Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.206
Поени од реакции
6.247
Оди ѓаволот кај господ и му викa:
Господе да те замолам да ми дозволиш да направам барем едно добро дело на земјава ке те израдувам искрено и господ му дозволил.И ѓаволот решил да го создаде градот Охрид со езерото.Отишол господ да види што направил ѓаволот и има богами што да види, прекрасно езеро, прекрасен град со цркви,куќи, улици,плоштад и ред други работи.Господ на оваа глетка му вика:
Браво ѓаволе одлична дело си направил навистина ме изненади а ѓаволот му одговара:
Е господе уште да видиш каков народ сум ставил внатре!:)
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
Мислам дека ладниот Јули е причината за слабиот број на туристи годинава.
Најдобар виц на темава :pos:
Причина за слабиот број на туристи се ладните охриѓани, не ладниот јули.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Најдобар виц на темава :pos:
Причина за слабиот број на туристи се ладните охриѓани, не ладниот јули.
Не верувам дека се "освестија" токму ова лето туристите за односот на Охриѓани.
Може да има некое мало намалување на туристи заради тоа, ама ако е празен како што се кажува мислам дека времето е фактор, барем за домашните туристи.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Најдобар виц на темава :pos:
Причина за слабиот број на туристи се ладните охриѓани, не ладниот јули.
Да,во грција ептен се топли луѓето(посебно спрема нас) па затоа 300-400 000 Македонци секое лето одат таму.

:facepalm:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
Да,во грција ептен се топли луѓето(посебно спрема нас) па затоа 300-400 000 Македонци секое лето одат таму.

:facepalm:
:facepalm:
Па штом одат, значи дека се далеку попријателски расположени и подобро си ја бркаат работата од охридските „туристички работници“. Тоа што провладините медиуми константно се обидуваат да им го извлечат газот на охриѓани со „известување“ за некакви „газења“ на македонските туристи во странство, охриѓани упорно не знаат да го искористат. А туристите одамна не подлегнуваат на такви финти.

И не ме убедувај во спротивното, те молам. Ова мислам дека дури и разумните охриѓани го сфатија до сега. Затоа и (на пример) Лефкада летово беше преполна со автомобили со охридски таблици.

Не верувам дека се "освестија" токму ова лето туристите за односот на Охриѓани.
Може да има некое мало намалување на туристи заради тоа, ама ако е празен како што се кажува мислам дека времето е фактор, барем за домашните туристи.
Во последниве 5-10 години, како што се зголемува свеста на туристите, така се намалува и бројот на туристи кои го поминуваат својот одмор во Охрид.
Ова особено зема замав со експанзијата и интернет пенетрацијата во Македонија. Сега многу повеќе луѓе може да дознаат за условите, услугите и цените кои ги нудат другите туристички дестинации и да направат компарација со понудите во Охрид. Од друга страна пак, кога сме кај благодетите на информациите добиени преку интернет - охриѓани тотално погрешно го користат. Наместо да размислат на подобрување на сопствените понуди (учејќи од соседите), тие дремат на форуми и социјални медиуми, убедувајќи не како „Во Охрид е подобро и поевтино“. Или во краен случај, да ни го споделат ултимативниот аргумент наречен - „Ак не ви чинит - не идајте!“.
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Солено во Охрид


Еве зошто никој не иде во Охрид. Па после нека не се жалат охриѓани..

Овие фотографии се од мени во еден од хотелите на охридското крајбрежје, а ни ги испрати читател кој вели
„патриотски е да летуваш во Охрид ама богами се чуствуваш и како да си на море со солениве цени – ражнич е 400 денари а обична плескавица 300 – и после зошто се бунат туристите прашуваат. Некои пријатели ми велат зошто сум отишол да вечерам во хотел – па каде да вечерам кога тука сум сместен. Богами следната година Охрид нема да ме види потрошив повеќе пари отколку во Хрватска да сум бил“
Читателот вели дека жива „ пљачка“ било и во продавниците за реквизити за деца.
„малата сакаше гума со патка. сопругата прашала колку е и кажале 500 денари – викам 500 ден за гума не давам па што сака нека е. утредента малата пак ме влече натака, прашувам колку е и продавачката ми вика 350. целиот збунет си заминав и и викам на сопругата абе не си чула добро 350 е оди и купи и ја на малата скапа е ама ај. Одат ја купуваат, се враќаат и жената ми вика сега беше 200 денари – мојата чудесна земја“ вели читателот.
Текстот е преземен од МКД-ЊУС
http://puls24.mk/makedonija/vesti/soleno-vo-ohrid

@Олимпија; кога ќе идеме на софра во Гранит? Станот до каде е за продажба?:D
Нема смисла да се даваат цени во хотел покрај езеро као демек солени.Па нормално ќе бидат солени.Секаде е така.
--- надополнето: 28 јули 2013 во 12:26 ---
:facepalm:
Па штом одат, значи се далеку попријателски расположени и подобро си ја бркаат работата од охридските „туристички работници“.
И не ме убедувај во спротивното, те молам. Ова мислам дека и разумните охриѓани го сфатија до сега. Затоа и (на пример) Лефкада летово беше преполна со автомобили со охридски таблици.
Попријателски расположени во Грција??Спрема нас??Ти ова сериозно или онака колку да напишиш нешто??
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.225
Поени од реакции
34.519
Попријателски расположени во Грција??Спрема нас??Ти ова сериозно или онака колку да напишиш нешто??
Крајно сериозен*

*Базирано според моето искуство од посетата на Грција и Охрид во изминативе 7 години.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
:facepalm:
Во последниве 5-10 години, како што се зголемува свеста на туристите, така се намалува и бројот на туристи кои го поминуваат својот одмор во Охрид.
Ова особено зема замав со експанзијата и интернет пенетрацијата во Македонија. Сега многу повеќе луѓе може да дознаат за условите, услугите и цените кои ги нудат другите туристички дестинации и да направат компарација со понудите во Охрид. Од друга страна пак, кога сме кај благодетите на информациите добиени преку интернет - охриѓани тотално погрешно го користат. Наместо да размислат на подобрување на сопствените понуди (учејќи од соседите), тие дремат на форуми и социјални медиуми, убедувајќи не како „Во Охрид е подобро и поевтино“. Или во краен случај, да ни го споделат ултимативниот аргумент наречен - „Ак не ви чинит - не идајте!“.
Ако веќе правиме муабет за намалување на туристите во последниве 5-10 години не дека нешто се промени во менталитетот кај нас, туку најголем фактор за одлив на домашните туристи од Охрид се понудите на грчките плажи кои ги намалија цените за пола и што е поважно се олесни процедурата за одење на одмор таму.
Ако до пред 10тина години требаше да чекаш два дена пред грчка амбасада и да живееш со сендвич од Седмица за да платиш и добиеш виза (ако добиеш) и да појдеш на одмор во Грција, сега само ја палиш колата и го правиш тоа за неколку часа.
Тука повлијае секако и експанзијата ма Албанија како туристичка дестинација која исто така им зеде доста туристи на Охриѓани.
Ако не беа овие работи погоре напишани, Охрид пак ќе беше полн со домашни туристи и покрај лошиот однос на Охриѓани.
Ама пак викам дека не верувам оти годинава пресекле туристите да не идат заради тоа и покрај тоа што има влијание рековме.
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.767
Поени од реакции
20.491
Празен е да, Скопјани останаа некако верни дека мора да одат 'У' Охри на одмор. Се намалија туристите од останатите македонски градови. Целата индустрија и скоро се останато е сместено во Скопје, скопјани имаа повисоки плати за разлика од останатите кај нас.
Ги спомнавте охриѓани дека ве ограбувале, дојди ќе одиме до СВР Охрид и ќе ти ги отворам сите книги да видиш од каде се тие криминалци. 70% од тие не се жители на Охрид, од тие 70% 15% се Срби кои со план одат и крадат по плажи и хотелски соби. Често знаат самите да се претстават како жртва за да земат пари како оштета од хотелот.
Ароганцијата е страшна работа, па после се чудам зошто сакаат да го има Скопје во името.
 
Член од
5 јануари 2012
Мислења
9.288
Поени од реакции
4.961
Интересни се на фејсбук оние од 24прес или мкд.мк со цените од Хотел Гранит , шо сакет тие во хотел со 4 ѕвезди да јадат по 100 денари да платат за јадењето , нека појдат грција во хотел со 4 ѕвезди да видиме по колку ќе платат, а не јадат на бензиска или носат гајби пиперки и патлиџани за цел престој и само за спиењето плаќет .
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Солено во Охрид


Еве зошто никој не иде во Охрид. Па после нека не се жалат охриѓани..

Овие фотографии се од мени во еден од хотелите на охридското крајбрежје, а ни ги испрати читател кој вели
„патриотски е да летуваш во Охрид ама богами се чуствуваш и како да си на море со солениве цени – ражнич е 400 денари а обична плескавица 300 – и после зошто се бунат туристите прашуваат. Некои пријатели ми велат зошто сум отишол да вечерам во хотел – па каде да вечерам кога тука сум сместен. Богами следната година Охрид нема да ме види потрошив повеќе пари отколку во Хрватска да сум бил“
Читателот вели дека жива „ пљачка“ било и во продавниците за реквизити за деца.
„малата сакаше гума со патка. сопругата прашала колку е и кажале 500 денари – викам 500 ден за гума не давам па што сака нека е. утредента малата пак ме влече натака, прашувам колку е и продавачката ми вика 350. целиот збунет си заминав и и викам на сопругата абе не си чула добро 350 е оди и купи и ја на малата скапа е ама ај. Одат ја купуваат, се враќаат и жената ми вика сега беше 200 денари – мојата чудесна земја“ вели читателот.
Текстот е преземен од МКД-ЊУС
http://puls24.mk/makedonija/vesti/soleno-vo-ohrid

@Олимпија; кога ќе идеме на софра во Гранит? Станот до каде е за продажба?:D
Не мора да идеме у Гранит, кај и да отидеме се слични цени.
2 чашки ракија, мала тацна таратур, минијатурно макало, 3 парчиња месо и флаша вино = 2500 денари. Ич не е скап Охрид, нели? И уште додека го разгледуваш менито вработената Охриѓанка ти вика: "Ам шо, ак ојш да јајш поред Кеј ќе треба да платиш мноооогу поскапо" и тоа без да прашаш дали се нормални со цените. Замисли како би реагирала ко ќе ја прашаш :eek:
Aк не ви чинит не идајте.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нема смисла да се даваат цени во хотел покрај езеро као демек солени.Па нормално ќе бидат солени.Секаде е така.
Научете се да не земате одбранбен став на нешто што треба да се промени. Во тоа е проблемот, наместо да смените, вие инат водите. Да, во хотел покрај езеро.

Кога Охрид почна да се споредува со мориња, тогаш настана падежната линија на туристи. И јас го сакам Охрид исто како и вие. Ама дека се претерува се претерува. И тоа треба сите да им го ставиме до знаење на туристичките работници. Само така Охрид ќе иде напред. А не со инатење.

Голем тит ако е во Гранит хотелон. Полека малце, Грција е светлосни години во туризам напред, неможе да се прави споредба со Грција. Неможе со тие цени никаде. Мора да сфатат. А вие не им помагате со споредбава со Грција. Грција е Грција, Охрид е камче во песокта на Грчка плажа.
--- надополнето: 28 јули 2013 во 13:18 ---
Не мора да идеме у Гранит, кај и да отидеме се слични цени.
2 чашки ракија, мала тацна таратур, минијатурно макало, 3 парчиња месо и флаша вино = 2500 денари. Ич не е скап Охрид, нели? И уште додека го разгледуваш менито вработената Охриѓанка ти вика: "Ам шо, ак ојш да јајш поред Кеј ќе треба да платиш мноооогу поскапо" и тоа без да прашаш дали се нормални со цените. Замисли како би реагирала ко ќе ја прашаш :eek:
Aк не ви чинит не идајте.
Лани бев 5 дена во Охрид, мајка ми оддамна не била па викам ајде да идеме. За 5 дена со родител потрошив толку многу што ми се сврти памет. Пази не искача у кафиќи навечер, не пие алкохол повеќе од една чаша на ручек и коктели на плажа.

Скапо е и тоа е факт. Колку повеќе се инатат, толку повеќе го пропаѓаме Охрид како туристичко место.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.925
Поени од реакции
41.900
Солено во Охрид


Еве зошто никој не иде во Охрид. Па после нека не се жалат охриѓани..

Олимпија; кога ќе идеме на софра во Гранит? Станот до каде е за продажба?
Ова се нормални цени за Охрид. Ти да видиш во Дојран какви се цените. Порачав 1 кг мешана скара и една фанта и после келнерот ми носи сметка од 1600 ден :pos:
Свинска кременадла 400 ден o_O која пола е коска пола месо.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Нема смисла да се даваат цени во хотел покрај езеро као демек солени.Па нормално ќе бидат солени.Секаде е така.
--- надополнето: 28 јули 2013 во 12:26 ---
Попријателски расположени во Грција??Спрема нас??Ти ова сериозно или онака колку да напишиш нешто??

Во Грчка покрај море ( на 2 метра од море си,ако сакаш може и маса на песок да ти стават ) имаат за некој работи слични цени како рестораните во Охрид а во некој се малку повисоки.Со тоа што они се на остров и имаат каде каде повисоки цени за транспорт + имаат 23% ДДВ И ПОВТОРНО ОНИ СЕ ДО МОРЕ НА ОСТРОВ.

Охрид нема никогаш да биде море,одлучете се еднаш што сакате веќе.Или правете го градот со клубови ( за кој повторно ќе наплаќате цени како да сте Хрватска без сомнеж ) а со никаква организираност,или направете го градот за фамилијарен туризам и симнете ги цените а зголемете ја понудата.Го имате третиот,можеби и вториот град по важност за православните христијани и се погребани луѓе кои ја измислиле кирилицата и ај кажете си искрено каква понуда има за истите.

Сакате да бидете Крф,Закинтос а нема шанси да се организирате на истиот начин ниту пак би можеле да издржиле таков стил на живот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom