Barclays Premier League Season 2013 - 2014

Кој ќе ја освои Премиер Лигата?


  • Вкупно гласачи
    289
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Страшна работа....100 милиони човече за една сезона во која дал 23 гола. Ко така Бентеке треба да вреди 80 оти даде 20?
Не се само фудбалските квалитети во прашање. Комерцијалната вредност на Бејл е многу повисока. Бејл е гаранција дека Реал најмалку еднаш месечно ќе биде на насловна низ британските медиуми.
 
G

Geezer

Гостин
Не знам кој ќе се бори за местата кои водат во ЛШ и Европа Лига, ама знам со сигурност кој ќе биде шампион.
Арсенал. Сега плус и со Вилшер здрав, не се ни сомневам дека лесно ќе се прошетаат сезонава низ Премиер.
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Не знам кој ќе се бори за местата кои водат во ЛШ и Европа Лига, ама знам со сигурност кој ќе биде шампион.
Арсенал. Сега плус и со Вилшер здрав, не се ни сомневам дека лесно ќе се прошетаат сезонава низ Премиер.
He is back!
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.045
Поени од реакции
1.991
Изгледа Сити конечно ќе почнат да играат убав и напаѓачки фудбал. Ќе видиме како ќе се снајде Пелегрини во Англија, ама верувам дека многу ќе биде поуспешен од Италијанот.
Ако не друго барем ќе прават убави акции, овој само ја кочеше играта со 3,4 деструкривци.

Овој газдава на Тотенхем стварно не ми е јасен, доби добра понуда од Реал, што се вика го претплатија Бејл на овој не му ни чуе да го даде. Па мајку му со 100-че има да купат барем 4,5 добри фудбалери, вака ако се повреди или не му е денот на Бејл нема кој гол да даде.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.551
Поени од реакции
66.162
Изгледа Сити конечно ќе почнат да играат убав и напаѓачки фудбал. Ќе видиме како ќе се снајде Пелегрини во Англија, ама верувам дека многу ќе биде поуспешен од Италијанот.
Ако не друго барем ќе прават убави акции, овој само ја кочеше играта со 3,4 деструкривци.

Овој газдава на Тотенхем стварно не ми е јасен, доби добра понуда од Реал, што се вика го претплатија Бејл на овој не му ни чуе да го даде. Па мајку му со 100-че има да купат барем 4,5 добри фудбалери, вака ако се повреди или не му е денот на Бејл нема кој гол да даде.
Зашто да не бара повеќе?
Имаш на друга страна преговарач со "педигре" за светски рекордни трансфери...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.431
Поени од реакции
11.349
Зашто да не бара повеќе?
Имаш на друга страна преговарач со "педигре" за светски рекордни трансфери...
да де и од што е такво гомно мерак ми е Реал да не фрлат толку пари па аредната година пола да неможе да земе за Бејл о тоа што бара сега :)
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
да де и од што е такво гомно мерак ми е Реал да не фрлат толку пари па аредната година пола да неможе да земе за Бејл о тоа што бара сега :)
Зашто не би земал исто ,па и повеќе догодина? Ако бејл остане кај нив и оваа сезона е уште подобар ке им бара повеќе:D
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.551
Поени од реакции
66.162
тикви ке земе ако не потпише нов договор :)

И не мора...

Бејл ке има 29 години кога ке биде слободен играч, односно кога ке му заврши договорот ...

Сите услови на преговарањето ги диктира Еврејчето... смешно ми звучи ова, Евреј диктира :)
 
Член од
8 август 2008
Мислења
2.680
Поени од реакции
512
За оние според кои Даниел Леви е луд:
Бејл е играч на Тотенхем, колку и да вреди реално, од нив е проценет на 140м, на кој му чини нека го земе, на кој не чао пријатно.
Вашите автомобили можда вредат 10.000 евра ама вие мислите дека вредат 30.000 и толку им барате, без разлика што некој ви понудил 20.000 вие несакате да ги продадете за помалку.

Доколку е вистина дека Реал понудил 100м а Леви одбил, во тој случај сигурно е луд. Можеби ќе бидам контрадикторен сам на себе со оглед на тоа што го пишав погоре, ама екипа ко Тотенхем (со досегашните играчи и нови засилувања од летово) со 100м на конто може и тоа како да атакува на титула.

Што се однесува до шампионот, сварно не би погодувал уште сега (иако гласав за Челзи, нормално)
Доста работи се сменија од претходниот престој на Мурињо на островот, доста екипи се засилија а и цела лига во глобала. Јунајтед ќе биде доста послаб, верувајте. Иако го има истиот играчки кадар, после САФ нема авторитет и лидер кој ќе ги спои сите алки во тимот. И Челзи менуваше 2432343 тренери во последните 10 години а се одржуваше на врвот, но САФ беше нешто посебно.

Сити донесе доста нови играчи, но смена на Манчини за Пелегрини е исто ко 1 чорап на нога со друг, нема ни лев ни десен. Мислам дека нема да донесе ништо позитивно, ќе видиме.

Арсенал незнам зошто некој ги вбројува во конкуренти за титула, кога (без навреда до навивачите) се повеќе наликува на фудбалска школа. Не гледам како и колку само Суарез би им помогнал, пошто моментално тој е единствено големо име со кое се поврзуваат.

Тотенхем со Бејл ќе се бори за 3 или 4то место, без Бејл и + 100м на конто (или 50м + Ди Марија и Коентрао и паметен шопинг) може да атакува на титула.

За крај Челзи.
Доаѓањето на Мурињо не значи гарант и инстант успеси, да не се разочараме на крајот на сезоната. Имаме подобар тим од лани, поуигран, поискусен, и доста нови талентирани играчи. Се вратија и неколку позајмени играчи (Есиен и пред се Лукаку и Де Брујн) така да ќе имаме доста силна клупа, нешто што и тоа како ни фалеше лани. Проблемот го гледам во нападот, јас лично имам големи надежи во Лукаку, ама незнам колку минутажа ќе добива и како ќе ја искористи, сепак е доста млад и далеку од врвен голгетер.
Има уште доста до крајот на трансфер рокот, но со оглед на моменталната ситуација мислам дека Челзи има предност пред Јунајтед и Сити, можеби сум само пристрасен но факт е дека ако некој клуб знае како да преброди бродолом тоа е Челзи. Колку само менаџери и клучни играчи се сменија, лоши периоди и резултати, повреди и се друго, и пак успеваа да се одржат на врвот. Јунајтед има прв пат смена на тренер после 2 и кусур децении, и иако имам доста високо мислење за Мојс незнам дали и тој и играчите ќе успеат да го надминат САФ факторот. Пелегрини според мене е недоволно авторитетен да успее да ги држи сите конци под рака, секој играч што го има Сити е доволно добар за прв тим во било кој англиски клуб, и не верувам дека ќе успее да направи квалитетна ротација.

Како и да е, ова ќе биде исклучително интересна и неизвесна сезона, убеден сум
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.551
Поени од реакции
66.162
John Galt, ти го почитувам целото мислење, со исклучок на Пелегрини, мислам дека многу, многу го потценуваш...
Колку и да е лош тренер, не може да биде полош од Манчини, кој правеше, дури и јас како лаик може да кажам, смешни тактички грешки со кои молеше да биде набркан... Таман си зеде нов договор, и сега ке лади јаја на плажа некаде...
Сити и со таквиот Манчини беа втори, а кој знае како ке биде со Пелегрини кој чуда правеше со Малага...
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.873
Поени од реакции
12.974
Пелергрини со Сити и Мурињо со Челзи се најава дека ќе гледаме доста конкуретна сезона во Премиер.
Од прва рака тие 2 екипи имаат предност годинава пред Јунајтед и Арсенал кои ќе демнеат од сенка и не треба да се исклучат од трката за титулата.

Пелегрини има повеќе од доволен состав за да успее во Премиер,одбрана фантастична,средина исто за напад да не зборам. Останува до него да видиме како ќе ги вклопи коцките но не се соменавам деќа ке се борат до крај.

Челзи па за разлика од Сити има доста помлад состав но има и искуство во Лампард,Тери и компанија главна предност ќе им биде враќањето на Мурињо.
Човекот е роден победник , но неблагодарно би било од сите фанови да се очекува газење уште првата сезона. На Челзи му треба стабилност а и тимов се гради за успех на долги стази,доволно е да се види дека се купуваат млади играчи.

Јунајтед и Арсенал ги ставив во втор план но никако не се за потценување.
Јунатед е без САФ огромен недостаток за Утд,не дека Мојс е слаба замена туку резултатите што ги направи САФ се камен темелник на овој Јунајтед што е сега, било кој тренер да седнеше после САФ ќе треба да се справи најпрво со сенката на САФ. Плус состојбата со Руни не е за потценување, не е добро да се постапува со него така. Тој не е играч од втор ред за Јунајтед мене ме зачуди Мојс со таквата изјава дека е добра замена за РВП. Чудно е што Руни е секогаш ставен во втор план секогаш во Јунајтед и во времето на Роналдо и сега кога го имаат РВП. Руни е играч од светска класа со добра мотивација паметам го претрчуваше цел терен, дури се враќаше да покрие назад се за екипата. Очекувам од Јунајтед да купат играч за средината во трансфер периодот но исто очекувам да го продадат на Руни.

За Арсенал најмалце ќе се задржам бидејќи не ги следам толку.
Арсенал пак го задржува костурот сезонава што е добро за нив. Но сепак претенка клупа имаат според мене. Венгер е добар тренер но некако како времето да го гази. Им требаат засилување во нападот тоа јасно им е на сите. Можеби згрешија што не купија некој од голманиве Реина или пример Цезар пошто мислам дека Шчезни не е уште во тие години каде што може екипата да се потпре цела сезона на него.


Мој тип е шампионот да биде одлучен во претпоследните кола. Сити сега засега има предност пред сите други иако сум фан на Челзи.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.784
Поени од реакции
11.347
United i Liverpul ovaa sezona imaat najgolema shansa da go obnovat staroto rivalstvo, borejki se za odlicnoto 7mo mesto na krajot na sezonata, vo koja celzi ke bide $ampion i totenhem koj bez bejl ke padne ko krushka. Ova drugovo e izlishno da se komentira, ligava stanuva beter od seria a.
 

Топче

Арсеналиста
Член од
18 септември 2010
Мислења
9.225
Поени од реакции
14.561
од 16 страни 14 се офтопик муабети.
Сериозно ич к*р не ме заболе дали имате испити и ред други дебилни работи.
Дај малце темава вратете ја на ниво.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom