Trip-hop e музички жанр кој во музиката се појавува во средината на деведесетите како комбинација од бавно темпо на електронска музика, тогашниот биртански хип-хоп и хаус музиката. Бил препознаван како фузија на хип-хопот и електрониката, што не е далеку од вистината, но со тек на времето се гради во потполно засебен жанр. Сепак, започнува како експериментален тип на музика.
Донекаде, денешниот трип-хоп, внесува и џез елементи, разни инструменти како пиано, флејта, труба и слично, кои даваат шмек на траките инструментално да се разликува од класичната електроника и класичниот рап. Исто голема разлика од рапот е шо текстовите не се толку во прв план и ритамот е по течен и по музикален. Во главно, ова е можеби еден од жанровите во музиката во кој експериментирањето е секојдневно и неограничено.
Најпознати претставници се Massive Attack у комбинација со Tricky, UNKLE, Portishead. Пример последните, музиката си ја праат од стари траки со инструменти, внесувајќи ја во нивната снимка, давајќи и го посакуваниот ритам со тапани и создаваат прекрасни дела.
едит: Сеа гледам дека веќе имало тема, ако не друго барем нека се спојат.