Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205
стај и црна гора во анкетава :) барем да имаме за што да гласаме
темава е за охриѓани или грци воглавно зошто охриѓани мислат дека македонските туристи во Грција ги камшикуваат десет дена во годината.
 
Во Македонија се спровела една анкета, колку лубеници може да носи еден просечен Македонец.
Се дошло до заклучок дека еден Македонец може да носи четири лубеници, две под мишка и две во рацете.
Утредента во еден Грчки весник како реплика на тоа напишале дека еден грк може да носи пет лубеници. Четири во рацете и една на пенисот.
Следниот ден, Македоците за инает напишале дека еден просечен Македонец може да носи девет лубеници, четири во рацете и еден грк со 5 лубеници на пенисот.

:pos2:
тамам за темава- од мерења на кого му е поголем- туристот килав и во охрид и во гејлада
 
Не е заебанција, вистина е.
За кебапчињата, најверојатно се однесува за порција ќебапи (десетка). Што би му дошло по 30 денари од ќебапче.

Но, не е тоа поентата на темава.

Тогаш 100 еура отидоа за еден фамилијарен ручек со се пијачките , па ова ни на Мајорка го нема :(
 
Тогаш 100 еура отидоа за еден фамилијарен ручек со се пијачките , па ова ни на Мајорка го нема :(

На ова ќе добиеш одговор:
„Ам ти не си Цацко да јајш 10 ќебапи мор. Ќе си земиш 2-3. Ако не ти чинит, да си јајш во Седмица“ :pos:
Која бедотија...
Јас мислев ќе им дадат предлог да го „возвратат ударот“ со љубезност и намалување на цените, а они ќе сликале ценовници од Скопје :pos:

А пази, демек ги реметат турстите што одат во Грција :facepalm:
Новите клима уреди во Грција
 
Охриѓани не дека се непријателски настроени туку само еден дел се нељубезни,тоа е разликата,првите глумат љубезност,а вторите не!

Од рационална гледна точка ниеден нормален турист не сака да оди кај нељубезен домаќин.

Кој им е крив на Охриѓани што не умеат да бидат љубезни ни кон останатите Македонци? И зошто да бидат нељубезни кон Скопјани, кога сме ИСТ народ?!

Треба ли да им аплаудираме поради тоа? Охриѓаните НИКОГАШ не признаваат дека се во грешка, и што е најлошо, немаат никаква желба да се поправат. Тоа е страшното.

Албанија веќе на големо се развива како туристичка дестинација, и памтете ми го зборот, ако продолжат вака Охриѓани, ни Т од туризам нема да видат.
 
Oхриѓаните да учеа од Грците како се води туризам до сеа ќе беа меѓу првите 5 најпосетени дестинации во Европа. Нељубезноста, никаквите сместувачки капацитети, лакомштината, ладниот однос, скапите цени се она што ме тера да не им идам више на Охриѓани. Башка шо ќе потрошам многу повеќе отколку на море. Чисто за споредба тура со брод во Грција со посета на 6 острови чини 12,5 евра додека Охриѓани за обиколка околу езерото зимаат 30 евра :eek: Лежалките во Грција со гага кафе и вода флаширана се 6 евра, а во Охрид ќе платиш само толку за лежалка без пијачка. Кафињата во Грција по кафичи е 1-2 евра исто ко у Охрид само шо овде пиеш кафе поред море а у Охрид поред езеро. Гиро во Грција е 1,5-2 евра додека хамбургер у Охрид е 150 денари. Смештај у Грција на чекор од море за двајца е 20-25 евра со вклучено користење на клима, интернет, сопствена тераса со жици и штипки за сушење алишта,комплет опремена и одвоена од соба - кујна, супер среден тоалет. Во Охрид за истата цена добивате смештај далеку од плажа, клима нема со изговор дека ноќите се свежи :eek:, интернет нема - зш ќе ти ко ќе бидеш на плажа, сопствена тераса немаш ама затоа имаш рѓосани жици и штипки од дедо ное, кујна некомплетно опремена, тоалет во кој не работи фасонката, четка за бришење го*ца со три влакна и туш кабина од под која тече вода.
За комплетно да биде задоволството ко ќе се одлучиш да изнајмиш смештај обавезно газдата ти кажува дека е поарно да си купиш готвено јадење отколку да му готвиш у смештај, да не му пушташ бојлер на скапа струја и фрижидерот да биде стаен на најмала јачина да не троши толку многу, е за разлика од Охриѓани ова во Грција никогаш не ми се десило. Прво ќе се убијат да ти најдат смештај. Значи ако во една куќа немаат место за сместување, одма те фаќаат за рака те носат кај нивен роднина/пријател и ти наоѓаат. Домаќинот секогаш те пречекува со насмевка, кафе, ти го покажува смештајот и не ти мрчи за нишо. Башка шо си сместен одма на плажа и не му е проблем на домаќинот секое сабајле да те пречека со насмевка, да те праша дали ти треба нешто, дали е се во ред, Да те спречи ти да си го фрлиш ѓубрето со муабет дека тоа е негова работа, да ти го чистат смештајот секој трет ден, а куќата да ја чистат секој ден. И зашо јас би идела у Охрид после ваков пречек и љубезност во Грција? Не фала. У Грција ем поефтино ќе поминам, ем нема да се замарам со глупи домаќини, ем ќе се бањам у море а не у езеро каде секоја година се излева канализацијата и туристите се капат у гомна.
 
Н
Ако се толку добри домаќини и пријателски настроени,а ние таму меѓу најбројните туристи,зошто не ставаат некое мени и на македонски ко што ставаат на српски или на интернет веб страните за сместување да си избереш јазик македонски ко што има на српски,руски,германски.

Мени на македонски ќе има кога Македонците за промена и ќе седнат да ручаат во грчки ресторан или таверна, наместо да влечат одовде се, од пипер, сол и зејтин, па се до месо, кромид, патлиџан и краставици (под девизата "Нека пукнат бе, им идам на море, ама едно евро нема да им оставам за храна, мамицата нивна").
 
На ова ќе добиеш одговор:
„Ам ти не си Цацко да јајш 10 ќебапи мор. Ќе си земиш 2-3. Ако не ти чинит, да си јајш во Седмица“ :pos:
Која бедотија...
Јас мислев ќе им дадат предлог да го „возвратат ударот“ со љубезност и намалување на цените, а они ќе сликале ценовници од Скопје :pos:


Истото си го помислив и јас. Џабе е бе, џабе. Не им иде памет.

И не знам како не сфаќаат дека сите го мислиме истото. Скопјаните та Скопјаните, свашта!
 
цените се за еден килограм скара колку кошта , нелогично е што едно кебапче е 300 денари , нема шанси или ова пак некој на зезанција го клал на нет .


Абе ај остај јадењето еве седнав кубалибре или појма неам која плажа беше и нарачав нес кафе .... цената му е иста како во мајами да си нарачал пијачка и само пена имаше во чашата , на таа келнерката и викам извини девојче може чаша вода ? и таа ми вика илина или ладна :S и се пулам збунето и и викам од чешма ..... овде не служиме од чешма вода ми рече .... 120 денари нес ( пена со малце млеко ) + 50 денари вода а на пример овде во Струга си пиеш покрај езеро мало макијато со вода за 30 денари

фак лоџик
 
Прочитав тука некаде „лажна љубезност“. А имам ли време да анализирам даи таа љубезност е лажна или не? Коа сум бил у грчка (било лето или пролет) секогаш сум бил третиран како турист.
Во Охрид честопати сум идел во пролет, тоа што ме иритира е константниот пораст на цените, било местото да се третира како биртија или првокласен ресторан. За пример на кејот има едно кафуле што личи на оние на времето пред да се прави ќејот зад ГТЦ во СК. И замисли ти, типов си наплаќа кокаколи по 100че и уво не го боли. Пивото беше 120денари ко да сум отишол во Рома Кафе да пијам еспресо со забајоне.
Друго што ме иритира е наплаќањето за влез во верски објект. Тоа никад нема да го прежалам. Да не зборам за тоа покрај што се наплаќа, ти се обесуваат околу врат да им купуваш манастирски вина, џигимиги, тракаташки. А само пред 15 години некако подрукчие ми изгледаше.
 
120 денари нес ( пена со малце млеко ) + 50 денари вода а на пример овде во Струга си пиеш покрај езеро мало макијато со вода за 30 денари

фак лоџик

Леле мори мајко:facepalm:

Од нив ништо не ме чуди, па и да почнат да наплаќаат влез во езероно, штом веќе не даваат ни вода од чешма. Цццц...
 
Јас никогаш не сум имала проблем во Охрид. Искрено, со ништо. Секаде каде сум седнувала биле љубезни, никогаш не ми наплатиле дупло, туку сосема нормално... У Грција бев пред 2 години. Не е тоа тоа. Не се груби, ама не е и дека се љубезни. Неутрални се и плус не се осеќам пријатно некако.
Гласам за Охрид.
 
Грците шо организираат тури со брод не им е понижување да ти ги измијат нозете ко ќе се качиш во него, а и не се лакомат да превезуваат патници во поголем број од дозволеното. Исто така се многу паметни пошо идат со реални цени за јадење и пиење на брод. Ко ќе се укрцаш у брод ти вика порција суфлаки 6 евра, коктели по 5 евра. После два саати ги намалуваат цените на порција суфлаки 3 евра, коктели 3 евра. За на крај да стигне суфлакито до 1 евро, а октелите 2 евра.
Е они знаат како да ти ги земат парите, додека Охриѓани се толку лакоми шо се у стање да го фрлат месото ама не спуштаат цена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom