Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205
Јас лично, прилично сум задоволен од дечкото кој беше сопственик на вилата каде престојував во Охрид 2011та. Типот ме пречека уредно, ми објасни се што како, ми го предаде клучот и ме праша што сакам утре за доручек.. Секое утро носеше топол доручек, ми резервираше карта за враќање, ми пазаруваше, едноставно се однесуваше со мене (и девојка ми) како да сум којзнае кој, велеше „тука сте за да уживате“. Damn, си велам (според стереотипот): „овој нема шанса да е охриѓанец“ :D На која плажа сакате да ве однесам (со неговата кола), едно друго - се вклучено во цената, која и не беше баш висока, ако другар ми и неговата девојка плаќаа по 300 од човек на друго место (како гаража) јас плаќав 1000 за цел спрат од вилата, со кујна (комплет опремена), бања со џакузи, перални ова она, клима, LCD 37" TV, кабловска, интернет, X-BOX 360... е сега ако е тој баш оној исклучокот, сум имал среќа, но пак ќе речам, дечкото ме третираше како цар да сум. Ако се прашувам јас, би го назначил за министер за туризам :D

Не мора да го назначуваш за министер... доволно е позитивната референца што ја даде тука, за да му донесеш уште минимум 5-6 гости. Уште да кажеше име на вилата, и име на домаќинот, да знаат луѓето кого да го бараат и каде
 
Не мора да го назначуваш за министер... доволно е позитивната референца што ја даде тука, за да му донесеш уште минимум 5-6 гости. Уште да кажеше име на вилата, и име на домаќинот, да знаат луѓето кого да го бараат и каде
Илија - Вила Арт Плаза
 
ako-ste-po-luksuzot-52625.jpg


И после не сме биле скромен народ ...

Не пишува дека е во Охрид, ама некако интуитивно сите не тера натаму, по модерниот и луксузен мебел....

Ме потсети „апартманов“ (и „студија“ имаат мерак да ги викаат ако имаат едно пола квадрат повеќе).....на тоа копитото што ни издаде ваква (види фотос) соба или слична, 100 пати му кажавме дека журката е на 1ви, на 2ри мора да преспиеме и на трети ќе си одиме. Дека дојде уште следниот ден и ни рече „вие за до втори бевте, така?“....собравме парталите и среќа не заспавме по пат.....од тој втори, Охрид и луксузите ме немаат видено....
 
Па да точно ама и остатокот од Хрватска го држи високиот стандард. Значи муабетот е Охрид во Македонија е што се вели без конкуренција во летниот период како условно најквалитетно место и цените се скоро највисоки земајќи ја цела Македонија.


Грешка. Не знам од каде ни е тоа врежано во глава на нас дека Хрватска е бог знае колку скапа. Лани ја прошетав пола Хрватска и можам да кажам дека цените за јадење, пиење, искачање се исти како во Охрид/Скопје (дури најголем дел од приморските места во Далмација се и поефтини) ...исклучок е само сместувањето кое е поскапо. Дубровник е посебно место и е скапо само во ѕидините на стариот град, ако излезеш од него имаш нормални цени...а и заборавате дека таму летуваат милионери со јахти, филмски звезди, принцови и сл.

А он топик, Охрид и охриѓани се убедливо најнегостопримливи и најлоши домаќини што сум ги видел. Штета што таков убав град го стопанисуваат такви изроди. Охрид и неговата ривиера има голем потенцијал да биде туристички гигант.
 
Кај е овој acereal, меѓу најгласните на темата беше, а сега го снема по некои прашања каде што требаше да согледуваме факти. :)
 
А каде поточно се наоѓа и цената е 1000 денари за двајца или по човек? И некоја слика ако имаш да споделиш би било супер:)
1000 денари цел спрат било ...
Кај е овој acereal, меѓу најгласните на темата беше, а сега го снема по некои прашања каде што требаше да согледуваме факти. :)
Тука сум јас туку вас ве снема дан заминавте кај јужниве соседи на одмор ? :D
 
На google maps пишете што ве интересира по Охрид, се ќе најдете :D Во стариот дел од градот многу близу до плоштадот, се симнуваш директно во чаршијата, е само нема баш многу место за паркинг вилата, ама јас бев со автобус тогаш и тоа не ми сметаше.
 
Ама не ти пиша 404 Not Found, значи постојат таму некаде :D
 
Колку само упатени лоши зборови на сметка на јужниот сосед.. сето ова е за да македонските туристи помасовно да го посетуваат охрид.. па луѓе, тешко на тој шо верва на медиумите, па ова се дешавало секогаш, секоја година е истото(нормално е по некоја кола да е изгребана,ичкртана) зошто баш ова лето наеднаш да почнат да гребат коли и тн? можеби оти баш ова лето се намалија туристите во охрид?! аа :P
 
За да идат повеќе туристи следната година во Охрид мора да ставиме една рампа кај подмоље и една група златна зора да направиме , да се обезбедат спрејови за цртање по колите а уметници за тоа има колку сакаш .... барем малце да се осеќаат како во Грција кога ќе дојдат кај нас Скопјаниве :D
 
Ни кај едните ни кај другите , кај турчињата најубо ќе си помините 14564856 се погостопримливи . Охрид е скапо со оглед на услугата , плажите а па Грција не ми се оди од принцип :)

Па јас не знам што се фатиле со Грција. Ене ја Албанија. Скромно а убаво.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom