Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205
Јас ги навредив тие што зазедоа ваков став, не ги навредив охриѓани генерално. Како можев да го пофалам охриѓанецот кај што седев лани? Да бев хејтерски настроена и кај него ќе најдев нешто што не ми чинеше нели? И сега охриѓанецов наместо да се свести и да каже чекај бе стварно скапо е, тој зел од Тренд сликал мени и го опнал на сајтот, со што индиректно признава дека е скапо во Охрид, ама вика чекај јас да им покажам да видат како џубрињава.. Како прво прашај кој сакаш од форумов ќе ти каже дека Тренд е шминкерско место и не е за седење за муабет да си направиш, еве лично јас имам одбивност кон тоа место и само еднаш имам отидено и тоа зошто еден странец другар на братучед ми сакаше таму да седне. Во Тренд седат само оние што се сметаат за авангарда во градов (дали заслужено или не, не коментирам), не седат обични граѓани, се познава по фаците.. Ете тоа е со Тренд и затоа охриѓанецот кој само го шлапнал менито треба да се замисли малце што прави. За таксистиве во Скопје еве пак ќе ти кажам, не знам дали вие читате по форумов дека и ние што живееме во градов сме самокритични за општо превозот во градов. Само што ете ја разликата, кога странец ќе се пожали тука во Скопје за нешто, ние не викаме а кај тебе дома ти во Копенхаген така се жалиш?

И не е финтата да сликаш мени од скопски кафич. Имаш гости од Струмица, Велес, Штип...и тие да не седат во Тренд па да им покажеш убаво?

Убаво кажа Леандра на прошлата тема, и на охриѓани им е скапо тие три месеца, живеат како туристи, плаќаат 100 денари за кафе во локалниот маркет наместо 50 (карикирам) ама пусти локал патриотизам ќе трпи.


А хотел гранит кој е хотел со четири ѕвездички за секого ли е ? Па авторот на текстот што земал да слика мени и да го прикаже Охрид во лошо светло демек еве зошто не чини, иронично е кога викате дека Охрид во тек на туристичка сезона кога вие плаќате поскапо 365 дена во годината ете ти прост пример хамбургер во седмица 130 денари а во Охрид на кеј до езеро лани 110 денари мислам дека беше. За таксистите се утепавте од хејтање вртеле, зимале многу а во Скопје зимаат дупло повеќе од реалната цена што треба да биде, цените во мини маркетите во Охрид беа минимално повисоки (ова за лани ти кажувам).

Од неутрална гледна точка јас така ги гледам работите :) одам во Охрид на одмор, одам на туристичко место, одам покрај езеро во туристичко сезона а скоро исто плаќам и кога ќе отидам во Скопје во обичен ден.
 
Колку плата земаат и дали воопшто работат на другар ти родителите? Кај се наоѓате бе ало? 25 евра од ден во Рим поефтин смештај на букинг ќе ви најдам и тоа кај железничка станица на 5 чекори од строг центар.

Слушнав во Дојран било 300 денари кревет, ало Македонијо кај се наоѓаш? Не озбилно што се замислувате, Аликанте? Палма де Мајорка?

Зимово се отепав од барање за Попова Шапка смештај 30 евра од ден беше најниска цена што ја добив. Мислам стварно очигледно незнаеме кај се наоѓаме на мапата на туризам на Светот.

Да дополнам и Скопје, цените се да паднеш во несвест, барокни цени, мислиш Прага седиш у центар.
Таткому е бизнисмен да не навлегувам во детали се занимава со градежништво имаат и дуќани и колку сакаш да ти ги изнајмуваат во центар на 2 мин од езеро апартман со 3 кревети кујна и вц ?
 
Кога ќе ти дадат Охриѓани 1кг за овие цени јави ми се:)

Можеби во Јануар :) , логички секој ќе помисли дека е килограм а не од парче а и она со кебапите збунува еден или колку за 300 денари , па тоа да се праени со златна прашина пак ќе бидат со нормална цена.
 
А хотел гранит кој е хотел со четири ѕвездички за секого ли е ? Па авторот на текстот што земал да слика мени и да го прикаже Охрид во лошо светло демек еве зошто не чини, иронично е кога викате дека Охрид во тек на туристичка сезона кога вие плаќате поскапо 365 дена во годината ете ти прост пример хамбургер во седмица 130 денари а во Охрид на кеј до езеро лани 110 денари мислам дека беше. За таксистите се утепавте од хејтање вртеле, зимале многу а во Скопје зимаат дупло повеќе од реалната цена што треба да биде, цените во мини маркетите во Охрид се минимално повисоки (ова за лани ти кажувам).

