Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Да, да документарци ако има ставете и на која програма ќе бидат.
Lugeto na beganje zemale sto ke im se najde..tacno,ama ne mislam deka vo juli mesec kaputite im bile pri raka pa da zemat i da begaat.Majka mi moja na zid nasla eden fustan od baba mi i grabnala i begala...
Jas kolku i da stavam prst na celo,mislam deka tie snimki ne se od Skopje...
Bev mala ama kolku tolku se sekavam na nekoj raboti
Imase luge po gaki,zeni po kombilizoni...ama so kaputi ne!
Кој и како го спаси Скопје од поголема катастрофа
![]()
Максим Стојановиќ бил доволно храбар во моментот на потресот да ја исклучи струјата во „Трафостаница 1“ во населба Бутел
„Кога се случи големиот скопски земјотрес во 1963, мојот вујко Максим го спаси Скопје да не се претвори во пепел“, вака почна да ја раскажува приказната Виолета Манева, внука на човекот кој беше доволно храбар во моментот на потресот да ја исклучи струјата во „Трафостаница 1“ во населба Бутел од каде што во тоа време се обезбедувала струја за целиот град.
Максим Стојановиќ имал само 29 години кога се случи кобниот земјотрес и бил дежурен ноќта на 26 јули, заедно со својот помлад колега Велин Јорданов. Тие денес, за жал, и двајцата не се повеќе меѓу живите, но затоа тука се внуците на Стојановиќ кои со голема љубов и гордост го сочувале и го негуваат споменот за нивниот покоен вујко.
Само 20 секунди откако удрил првиот потрес Максим изреагирал многу храбро и трезвено и без двоумење се упатил кон салата каде што се наоѓале контролните табли и одлучно почнал да ги исклучува прекинувачите еден по еден. Во меѓувреме се случува и вториот силен удар, кој како да му дал уште поголема сила и одлучност да го спаси градот од уште поголема катастрофа. Неговата професионалност и храброст во тие тешки моменти не застанала тука. Тој тргнува во обиколка на останатите простории каде што го здогледува огромниот трансформатор, кој до пред малку бил во погон, а сега силните потреси го превртиле и од него течело масло, кое служи за изолација и ладење. И тука тој повторно се снаоѓа и со помош на дрво и нож прави импровизиран затворач со што го сопира истекувањето на 25 тони масло, кое во допир со воздухот може да предизвика влага, а со самото тоа многу долго по земјотресот немало да може да се воспостави повторно струјата.
„Она што најмногу ме восхитува кога размислувам на мојот вујко во тие моменти е фактот дека тој успеал да ја задржи својата присебност и не и' се предал на паниката и грижата за својот две и полгодишен син и сопругата која во тој момент била во осмиот месец од бременоста“, раскажува г-ѓа Манева.
Веднаш откако се осигураа дека струјата е прекината, одговорноста за Трафостаницата ја остава во рацете на неговиот помошник, а тој самиот ита кон Скопје да го извести диспечерот за она што се случило. „Се сеќавам дека многу на кратко дојде да не' види дали сме сите здрави и живи и набрзо потоа повторно замина“, се сеќава Манева.
Не можеме ни да замислиме што се' можело да се случи со градот доколку Максим не ја исклучил струјата во тие клучни моменти. Трафостаницата е автоматизирана и во случај на оштетување таа самата се исклучува, но сето ова важи во случај на горе-долу нормални услови, а не и природна катастрофа како што бил земјотресот, затоа подвигот на Максим може да се смета за херојски чин бидејќи во тој момент човечкото срце и храброст дејствувале многу подобро од машината.
Ваквиот подвиг многу брзо по земјотресот бил препознаен и забележан од целата тогашна југословенска јавност. Дневниот весник „Вечерње новости“ одлучува неколку месеци по настанот да го избере Максим за херој на годината бидејќи да се направи ваков гест во момент кога и сопствениот живот е загрозен ги надминува рамките на значењето на зборот „должност“.
На оваа случка се сеќава и Манева, која раскажува: „Максим со ова признание беше многу среќен и почестен, се сеќавам на врачувањето на наградата беше примен во резиденцијата на другарот Тито на Дедиње во Белград и му беше врачена и голема парична награда како заслуга за стореното дело. Тој инсистираше дел од наградата да ја сподели и со неговиот колега Велин, кој го придружуваше на ноќната смена таа вечер. Беше многу праведен, чесен и дарежлив човек. Секогаш напред пред времето со своите сфаќања и убедувања. Несомнено остави голем впечаток врз нас и неговите идни поколенија. Па така неговите двајца синови Љупчо и Радослав како и истоимениот внук Максим не случајно ја одбраа истата професија како него, со тоа што нивните животни приказни продолжија надвор од Македонија, или поточно во Сиднеј, Австралија“. (Б.Ш.)
Внукот Максим во специјална посета на Македонија
Специјално по повод 50-годишнината од земјотресот внукот Максим, кој го носи името на дедо му, дојде во посета на Македонија. Заедно со неговото семејство уште еднаш гордо ќе се потсетат на големото срце на нивниот роднина, кој ги спаси скопјани од уште поголема несреќа. Неговото дело останува и понатаму да биде запаметено во аналите на историјата на градот кој се издигна повторно од правта и урнатините.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=EF2E99744293384D9BF82E5DB0E683CC