ЕГИПЕТ ГО ЗАБРАНИ МУСЛИМАНСКО БРАТСТВО
Египетскиот суд вчера му забрани на Муслиманското братство да извршува какви било активности во земјата и нареди запленување на финансиите на групата, проширувајќи ја на овој начин кампањата за слабеење на исламистичкото движење на соборениот претседател Мохамен Морси, пренесе Ројтерс.
- Судот ги забранува активностите на организацијата Муслиманско братство и нејзините невладини организации, сите активности во кои учествува и сите организации од кои произлегла - истакна судијата Мохамед ал-Сајед.
Судот нареди владата да ги заплени парите на Братството и да управува со нејзиниот замрзнат имот. Одлуката на судот, според Ројтерс, може да ги охрабри младите исламисти да го земат оружјето в раце и да се кренат против државата.