За оние според кои Даниел Леви е луд:
Бејл е играч на Тотенхем, колку и да вреди реално, од нив е проценет на 140м, на кој му чини нека го земе, на кој не чао пријатно.
Вашите автомобили можда вредат 10.000 евра ама вие мислите дека вредат 30.000 и толку им барате, без разлика што некој ви понудил 20.000 вие несакате да ги продадете за помалку.
Доколку е вистина дека Реал понудил 100м а Леви одбил, во тој случај сигурно е луд. Можеби ќе бидам контрадикторен сам на себе со оглед на тоа што го пишав погоре, ама екипа ко Тотенхем (со досегашните играчи и нови засилувања од летово) со 100м на конто може и тоа како да атакува на титула.
Што се однесува до шампионот, сварно не би погодувал уште сега (иако гласав за Челзи, нормално)
Доста работи се сменија од претходниот престој на Мурињо на островот, доста екипи се засилија а и цела лига во глобала. Јунајтед ќе биде доста послаб, верувајте. Иако го има истиот играчки кадар, после САФ нема авторитет и лидер кој ќе ги спои сите алки во тимот. И Челзи менуваше 2432343 тренери во последните 10 години а се одржуваше на врвот, но САФ беше нешто посебно.
Сити донесе доста нови играчи, но смена на Манчини за Пелегрини е исто ко 1 чорап на нога со друг, нема ни лев ни десен. Мислам дека нема да донесе ништо позитивно, ќе видиме.
Арсенал незнам зошто некој ги вбројува во конкуренти за титула, кога (без навреда до навивачите) се повеќе наликува на фудбалска школа. Не гледам како и колку само Суарез би им помогнал, пошто моментално тој е единствено големо име со кое се поврзуваат.
Тотенхем со Бејл ќе се бори за 3 или 4то место, без Бејл и + 100м на конто (или 50м + Ди Марија и Коентрао и паметен шопинг) може да атакува на титула.
За крај Челзи.
Доаѓањето на Мурињо не значи гарант и инстант успеси, да не се разочараме на крајот на сезоната. Имаме подобар тим од лани, поуигран, поискусен, и доста нови талентирани играчи. Се вратија и неколку позајмени играчи (Есиен и пред се Лукаку и Де Брујн) така да ќе имаме доста силна клупа, нешто што и тоа како ни фалеше лани. Проблемот го гледам во нападот, јас лично имам големи надежи во Лукаку, ама незнам колку минутажа ќе добива и како ќе ја искористи, сепак е доста млад и далеку од врвен голгетер.
Има уште доста до крајот на трансфер рокот, но со оглед на моменталната ситуација мислам дека Челзи има предност пред Јунајтед и Сити, можеби сум само пристрасен но факт е дека ако некој клуб знае како да преброди бродолом тоа е Челзи. Колку само менаџери и клучни играчи се сменија, лоши периоди и резултати, повреди и се друго, и пак успеваа да се одржат на врвот. Јунајтед има прв пат смена на тренер после 2 и кусур децении, и иако имам доста високо мислење за Мојс незнам дали и тој и играчите ќе успеат да го надминат САФ факторот. Пелегрини според мене е недоволно авторитетен да успее да ги држи сите конци под рака, секој играч што го има Сити е доволно добар за прв тим во било кој англиски клуб, и не верувам дека ќе успее да направи квалитетна ротација.
Како и да е, ова ќе биде исклучително интересна и неизвесна сезона, убеден сум