Кои се попријателски настроени домаќини: Охриѓани или Грците?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Кои се подобри туристички домаќини?


  • Вкупно гласачи
    205
Дали некој видел мени од грчки хотел ?????или само се парталите со тоа колку пари било гирото дека било 2 евра


в чаршија сендвичарине хотели се ?
120 денари е еден хамбургер а плескавицата со интерпол да ја бараш :tapp:

И не е муабетов за цените .... споредуваме и гостопримливост која кај вас не е на ниско ниво , во минус е појдена
 
Абе курајбер... Немам потреба, ниту пак причина да те лажам. Ниту ми лепеле налепница, ниту ми краделе таблица. Ниту пак за историја ми го тупеле.
Кога и да ме прашале, сум викал дека сум од Македонија. Не се глупи да не сфатат дека не сум од нивната, туку од нашата - штом зборам на англиски. Дури сме збореле и за обичаите, квалитетот на македонското и грчкото вино и тн... Зошто мислиш дека би барал оправдување за изборот? Демек, совеста не гриза што направиле подобар избор, па потсвесно сакаме да бараме оправдувања за изборот? :pos:

Од друга страна, во Охрид:
- Ме нарекувале „скопјаниште“;
- Ми наплаќале влез во верски објект:
- Во верски објект ги делат на „наши“ и „странци“ (за вторите има повисока цена);
- Сум бил дискриминиран од страна на полицијата, поради скопските таблици (единствен казнет за погрешно паркирање, додека сите останати со охридски таблици беа пропуштени);

Овие работи никаде на друго место не ми се случиле... И да, има еден куп случки (лични и од пријатели) кои навистина ме мрзи да ги пишувам.
Ама да, ние пошто си бараме оправдување за изборот, затоа ги „ругаме“ охриѓани... :pos:

топ, пренеси му го овие твои позитивни искуства на оној камионџијана што го шамараа и на оние се враќаат без таблици и со исшкртана кола. Напрајте си муабет убеди ги колку се фини грците и колку ““не се замараат со политика’’ и слично


- Ме нарекувале „скопјаниште“;

аххеахеххеа..... озбилен си....сва среќа па што на Полихроно Македонец те нарекле.
--- надополнето: 28 јули 2013 во 15:11 ---
Сигурна сум дека Пешевски, Никола Тодоров, Коце Трајановски, Влатко Ѓорчев и Силвана Бонева би се согласиле со тебе.

.

драго девојче, не ме занима мене Коце, Никола, Петко, Станко. Јас тргам од себе и за себе. Ако мене не ми одговара да ме деградира некој и да ме омалуважува за мои пари ја не му идам. Мојата логика дека зе ебење плаќа само мазохиста. Ако на гореспоменативе и тебе ти одоговара, иди им слободно.... “твои пари си се’’ :icon_lol:
 
топ, пренеси му го овие твои позитивни искуства на оној камионџијана што го шамараа и на оние се враќаат без таблици и со исшкртана кола. Напрајте си муабет убеди ги колку се фини грците и колку ““не се замараат со политика’’ и слично




аххеахеххеа..... озбилен си....сва среќа па што на Полихроно Македонец те нарекле.


Еден грк да го земиш е пофин од цел Охрид заедно ... услуга-нула, култура-селјаци, цени - како на тропски остров и згора на се за све можно и невожможно наплаќате .... е па не се толку наивни скопјаништава , видоа колку е сатот и дека за исти пари барем одмор ќе видат на друго место

Колку беше кафето во еве на пример во славија пред еден месец а колку е сега ?
 
И кај едните и кај другите не сум бил никогаш. Луѓево што ми кажувале, а што биле и кај едните и кај другите повеќе пофални зборови имаат за Грците како подобри домаќини и пољубезни. А за Охриѓани според кажувања ми делуваше баш како на рекламите што беа за подобар туризам.
 
Скопјаништана шо пишвет на темава, а се биле во О'рид скоро да ми пишат ПП за бројче од некои апартмани, сакам да одам во Вторник на 5 дена...
Охриѓаништава шо издавет апартмани или соби и пишат на темава, да ми пишат да се договориме...

Фала пуно

Шчипјанецот
 
Абе бегај домаќини биле Охриѓани.
Пред 3 год ни се погоди една возрасна жена која живееше сама па цел спрат беше за нас.
Жената првите 2 дена ни ги собираше крпите од жицата кои се сушеа.
Го вклучивме бојлерот и отидовме на плажа а она по нас го исклучила. :pos:
Не даваше тв да вклучиме ако нема никој во собата и не ни даде ни клуч од вратата.
Секоја вечер не чекаше и еднаш ни вика вие вчера си дојдовте во 2 а оваа ноќ во 4 часот. :pos:
Последниите два дена не премести на долниот спрат кај неа, а ние каде што бевме смести цела фамилија.
Одморот е да си сместен самостојно, а не со уште 4 лица во една соба или 3 фамилии во една куќа и сите заедно користат вц и кујна.
Грците се по домаќини за 10 евра имаш се во апартманот, газдата не те ни замара додека престојуваш таму.
Охриѓаните од лакомост за 300 ден сакаат да сместат 5 фамилии во куќа од 10 соби.
Ова ли е со две звезди па и 400 ден господе :eek: :pos:
 
драго девојче, не ме занима мене Коце, Никола, Петко, Станко. Јас тргам од себе и за себе. Ако мене не ми одговара да ме деградира некој и да ме омалуважува за мои пари ја не му идам. Мојата логика дека зе ебење плаќа само мазохиста. Ако на гореспоменативе и тебе ти одоговара, иди им слободно.... “твои пари си се’’ :icon_lol:

Јас ваков третман како што пишува во болдираното добивам во Охрид и затоа не одам. Во Грција секојпат биле фер и коректни и не само што не ме навредиле или омаловажиле, туку биле максимално ОК. Да, за мои пари ќе одам таму каде што имам подобра услуга, а тоа е дефинитивно Грција.
 
Најјако у Охрид ми е тоа „соби“,„апартмани“, „студија“.....не е ни првото, ни последното него шпајзот за буриња со купус гледаш колку максимум кревети може да собере :facepalm:

И не зборете да не се генерализирало....Охрид као град лута, се нема генерална идеја, а поединци што се понормални само си трпат заради тоа....
 
топ, пренеси му го овие твои позитивни искуства на оној камионџијана што го шамараа и на оние се враќаат без таблици и со исшкртана кола. Напрајте си муабет убеди ги колку се фини грците и колку ““не се замараат со политика’’ и слично

#1драго девојче, не ме занима мене Коце, Никола, Петко, Станко. Јас тргам од себе и за себе.
#2 Ако мене не ми одговара да ме деградира некој и да ме омалуважува за мои пари ја не му идам. Мојата логика дека зе ебење плаќа само мазохиста. Ако на гореспоменативе и тебе ти одоговара, иди им слободно.... “твои пари си се’’
:icon_lol:

#1 Аехаеха. Значи во твој стил, јас да ти одговорам дека „не ме занима камионџијата (кој патем не бил турист) и дека тргам од себе и за себе“.
#2 Ете, баш поради тие причини јас не одам во Охрид.

Патем, според резултатите од анкетата, за сега ми се чини дека доста луѓе имале понепријатно искуство со охриѓани, отколку со тие што треба да ни се најголеми душмани... На политички план - несомнено се гадови. На туристички... Не.
 
Па ги нарече дегени само затоа што ви вратиле чисто со споредба на цени во бетон природа во кафе тренд, оваа кока кола од 90 денари сигурно е позлатена или 110 денари скопско пиво :tapp: хамбургер ако не се лажам 130 денари во седмица, факинг 130 денари (не сум сигурен така имам слушнато) па во Велес за тие пари скоро 3 хамбургера ќе купам.. секоја споредба со Охрид паѓа во вода кога знаеш таму имаш езеро, имаш природа, туристичко место е а што има во Скопје на пример ? За таксито нормално дека ќе пробаат да нечекаат некој наивни туристи па да земат екстра пари (сиромаштија - сепак таксисти се во прашање) кои и во Скопје за неполни 2км ми земаат 100тина денари а реално цената не треба да биде повеќе од 40-50 денари
Јас ги навредив тие што зазедоа ваков став, не ги навредив охриѓани генерално. Како можев да го пофалам охриѓанецот кај што седев лани? Да бев хејтерски настроена и кај него ќе најдев нешто што не ми чинеше нели? И сега охриѓанецов наместо да се свести и да каже чекај бе стварно скапо е, тој зел од Тренд сликал мени и го опнал на сајтот, со што индиректно признава дека е скапо во Охрид, ама вика чекај јас да им покажам да видат како џубрињава.. Како прво прашај кој сакаш од форумов ќе ти каже дека Тренд е шминкерско место и не е за седење за муабет да си направиш, еве лично јас имам одбивност кон тоа место и само еднаш имам отидено и тоа зошто еден странец другар на братучед ми сакаше таму да седне. Во Тренд седат само оние што се сметаат за авангарда во градов (дали заслужено или не, не коментирам), не седат обични граѓани, се познава по фаците.. Ете тоа е со Тренд и затоа охриѓанецот кој само го шлапнал менито треба да се замисли малце што прави. За таксистиве во Скопје еве пак ќе ти кажам, не знам дали вие читате по форумов дека и ние што живееме во градов сме самокритични за општо превозот во градов. Само што ете ја разликата, кога странец ќе се пожали тука во Скопје за нешто, ние не викаме а кај тебе дома ти во Копенхаген така се жалиш?

И не е финтата да сликаш мени од скопски кафич. Имаш гости од Струмица, Велес, Штип...и тие да не седат во Тренд па да им покажеш убаво?

Убаво кажа Леандра на прошлата тема, и на охриѓани им е скапо тие три месеца, живеат како туристи, плаќаат 100 денари за кафе во локалниот маркет наместо 50 (карикирам) ама пусти локал патриотизам ќе трпи.
 
Ни кај едните ни кај другите , кај турчињата најубо ќе си помините 14564856 се погостопримливи . Охрид е скапо со оглед на услугата , плажите а па Грција не ми се оди од принцип :)
 
Aпартмани во центар 25е од вечер сакаш на мој другар се .

Колку плата земаат и дали воопшто работат на другар ти родителите? Кај се наоѓате бе ало? 25 евра од ден во Рим поефтин смештај на букинг ќе ви најдам и тоа кај железничка станица на 5 чекори од строг центар.

Слушнав во Дојран било 300 денари кревет, ало Македонијо кај се наоѓаш? Не озбилно што се замислувате, Аликанте? Палма де Мајорка?

Зимово се отепав од барање за Попова Шапка смештај 30 евра од ден беше најниска цена што ја добив. Мислам стварно очигледно незнаеме кај се наоѓаме на мапата на туризам на Светот.

Да дополнам и Скопје, цените се да паднеш во несвест, барокни цени, мислиш Прага седиш у центар.
 
Охрид цел живот сум идел, не се променило однесувањето. Биле тешки прчли, и останаа прчли. Некои додека им одговара ќе играат љубезно со тебе, денот кога ќе треба да заминеш уште со клоци што не те истерале. Барем сите Охриѓани да не глумеа, па да речеш барем не ти се преправа дека му се допаѓаш, и дека сака да те услужи, ама не е така за жал.

За разлика од Охрид, во Грција сум бил само три пати, и сите тие пати сум си поминал одлично. Значи зборам од граница, па до местото на престој, па се до заминувањето. Некој може да се убаци и да каже дека Грците уште повеќе глумат од Охриѓаните но искрено мене не ме интересира дали однесувањето е искрено или не, дали биле Грци или Охриѓани. Ако од почеток до крај покажат почит и сум услужен како што треба, не ми менува ништо дали се преправале они или не. Јас не идам на било кои од тие места за да градам нови меѓучовечки односи, идам на одмор, со одбрано друштво кое ќе ја третира таа потреба за меѓучовечки односи, а тие се таму за да ти овозможат убаво да го поминеш престојот. Никој не се дави во илузии дека било кој од нив не сака :).

Разликата е тоа што Охриѓаниве без разлика што се очекува од нив да бидат љубезни и услужливи, најчесто не се. Додека другиве, и повеќе од очекуваното задоволуваат. Во Охрид ако те разбере дека си од Скопје, ти качува цена и те дупи во здрав разум кога треба да купиш нешто, ти наплаќа 5 топки сладолед а ти си изел три, ти наплаќа две четвртини бурек а зи изел еден. Во Грција, збориш македонски, кажуваш од кај си, луѓево ти симнуваат цена (не се ни ценкаат како во Турција, што е пак супер, но за споредба, ова е подобро), ти купуваш одредени производи, они ти ставаат плус производи во кесата бесплатно за да дојдеш утре и пак да купуваш од кај нив. Лапнавме и гратис лубеница прехлани така.

Нека каже кој што сака, впечатоците ги гради искуството. Иако за споредба Охрид и Грција ми варираат со искуство, 3 out of 3 да се фантастични одмори едно по друго, на различни места, сепак укажува на нешто. Немало никакви глупости во врска со политичкиве игри, или мојот етникум, нити да се плашам да зборам на македонски, или да кажам од кај сум. Кога ќе не чуеа, сите збореа или на српски, или српско-македонски за да имаме подобра комуникација на пример. И следниот одмор сигурно ќе биде пак Грција (или Турција), Охрид е одамна отпишан.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom