А
Атомската мравка
Гостин
Јас ги навредив тие што зазедоа ваков став, не ги навредив охриѓани генерално. Како можев да го пофалам охриѓанецот кај што седев лани? Да бев хејтерски настроена и кај него ќе најдев нешто што не ми чинеше нели? И сега охриѓанецов наместо да се свести и да каже чекај бе стварно скапо е, тој зел од Тренд сликал мени и го опнал на сајтот, со што индиректно признава дека е скапо во Охрид, ама вика чекај јас да им покажам да видат како џубрињава.. Како прво прашај кој сакаш од форумов ќе ти каже дека Тренд е шминкерско место и не е за седење за муабет да си направиш, еве лично јас имам одбивност кон тоа место и само еднаш имам отидено и тоа зошто еден странец другар на братучед ми сакаше таму да седне. Во Тренд седат само оние што се сметаат за авангарда во градов (дали заслужено или не, не коментирам), не седат обични граѓани, се познава по фаците.. Ете тоа е со Тренд и затоа охриѓанецот кој само го шлапнал менито треба да се замисли малце што прави. За таксистиве во Скопје еве пак ќе ти кажам, не знам дали вие читате по форумов дека и ние што живееме во градов сме самокритични за општо превозот во градов. Само што ете ја разликата, кога странец ќе се пожали тука во Скопје за нешто, ние не викаме а кај тебе дома ти во Копенхаген така се жалиш?
И не е финтата да сликаш мени од скопски кафич. Имаш гости од Струмица, Велес, Штип...и тие да не седат во Тренд па да им покажеш убаво?
Убаво кажа Леандра на прошлата тема, и на охриѓани им е скапо тие три месеца, живеат како туристи, плаќаат 100 денари за кафе во локалниот маркет наместо 50 (карикирам) ама пусти локал патриотизам ќе трпи.
А хотел гранит кој е хотел со четири ѕвездички за секого ли е ? Па авторот на текстот што земал да слика мени и да го прикаже Охрид во лошо светло демек еве зошто не чини, иронично е кога викате дека Охрид во тек на туристичка сезона кога вие плаќате поскапо 365 дена во годината ете ти прост пример хамбургер во седмица 130 денари а во Охрид на кеј до езеро лани 110 денари мислам дека беше. За таксистите се утепавте од хејтање вртеле, зимале многу а во Скопје зимаат дупло повеќе од реалната цена што треба да биде, цените во мини маркетите во Охрид беа минимално повисоки (ова за лани ти кажувам).
Од неутрална гледна точка јас така ги гледам работите