Од неутрална гледна точка јас така ги гледам работите :) одам во Охрид на одмор, одам на туристичко место, одам покрај езеро во туристичко сезона а исто плаќам и кога ќе отидам во Скопје во обичен ден.
Кој 4 ѕвезди бе, кој ги дава ѕвездиве? Хотел Дрим има 4 ѕвезди, Метропол и Славија со по 4, абе бумбари шетаат внатре, терасите се од на Хитлер времето! Какви 4 ѕвезди, ни една нема да добијат тие во светски рамки, ни една, за нула ќе се борат.
 
Колку плата земаат и дали воопшто работат на другар ти родителите? Кај се наоѓате бе ало? 25 евра од ден во Рим поефтин смештај на букинг ќе ви најдам и тоа кај железничка станица на 5 чекори од строг центар.

Слушнав во Дојран било 300 денари кревет, ало Македонијо кај се наоѓаш? Не озбилно што се замислувате, Аликанте? Палма де Мајорка?

Зимово се отепав од барање за Попова Шапка смештај 30 евра од ден беше најниска цена што ја добив. Мислам стварно очигледно незнаеме кај се наоѓаме на мапата на туризам на Светот.

Да дополнам и Скопје, цените се да паднеш во несвест, барокни цени, мислиш Прага седиш у центар.

Немој Рим да го спомнуваш како репер за ефтин смештај и ефтин туризам ЖИТИ МЕНЕ!
Ај разбирам интересно е сега и кул по Охрид да плукаш и све, ама некои работи се смешни веќе.

British tourists charged £54 for just FOUR ice creams in Rome café
 
Еве ќе ви кажам од моја перспектива

Оваа година сакав да одам на одмор на Лефкада 10 дена... Но не испадна финансиската конструкција како што треба и се одлучив да одам за Охрид на 4-5 дена. Кола да палам до Грција и да вадам зелен картон за 5 дена не ми се исплаќа.
Охрид како место за викенд или продолжен викенд е одличен, но ништо повеќе...

Дојран ми е поблиску, ама Дојран е за самоубици - подепресивно место е и од Кратово...

П.С Лефкада... see you next year, чувај се Порто Кацики :LOL:
 
Абе ај остај јадењето еве седнав кубалибре или појма неам која плажа беше и нарачав нес кафе .... цената му е иста како во мајами да си нарачал пијачка и само пена имаше во чашата , на таа келнерката и викам извини девојче може чаша вода ? и таа ми вика илина или ладна :S и се пулам збунето и и викам од чешма ..... овде не служиме од чешма вода ми рече .... 120 денари нес ( пена со малце млеко ) + 50 денари вода а на пример овде во Струга си пиеш покрај езеро мало макијато со вода за 30 денари

фак лоџик

како иначе ќе се троши флашираната вода требит после да ја врлат везеро
 
Таткому е бизнисмен да не навлегувам во детали се занимава со градежништво имаат и дуќани и колку сакаш да ти ги изнајмуваат во центар на 2 мин од езеро апартман со 3 кревети кујна и вц ?
У Охрид во Варош над 15 евра за 4ца апартман не смее да биде! Тие цени одговараат на Македонија ако сакаме туризам. Другиот смештај израчунајте сами колку треба да е. Само Трпејца треба да е поскапа најмногу до 20 евра за 4 кревета.

Македонија е ова, Македонци треба да идат. Неви идат Скопјани, идат Велешани, Штипјани, Гостиварчани, Неготинчани...Па половина и фазла од Охриѓани над 15000 денари плата со очи немаат видено. Цени ставиле ко демек заработуваат по 1000 евра па рацете не си ги замацуваат за помалку.

Цените доле или туризам нема да има.
 
Најјако е еднаш кога видов трокреветна соба во која 3 кревета не поголеми од метро осумдесе (ако си висок ќе си штрчиш) беа наместени ко тетрис да играле тие, а останат слободен простор во собата - 2 квадрата. Башка ако 2јца легнат да спијат на првите 2 кревета, третиот треба да се телепортира за да си легне без да ги разбуди.
 
Ендемски видови во Охрид , дури сега излегуваат на врв оние реклами на тв. за таквите ендемски суштества :D
 
Немој Рим да го спомнуваш како репер за ефтин смештај и ефтин туризам ЖИТИ МЕНЕ!
Ај разбирам интересно е сега и кул по Охрид да плукаш и све, ама некои работи се смешни веќе.

British tourists charged £54 for just FOUR ice creams in Rome café
Не бев пред сто години у Рим те молам. У Центар у ресторан јадев зајак со некој сос ме чинеше 9 евра. Кафе и сладолед дури неприметно беше, нешто као Грција, пица и вино на нозе да неможеме да стоиме не фати околу 40 евра за двајца.

Да не идеме у истиот Рим случајно?
 
А хотел гранит кој е хотел со четири ѕвездички за секого ли е ? Па авторот на текстот што земал да слика мени и да го прикаже Охрид во лошо светло демек еве зошто не чини, иронично е кога викате дека Охрид во тек на туристичка сезона кога вие плаќате поскапо 365 дена во годината ете ти прост пример хамбургер во седмица 130 денари а во Охрид на кеј до езеро лани 110 денари мислам дека беше. За таксистите се утепавте од хејтање вртеле, зимале многу а во Скопје зимаат дупло повеќе од реалната цена што треба да биде, цените во мини маркетите во Охрид беа минимално повисоки (ова за лани ти кажувам).

Од неутрална гледна точка јас така ги гледам работите :) одам во Охрид на одмор, одам на туристичко место, одам покрај езеро во туристичко сезона а скоро исто плаќам и кога ќе отидам во Скопје во обичен ден.
Друже во Гранит славините им се со бигор незачистен од Тачер додека беше премиер на Британија :D И имале некоја си глупа полиса, еднокреветни соби нема со поглед на езеро :pos: Зошто бе да немам поглед на езеро ако е еднокреветна собата? Кај им текнала цакава?
Стварно не знам кој ги дава ѕвездиве на македонскиве хотели. Исто така еве да не ме обвинат за локалпатриотизам, треба ревизија и на скопските хотели, поготово на Континентал, страв да ти е да се наведнеш на вратата да не ја скршиш.
 
Кој 4 ѕвезди бе, кој ги дава ѕвездиве? Хотел Дрим има 4 ѕвезди, Метропол и Славија со по 4, абе бумбари шетаат внатре, терасите се од на Хитлер времето! Какви 4 ѕвезди, ни една нема да добијат тие во светски рамки, ни една, за нула ќе се борат.

Друже во Гранит славините им се со бигор незачистен од Тачер додека беше премиер на Британија :D стварно не знам кој ги дава ѕвездиве на македонскиве хотели. Исто така еве да не ме обвинат за локалпатриотизам, треба ревизија и на скопските хотели, поготово на Континентал, страв да ти е да се наведнеш на вратата да не ја скршиш.


Претеравте малце сега и вие :D хотел со тениско игралиште, летна бавча, солиден ресторан, добро уредени апартмани, базен, простор за деца, плажа и езеро на 10 метри си е таман за четири ѕвездички. И нормално дека не е за секого..

Имаш галерии можеш да го видиш она што го кажувам..
http://www.hotelgranit.com.mk/
 
У Охрид во Варош над 15 евра за 4ца апартман не смее да биде! Тие цени одговараат на Македонија ако сакаме туризам. Другиот смештај израчунајте сами колку треба да е. Само Трпејца треба да е поскапа најмногу до 20 евра за 4 кревета.

Македонија е ова, Македонци треба да идат. Неви идат Скопјани, идат Велешани, Штипјани, Гостиварчани, Неготинчани...Па половина и фазла од Охриѓани над 15000 денари плата со очи немаат видено. Цени ставиле ко демек заработуваат по 1000 евра па рацете не си ги замацуваат за помалку.

Цените доле или туризам нема да има.
Епа видиш нема слога за цените никој не е будала да ти ги даде поефтино од другите , ама ајде има и по 300-350 денари од човек на поодалечените места ама тоа е тоа , ако одговара добро ако не пак добро , јас не издавам соби ниту имам шанк па да имам некоја корист од туристи обичен џаболебар сум што би се рекло ако улета нешто да улета така да јас не сум ни крив ни должен за цениве само се нервирам што некој скопски портали прават антипропаганда со цените на рестораните , кафичите и хотелите ко демек таму кај нив поефтино е . Ај да кажуваат луѓе од Кичево за таму знам сум бил и сум видел дека е ефтино или од другите градови ама Скопјани да ми прават компарација Охрид (во лето) и Скопје (цела година) не е убаво .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom