Дали ви е потребен долг сон за да функционирате преку ден?

  • Креатор на темата Креатор на темата Peja989
  • Време на започнување Време на започнување
И ја го имам истиов проблем. И осум саати ми е смешно мене.
Десет ми се таман, 12 класика, 13-14 иако си поштуем, не ми прија, не се осеќам убаво после низ текот на денот.
Инаку кога спијам 8 часа или помалку, мозокот ми функционира, неам проблем со тоа, туку проблемот е што можам да заспијам во секој момент. Пример одам во читална и ако сум спиен 8 часа или помалце, читам 2 саати и заспивам. Неможам едноставно, ми бара сон мозоков.
Морам да одвојувам екстра енергија за да не заспијам. Морам константно да се трудам, да се движам, да праам нешо да се дружам а у..
А више влагам у фаза на животов каде што неможам да си дозволам баш 10плус часа сон...
Решение?
Ја па некоја навика фатив у 5 сабајле си легнувам, у 10 станувам.
Енергичен свеж и се тоа.
Само подочњациве шо ми се ко со маркер цртани друг муабет.
 
Па незнам колку би ти помогнало ова е чисто информативно, ама јас во моментов спијам по 6 часа отприлика, многу ретко 8.
Речиси две години работев трета смена, па се враќав во 9 сабајле дома, додека да заспијам 9 ипол-10 па станував во 15-15ипол. Значи во просек по 5 саати.
Сега месец дена како не го работам тоа веќе па уште сум на истите саати сон, легнувам накај 4-5 станувам 11. Обавувам спортски активности на пладне, прилично ок функционирам, ретко спијам преку ден, а ако спијам тоа е саат време дремка.
Мене највеќе нешто што ми помогнало за да не ми се спие било црн чај. Не во ќесички туку во гранчиња. Пред да одам на работа кога ќе сум се напиел од него никогаш не сум имал кризи во текот на ноќта, споредбено со турско кафе, епсресo или нес, црниов чај вршел највеќе работа. Пробај две епруветчиња (од оние турските) па да видиме :)
 
Не знам зошто би сакал да го намалиш бројот на проспиени саати. Сите препорачуваат дека 8 саати е оптимално време за спиење.

Дури, штом знаеш дека ти се потребни 8 саати, може да си направиш распоред и да си легнуваш во 22 и да стануваш во 6 или да си легнуваш во 24 и да стануваш во 8. Тогаш си ем наспан ем цел ден е пред тебе.

Инаку, јас сум прочитал дека најдобро спиење е на интервали од по 90 минути. После еден таков интервал телото е спремно за дополнителен напор, односно не се чувствува уморно. Затоа, ако човек спие час и половина може да стане одморен, а ако спие 2 часа, на пример, после станувањето се чувствува уморен - телото било прекинато во процесот на припремање на самото себе и е недоволно спремно за следните напори. И затоа се препорачува спиење на интервали од по 90 минути, т.е. час и половина, три часа, четири и пол часа, шест часа, седум и пол часа итн.

Јасно, ова е само статистички пронајдено, но може да се покаже како точно и во твојот случај. Со дги зборови, ако сакаш да го намалиш бројот на спиење *вечерно време*, спиј час и половина, три, четири и пол или шест часа тогаш, но потоа надокнадувај го спиењето со дремки (исто од по 90 минути) во текот на денот. Би требало да функционира..

Со лесно.
 
Не знам зошто би сакал да го намалиш бројот на проспиени саати. Сите препорачуваат дека 8 саати е оптимално време за спиење.

Дури, штом знаеш дека ти се потребни 8 саати, може да си направиш распоред и да си легнуваш во 22 и да стануваш во 6 или да си легнуваш во 24 и да стануваш во 8. Тогаш си ем наспан ем цел ден е пред тебе.

Се е тоа убаво. Јасно ми е. Јас претпочитам да легнам во 12 и си станувам во 8, за да одам на работа. Само што се случува некогаш да се вратам дома во 12, додека се истуширам, легнам и заспијам 1 ќе фати, значи веќе сум скратил 1 саат. Некогаш од град доаѓам касно а треба наредниот ден рано да станам и јас сум утепан.
 
Затоа ќе наместиш аларм да те разбуди во термин којшто одговара на неколку пати x 90 минути, а остатокот ќе го отспиеш кога ќе се вратиш од работа или кај и да е. Пример: се прибираш во 24, легнуваш во 1. Нека ти треба уште саат време за спремање наутро и пола саат за стигнување до таму. Ако треба во 8 да си на работа, во 6:30 веќе треба да си буден, за во 7:30 да тргнеш. Од 1 до 6:30 тоа се 5 и пол часа за спиење. Затоа, намести аларм да станеш во 5:30 - тоа ќе бидат 4 и пол часа спиење, а ќе имаш и време да се спремиш полека и без брзање (т.е. ќе имаш дури два часа да се спремиш за одење на работа). Остатокот што ти е потребен да го отспиеш (три или повеќе часа) ќе го надокнадиш поладне; организмот ќе го издржи тој напор, ако се припремиш дека после него ќе следи спиење.
 
Инаку, јас сум прочитал дека најдобро спиење е на интервали од по 90 минути. После еден таков интервал телото е спремно за дополнителен напор, односно не се чувствува уморно. Затоа, ако човек спие час и половина може да стане одморен, а ако спие 2 часа, на пример, после станувањето се чувствува уморен - телото било прекинато во процесот на припремање на самото себе и е недоволно спремно за следните напори. И затоа се препорачува спиење на интервали од по 90 минути, т.е. час и половина, три часа, четири и пол часа, шест часа, седум и пол часа итн.

Пред скоро време читав за нешто такво, мислам дека на Lifehacker.com беше. Имаше детално објаснување колку време е потребно да се одмориш или ако треба да станеш во 7 сабајле, имаше дадено како да пресметаш во кој период е најдобро да си легнеш. Исто имаа споделено и апликација во која внесуваш време кога треба да станеш и ти дава неколку времиња во кои е најдобро да си легнеш, за мозокот и телото да ти се одморат и да станеш во предвиденото време.

Не знам како е докажано тоа и колку е точно, но ќе се обидам да го најдам текстот и линк до апликацијата.
 
Најмалце 7-8 саата, под тоа сум како умрен.
 
Порано дури одев на факс секој втор ден се успивав и не ни тргнував после, после почнав да практикувам кога имав полагања да не легнувам да спијам оти имав лоши искуства, пр полагање од 8 а јас се разбудувам во 15 часот:tapp:
Сега од коа работам спијам во просек по 6 часа дневно и сум 100% концентриран, али дури сум на работа пијам по 2-3 кафиња минимум, што турски што нес стронг
 
И јас го имам овој проблем со многу спиење ...
 
Ја некогаш и по 4 саати спијам и исто ми е како да сум спал 10 саати. Не знам зошто, но колку и да спијам, малку или многу кај мене после пола саат од станувањето ми е исто. Секогаш ја имам истата енергија. Можда оти сум млад уште. Ама ако се соберат повеќе денови со малку спиење знам преку ден да дремнам саат/два и после сум па како нов.
 
Пеџа, и јас порано го имав овој проблем. Ми беа потребни минимум 12 саати за да можам наредниот да функционирам оптимално на ниво на организам без некои последици. Го навикнав телото после година-две да легнувам порано за да станам порано, или да легнам касно и пак да станам порано, па во текот на денот да надокнадам одмор (викам одмор, не сон - битна разлика). На два пати по саат или саат ипол ќе одморев во текот на денот и бев како нов.

Друго нешто што ми помогна на пример да ми се приспие и порано да легнам беше да го изморам организмот драстично во текот на денот, дали физички/ментални итн. обврски низ дома, или надвор итн. - за да компензира, организмот ти бара одмор порано. Единствено можам тоа да ти го препорачам. Не знам инаку зошто сакаш да си ги скратиш тие 8 часа. Медицински не е препорачливо помалку од 6 саати сон за некој кој е адолесцент. Млад дечко си, не треба да кратиш толку од сонот. 8 би требало да се доволни, ако во ритамот на живеењето имаш рутини како идење на работа и сл.

За разлика од другите јас нема да ти препорачам пиење кафе наутро. Навечер па никако. Само во текот на денот ако те фати криза од умор како што тврдиш дека често ти се случува. Подобро би било наутро кога ќе станеш да испиеш нешто ладно (со мраз внатре), да те промрда малку, исто така и еден 5 минутен туш со млака или ладна вода нема да биде лошо. Доста знае да расони, и вака во пролет и лето доста сум го користел тој режим насабајле. Исто имењакот мој ти даде добар совет за црниот чај, и тоа доста би требало да ти помогне. Ете кај него и кај мене е проверено.

Good luck and share some updates soon :)
 
Пробај да конзумираш повеќе овошје и зеленчук,за енергијата на организмот не е важен само сонот туку и исхраната.
Јас летово си го пореметив цел биоритам,ноќта ми беше ден,но еве послендава недела/две оти треба испити да спремам почнав да се враќам во нормала.Си легнувам кај 1 или 2,а станувам кај 10.На почетокот првите два саати од денот ми беа многу тешки,како некоја флегма бев,тоа го надминав со правење вежби(како што прават за загревање по фудбал тренизи) на сабајле и по здрава исхрана.Кафе престанав да пијам(може еднаш во денот преку сила) бидејки имам двајца другари од премногу кафе пиење им најдоа проблеми со срцето,па докторите им препорачаа да не пијат кафе туку кофеинот да го заменат со повеќе конзумирање на овошје и зеленчук, и млечни производи(јогурт,млеко,сирење).Мислам дека овошјето и зеленчукот највеќе ми помогнаа да се вратам во нормала, предходно во неделата јадев само по две праски и тоа некој од дома ако ми дадеше.
 
Веќе ми е полесно, зошто знам дека повеќе луѓе го делат мојот проблем :)

Шкорпи брат, не е муабетот зошто сакам да си го скратам спиењето од 8 часа туку како да го скратам? :)

Не сакам да бидам цел живот приморан да си легнувам во 12, за да станувам во 8 за на работа.

Дефинитивно ќе пробам со црниот чај и спиењето по секвенци од час и половина.

Грејвдигер, ако ја најдеш листата на нет, те молам сподели ја :)
 
Јас еве на пример во 3 сабајлево се прибрав дома а од 9 сабајлево сум на работа ... одам сега дома во 5 и пол легвам пред телевизор и го пуштам умов на пасење 30-40 минути .... не повеќе затоа што ако дремам појќе од еден сат уште помака ми е

После еден туш и пак до 3 сабајле :D
 
Ееее...да си ми жив и здрав. Јас завчера легнав накај 1 и нешто, станав во 7, имав некои обврски цел ден, само гроги бев. Бев излезен, се прибрав накај 1 и нешто и имав работа, морав да склопувам маил:facepalm:, паралелно и на нет и легнав накај 3. Станав денес во 10 и нешто....од 12 до сега еве очи ме печат, ми се спие... :)

Цел ден сум наваму натаму што се вика, чекам и гости да ми дојдат што ги неам видено година дена иначе, да легнам, се будам утре за на работа :D

Битно за напомена, во глобала сум тежок скитник и дома освен ако спијам не сум повеќе од час и нешто и тоа пред легнување.

Морам да го воведам тоа одмарање после работа/обврски од еден час. Чмаење пред тв и кулирање, современо кажано! :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom