РЕКОНСТРУКЦИЈА НА РОДНАТА КУЌА НА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

По повод 91- годишнина од смртта на македонскиот револуционер Ѓорче Петров, локалната самоуправа денеска најави реконструкција на неговата родна куќа, која што во моментов е во приватна сопственост. Објектот е целосно руиниран, ѕидовите се распаѓаат, се шири непријатен мирис. Сопствениците за кои овој објект очигледно нема некое значење, со години одбиваат на говорат на оваа тема, а локалната самоуправа најави дека најпрвин ќе бара решавање на имотно-правните односи.

„За средствата може да се направи комбинација од буџетот на Министерството за култура и локалната самоуправа и да се пристапи кон изградба на една таква куќа односно спомен обележје. Меѓутоа родната куќа на Ѓорче Петров сега е приватен имот , треба да се расчистат и тие односи“, изјави градоначалникот Марјан Ристески.

Годинава ќе биде уредено и платото пред куќата, а наскоро ќе биде поставен споменик во центарот на градот, на плоштадот Методија Андонов-Ченто.

„Ќе го уредиме и платото пред самата куќа, во еден плоштад кој го носи неговото име, во стариот дел од Варош од кадешто потекнува, и ќе изградиме спомен обележје во центарот на градот, коешто ќе не потсетува сите нас идните генерации за неговото големо дело“, најави градоначалникот Ристески.

Во моментов се прават подготовки на плоштадот каде што ќе биде
поставен споменикот на Ѓорче Петров.

Извор: http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=18045
Почивалиште: Софија​
делегација на општината Ѓорче Петров на чело со градоначалникот Сокол М.​
Питу Гули, за куќата не можам ништо да најдам, вечно почивалиште Градски Гробишта во родниот Град Крушево, одма до Тоше П.​
делегација на чело со претседателот Ѓорѓе И.​
продолжува, може и да помагате!​
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин

На околу 200 м источно од Роженскиот манастир е црквата Св Свети Кирил и Методиј, изградена во 1914 година од страна на Јане Сандански. Таму се наоѓа и неговиот гроб. На надгробната мермерна плоча се читаат неговите зборови: „Да живееш, значи да се бориш. робот - за слобода, а слободниот - за совршенство".
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Куќата на Гоце Делчев во Кукуш, сегашен Килкис не постои. Колку што разбрав грците на нејзино место направиле јавен тоалет. Ова го знам од наш чоек од таму.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Куќата на Гоце Делчев во Кукуш, сегашен Килкис не постои. Колку што разбрав грците на нејзино место направиле јавен тоалет. Ова го знам од наш чоек од таму.
Баш се сетив на пораката од Гоце, дали сега би се држел до истото?

Гробот на Христо Узунов во Демир Хисарското село Цер​
Григор Прличев ( писател, славист, преведувач, учител ), родната куќа во Охрид​
гробот исто во Охрид,храмот „Пресвета Богородица – Перивлепта“ во Охрид
 
P

puppete dolly

Гостин
Демирхисарскиот војвода Јордан Пиперката паднал како жртва на две предавства во ист ден, раскажуваат жители на демирхисарското село Велмевци, каде што деновиве беше одржано чествување по повод 110 години од загинувањето на војводата. Тој е роден во кичевско Kозица, загинал на 10 август 1903 година, а почива во Велмевци во месноста Цреша. Жителите што и по повеќе од еден век живеат со спомените за храбриот војвода, велат дека предавствата ги направиле две лица во период од само неколку часа. Иван Спасовски, внук на комита кој се борел во четата на Пиперката, вели дека едниот од предавниците бил жител на Цер, а другиот аргат во селото Соп, кое денес не постои.

jor.jpg

неговото почивалиште во село Велмевци

E13F8CF6FDE35041B3D62C75117357A9d.jpg

гробот на Даме Груев во Смилево.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Прегледај го приврзокот 69425

гробот на Даме Груев во Смилево.
Во Русиново. :)
http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/0/0f/Гробот_на_Даме_во_Русионово.jpg
Датум: 21.09.2006, 15:42
Писма
ЗАПУШТЕНИОТ ГРОБ НА ДАМЕ ГРУЕВ
На 8 Септември - Денот на независноста, одлучивме да го посетиме гробот на еден од најголемите македонски револуционери Даме Груев, убиен на 26 декември 1906 г., на местото Петлец, Беровско. Гробот го најдовме во селските гробишта во с. Русиново. Местото каде што беше закопан го затекнавме обраснато со треви и со трње.

Плочата на која ги пишуваше имињата на Груев и на загинатите негови соборци едвај се гледаше. До новата плоча беше буквално фрлена старата, од која претходно беа извадени сликите на четворицата убиени. Едноставно, сликата што ја гледавме претставуваше вистинско понижување за починатите, а го отсликуваше и односот на државата кон сопствената историја. Зарем треба да потсетуваме дека во гробот пред кој се наоѓавме почива Даме Груев, човекот што целиот свој живот им го посвети на Македонија и македонските идеали. Запаливме свеќа и заминавме. Но, утредента уште изутрината се вративме назад, овој пат со српови во рацете, решени да промениме нешто. За нас, тој гроб беше свет и заслужуваше да изгледа како таков.

Додека се „боревме“ со „магарешките трње“ високи по еден метар, некои жители не' прашуваа за мотивите и причините што не' наведоа тоа неделно утро да го поминеме со срп во рака, чистејќи го гробот од земјата и тревата. Прашуваа кои сме, кој не' пратил, дали сме платени од некого и сл. Им објаснивме дека ние сме двајца студенти од Кочани, кои единствено сме водени од чувството на должност и почит кон револуционерите што се жртвувале за оваа земја. Само неколку часа ни беа потребни за да го расчистиме местото. Тоа беше најмалку што можевме да направиме за нив, но прашуваме дали е тоа најмногу што државата го прави за нив!

Сликање и полагање цвеќе пред бисти или училишни прослави навистина се обично лицемерство во однос на она како државата, па ако сакате и ние обичните граѓани, се однесуваме кон гробовите на нашите големи историски личности.

Јордан Милосиев и Петар Спасовски, Кочани

ИЗВОР: http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=943F88AC952088489384D526EE64B879
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
А во поново време не можев да најдам гробот на Павле Шатев последниот гемиџија само разбрав дека е некаде во Битола ???
 
јас па убаво се сеќавам кога бев на екскурзија во средно, во Смилево, дека ни го покажаа местото каде загинал Даме Груев а и неговиот гроб, истотака во Смилево...
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
јас па убаво се сеќавам кога бев на екскурзија во средно, во Смилево, дека ни го покажаа местото каде загинал Даме Груев а и неговиот гроб, истотака во Смилево...
Роден во: Смилево, Македонија
Починал во: Русиново, Македонија
:3

Сенародна панихида при гробот наДаме Груев во с. Русиново во 1916 година

Стогодишните буки во Малешевијата го чуваат споменот на Даме Груев

Во близина на Русиново, пред 100 години беше убиен големиот револуционер
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

РУСИНОВО - Русинци ја имаа таа несреќа, но истовремено и среќа, својата судбина трајно да ја врзат со големиот македонски револуционер Даме Груев. Велиме несреќа, зашто во нивното Русиново тој го заврши револуционерниот пат, а среќа, бидејќи со неговото име станаа попознати и ја имаат таа привилегија непосредно да му оддаваат почит на местото каде што во еден студен декемвриски ден на врвот Петлец згасна животот на славниот војвода.

Русинци цели сто години го чуваат споменот на Даме, на еден од столбовите на македонското револуционерно движење. И оваа година се подготвуваат да му оддадат достојна почит за заслугите за македонското дело. Во тоа се уверивме деновиве, кога го посетивме ова најголемо село во Малешевијата. Гостопримливите домаќини сакаа да ни покажат се' што е поврзано со Даме. Директорката на училиштето, Мирјана Пецуровска, покани неколкумина русинци да ни говорат за трагичниот настан, а наставничката по историја, Зора Буровска, ни ја покажа песната што ја испеал народот. „Низ Петлец идат, трима војводи/ идат и питаат за Русиново, за Алаѓозо./ Првие беше тој Дамјан Груев /вторие беше Атанас Карчев/ Третие беше Сандо Китанов...“. Вака пеат русинци и без оваа песна не може да помине ниту една свадба и веселба.

Борис Буровски е подготвен да ни го покаже местото каде што еден студен снежен декемвриски ден, точно на Свети Никола, загинал Даме. Зиме е ризично да се стигне до Петлец со лесен автомобил, па затоа не' предупредува на евентуални непроодни дупки на патот создадени по обилните дождови. Сепак, убавиот сончев ден не' мами да тргнеме кон планината. Стравувањата беа непотребни, до спомен-чешмата подигната во чест на Даме стигнавме без проблеми, а до местото каде што војводата ранет бегал низ долот ни остануваа уште десетина минути пешачење.

Конечно сме тука, на самото место на погибијата. Пред нас се отвора прекрасен поглед на питомите малешевски ритчиња. Во подножјето на врвот Петлец во мало долче лази насобрана планинска вода, а од обете страни вишнеат повеќевековни буки, осакатени од огнот што пред пет години ја зафатил шумата. Имавме среќа, местото каде што е пролеана крвта на великанот се' уште е достапно, се' уште не паднале снеговите, вообичаени за овој период на годината. Пред нас се покажува мала спомен-плоча на која се испишани едноставните зборови: „Тука загина Даме Груев“. Пред плочата некој запалил свеќа и оставил вештачко цвеќе за покој на душата на војводата. Наоколу гледаме расфрлени чаури од ловџиска пушка. Сигурно тука наминал некој ловец и, оддавајќи му почит на војводата, истрелал неколку куршуми.

Јован Белчовски долги години бил професор по историја и директор на осумгодишното училиште во селото. Тој знае многу подробности за загинувањето на Даме и за драмата што се случила. Ни раскажува дека Русиново никогаш не го заборавило Даме, а наставниците и учениците од селото пред повеќе од дваесетина години на местото каде што загинал ја поставиле спомен-плочата.

Босис Бурески вели дека русинци не може ништо да ги спречи, ниту високите снегови ниту големите мразови, во декември да се искачат на Петлец, да се поклонат пред војводата, да одржат собир и таму да ручаат гравче. Некогаш се искачувале и по 500 луѓе. Тој раскажува дека една зима со учениците за рака се качувале на минус 20 степени и по голема голомразица.

Русенци и до ден-денес не можат да одговорат на прашањето дали Даме бил предаден или, пак, во куќата во која престојувал во Русиново случајно дошле Турците. Најпознатиот русинец Никола Петров-Русински, човекот кој пред Илинденското востание крстосувал низ Охридско-струшкиот регион и во Мариовско подготвувајќи ги четите за борба, вака го опишува овој трагичен настан. Четата се сместила во куќата на Димитар Р. Алаѓозов без да постави свој внатрешен стражар. Тој ден во селото дошол Турчинот Мула Алимов, сопственик на пасиштето, заедно со еден заптија, и право се упатил во куќата каде што биле комитите. Кучето било затворено и не се огласило, а двајцата неканети гости започнале да се качуваат по скалите. Откако ги забележале комитите, залегнале зад аголот на куќата и почнале да стрелаат. Од куќата прв излегол Сандо Китанов кој бил смртно погоден, а по него се појавил и Даме, кого го раниле во десната нога. Другите четници излегле од задната врата. Додека траеле борбите, на помош на Турците им дошла и војската од соседното село Владимирово. Тогаш загинал и владимирецот Ѓорѓи Поп Стојанов.

Ранетиот Даме и четникот Ѓорѓи Карчов се извлекле од селото и се обиделе да заминат преку блиското ритче, а курирот Григор Митов Крапев, кој добро го знаел теренот, ги водел кон источниот дел на врвот Петлец. И покрај повредата, Даме успеал да стигне на стрмнината под врвот, но таму биле пресретнат од друга војска која стасала од Безгаштево, а подоцна од другата страна стасала и трета од Берово. Гледајќи дека доаѓа крајот, Даме му наредил на курирот да ги напушти и да се обиде да се спаси во планината. Тогаш Груев и Ѓорѓи Карчов започнале нерамна борба. И ден-денес не се знае дали Даме бил убиен или сам си го одзел животот откако ги потрошил куршумите.

Русинци тврдат дека Даме и другарите биле убиени на празникот Свети Никола, на 19 декември, а историчарите за датум на убиството го посочуваат 23 декември. Јован Белчовски вели дека до тоа дошло поради тоа што мртвиот Даме два дена останал во планина, непогребан, а веста за неговата погибија стасала неколку дена подоцна, па поради тоа се споменуваат два различни датума.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=38930924D594F244A085D88BE21B3FE1
 
Kajgana Shop

На врв Bottom