Втора револуција во Египет (јули 2013. год.). Update: војската ја превзема власта.

  • Креатор на темата Креатор на темата Katunec
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Стотици илјади луѓе се собраа во Каиро и на други места во Египет да протестираат против владеењето на сегашниот претседател Мухамед Морси од редовите на Муслиманското братство.

Агенциите јавуваат за вжештена атмосвера, дури повеќе од таа пред една година кога Морси дојде на власт.

Пред пола час, толпата ги разруши просториите на Муслиманското братство.

Egypt protesters ransack Muslim Brotherhood headquarters as cabinet ministers consider resigning

Published July 01, 2013
Associated Press



http://www.foxnews.com/world/2013/0...od-headquarters-on-second-day-egypt-protests/
 
СЕ ЗАОСТРУВА СИТУАЦИЈАТА ВО ЕГИПЕТ

Најмалку 16 луѓе загинале за време на вчерашните демонстрации во Египет, соопшти Министерството за здравство на таа држава.

Осуммина се жртвите од судирите во Каиро меѓу приврзаници и противници на претседателот Мохамед Морси.

Шест луѓе загинале во провинциите Бени Суаф, Асјут, Кафр ал Шеик и Фајум. Еден демонстрант загинал пред претседателската палата во Каиро, а друг починал од здобиени рани во Александрија.

Движењето Муслимански браќа на египетскиот претседател Мохамед Морси се закани со формирање „единица за одбрана“ откако беше опожарено нивното седиште во Каиро.

- Демонстрантите ја минаа црвената линија, и нашето движење разгледува како да се одбрани. Нема да седиме со скрстени раце и нема да толерираме напад врз наши институции. Многу е опасно еден ентитет на некое здружение со насилство да се обидува да избори промени бидејќи тоа може да предизвика и други да се послужат со такви оружје. Движењето Муслимански браќа е дисциплинирана органзиација, наведе портпаролот на валдејачкото движење Гехад Ел-Хадад.

Тој потсети дека и во 2011 година кога бил симнат од власт режимот на Мубарак бил организиран „народен комитет за одбрана“, а на прашање дали и сега се подготвува слично сценарио, тој рече: Народот нема да седи со скрстени раце.

Според проценки на западни медиуми, на демонстрациите против режимот на Морси учествуваат повеќе луѓе отколку што биле на улица за време на „египетската пролет“ во 2011 година.


Одлично, нека се убијат меѓусебно
 
Beric Dondarrion: да те замолам да не ја упропастуваме темава.

Он: војската и даде ултиматум на владата во рок од 48 часови да ги исполни барањата на народот.

http://www.advance.hr/vijesti/velik...icari-imaju-48-sati-da-uvaze-zahtjeve-naroda/

Војската во Египет секогаш е во позадината на настаните, но ова ептен ми мириса на воен удар.
.
 
Не ги сфаќам. Нели го тргнаа Мубарак, нели се е во ред без него?
Да не мојш да им погодиш на овие антички Еѓипќани.

Предупредување за да не паузираш од темата.
Убаво замолив да не ја упропастуваме. - Misirkov
 
Како што и мислев, ни арапската пролет нема да го подобри животот.

Истото и во Либија ќе биде.

Нема разлика во власта, само луѓето на власт се различни.
 
Изгледа не биле толку глупи и наивни колку што си мислевме.

А јас колку што прочитав некаде денес, претседателот им се заканил со американците како тие ќе го штителе ако овие покушале нешто.

И сега што повеќе да се кажи?

На соопствениот народ им се заканува дека друга држава ке го штити. Марионета и пол, скоро две. Ова е школкси пример за квислинг. Тука немаше ни “П“ од пролет.
 
За време на протестите биле забележани над 100 сексуални напади врз жени (ВИДЕО)

За време на четирите дена протести на плоштадот Тахрир во Египет околу 100 жени станале жртви на безмилосни сексуални напади, јавува Хјуман рајтс воч (Human Rights Watch).



„Сексуалните напади за време на протестите го истакнаа неуспехот на владата и сите политички партии да му се спротивстават на насилството врз жените, кои на дневна база се спроведуваат на јавни места“, изјавил Џо Сторк, заменик директор на Хјуман рајтс воч за Блискиот Исток.

Сторк предупредил дека ова е сериозен проблем што им оневозможува на жените да учествуваат во јавниот живот на Египет, кој се наоѓа во клучен момент од развојот.

Дури 46 напади се случиле на 30 јуни, 17 на први јуни додека еден ден подоцна биле нападнати 23 жени. Една од жените завршила во болница на операција откако била силувана со „остар предмет“, додека други биле тепани со синџири, стапови, столчиња, но биле и напаѓани со ножеви.

Во видеото жени зборуваат за нападите што се случиле пред овие протести.

http://www.mkd.mk/svet/vesti/za-vre...hani-nad-100-seksualni-napadi-vrz-zheni-video


:facepalm:
--- надополнето: 3 јули 2013 во 16:39 ---
видете што кажува лигушот после 3;20 :facepalm: (смајли што се самоубива)
 
Не втора револуција, туку втора Сирија ќе биди Египет сега!
 
Арапска пролет the Revenge of the Siths.
Winter is coming!
 
Еве еден интересен податок-на нет кружат информации дека вчера на протестите ширум земјата излегле околу 33 000 000 демонстранти,што претставува бројчано најголемиот протест во историјата на човештвото.
 
Еве еден интересен податок-на нет кружат информации дека вчера на протестите ширум земјата излегле околу 33 000 000 демонстранти,што претставува бројчано најголемиот протест во историјата на човештвото.

да токму така се зборува ,импресивна бројка,кога ќе замислиш дека кај нас не можат ни 330 души да собереш
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom