Скопје се сеќава - 50 години од земјотресот кој го уништи Скопје

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Во 5 и 17 часот, на 26.07.1963 година, земјотрес го погоди Скопје, земјотрес кој го смени лицето на Скопје. Наместо рутинските обврски, Скопје беше затечено во урнатини, болки, плач и врескање.

Оваа тема е наменета за да се потсетиме, за да ги одбележиме тие 50 години со интересни слики, спомени, моменти, информации...

Секој ироничен, wannabe саркастични, иронични, трол, итн. постови ќе бидат ВЕДНАШ БЕЗ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ санкционирани со бан од тема и казнени поени. Нема да ви дозволиме и оваа тема да ја претворите во сеир или препукувања со останатите градови.

Денес е ден на болка и рани и имајте малку човечност тоа да го почитувате.
Нека оваа тема биде белег на болката, но и љубовта со која се изгради Скопје.

Темата на Анчо е во Македонски градови и е отворена пред неколку месеци, оваа е токму на овој ден, за сеќавање и сочувство и ПРИТОА ДА ИМА ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СИТЕ НАСТАНИ ВО ЧЕСТ НА ОВОЈ ДЕН.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
156
Поени од реакции
290
Требало сликата да биде само со макодонско-англиски текст....



Еден голем респект за хрватски Хајдук, кој се покажа како голем тим со овој чин

На натпреварот ФК Турново - ФК Хајдук Сплит, кој се оддржа на 25.07.2013 во арената Филип Втори
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Како мало дете плачев утринава на серијалот од Досие Скопје. Вечна им слава на трагично загинатите сограѓани.

Во 5 и 17 минути силен земјотрес се почувствувал и во Велес. Немало загинати, ниту повредени. Оштетени се само неколку куќи. Луѓето не биле информирани дека Скопје се срушило. Набргу потоа се случувал уште еден потрес на земјиштето, па уште еден и уште еден. Се вклучило радио Скопје со информација за катастрофален земјотрес. Првите кои тргнале кон Скопје се оние кои имале свои блиски тоа утро таму. Започнала акција за дарување на крв и групирање на работоспособното населени и младинци. Како конвој пристигнале во Скопје да им помогнат во пронаоѓањето на преживеани и расчистување на урнатините.

Тие слики кои ги виделе биле застрашувачки. Плач и лелек насекаде, повредени луѓе, пискот од рушевини за помош, конфузија помеѓу народот, секој секого бара на местото каде последен пат бил домот. Трауматични слики кои длабоко се врежале во паметта на оние кои живи и здрави пристигнале на местото. Успеале да извлечат граѓани од рушевини, успеале да покријат стотици мртви тела на деца, младинци и останати. Имало опасност и од ширење на зараза, премногу топло време. Веднаш потоа пристигнала и помошта од сојузните држави, помош од целиот Свет. Расчистувале од утро до мрак, сите еден до еден заедно.

Закопот на загинатите бил за луѓе со дебели нерви. Велат не секој можел да го издржи тоа масовно закопување. Имало и безимени закопи. Починало цело семејство и немало кој да ги идентификува лицата.

Седум дена во околните градови на Скопје спиеле надвор под отворено небо, од страв да не се повтори некој потрес. Навистина било тешко да се влезе во куќите и зградите повторно.

Вечна им слава! Скопје Град на солидарност и хуманост.
--- надополнето: 26 јули 2013 во 10:01 ---
Сите си ги бараа блиските, новинарите бараа печатница











Улицата Климент Охридски на 26 јули 1963 година беше пеколна. Илјадници коли јурат кон Државна болница, сирени свират, а ние со цел памет пред зградата на „Нова Македонија“ држевме состанок. Се собравме десетина лица и решивме да го издадеме наредниот број на весникот, раскажува бардот во македонското новинарство Борис Поп Ѓорчев



Борис Поп Ѓорчев, доајен на македонското новинарство и член на редакцијата која го подготви весникот објавен на 27.6.1963 година
КАКО СЕ ПОДГОТВУВАШЕ „ЗЕМЈОТРЕСНИОТ“ БРОЈ НА „НОВА МАКЕДОНИЈА“
Да им противречиш на природните појави. Да истраеш и да не се скршиш и кога е најтешко. Можеби тоа е мерилото за чудото што се вика трајна вредност. И покрај катастрофалниот земјотрес што се случи на денешен ден во 1963 година и го сруши Скопје, весникот „Нова Македонија“ излезе и тој ден и следниот и следниот и следниот...

Бардот во македонското новинарство Борис Поп Ѓорчев ја раскажува потресната, но авантуристичка приказна за скопскиот катастрофален земјотрес и за макотрпната задача што си ја дала екипата на „Нова Македонија“ да го издаде следниот број на весникот, без оглед на тоа што половина град бил срушен.
Вечерта на 25-ти, т.е. на 26 јули имав некое друштво кај мене дома, сите се разотидоа околу четири часот по полноќ и, само што си легнав, тресна земјотресот, во 5.17 часот, ја почнува Поп Ѓорчев својата приказна.
- Брачниот кревет ми беше веднаш до прозорецот, па со оглед на тоа дека речиси и не спиев, тој голем удар одеднаш ме фрли нагоре, како катапулт. И како што беа спуштени ролетните, се фатив за нив за да се задржам да не паднам. Прва идеја што ми падна на памет беше дека јас во тој стан веќе нема да можам да се вратам. И полека почнав да си ги земам документите, парите. Мислев што да облечам, дури си ги избирав најпогодните чевли. Имав и една луда идеја, па среде лето зедов палто и вратоврска.
Сфатив дека вратоврската е глупост и ја извадив, ама палтото го оставив. Кога излегов на улица, што да видам! Сите соседи по долна облека, комбинезони, со чаршафи завиткани, а јас полека си излегувам. Кога ме видоа како ноншалантно си одам, почнаа да ми викаат: „А бе што правиш, бегај, работи паѓаат одозгора“ - продолжува Поп Ѓорчев.

Многу години подоцна тој расправал со психолози и со психијатри за таквото однесување, кои му рекле дека бил екстремно храбар зашто 300 илјади луѓе побегнале на улица, а тој размислувал за документи, пари и за чевли. Тој вели дека само еден ден во животот нема појадувано, а тоа е токму на тој датум.
- Не се работи за храброст туку за посебна психичка состојба во која не ја сфатив вистинската опасност. Потоа првата разумна идеја беше син ми. Тој беше кај баба му во Момин Поток и се запрашав што станува со моето дете. Се разбуди родителското во мене. И направив еден мал маратон. Го истрчав целиот пат од пазарчето Буњаковец до таму. Не знам од каде најдов толку сила. И го гледам син ми како плаче. Еден од печатачите во куќата паднал и му ја дупнал главата. И си реков, мајката, јас останав без повреди, него нешто да му фали. И откако видов дека е здрав и жив, со трчање дојдов до зградата на „Нова Македонија“ - вели новинарот.

Тоа утро, во целата таа мешаница, тој го сретнал поетот Венко Марковски.

- Ми вика тој: „Жив ли си, бе?“. Тој ден тоа беше и најчесто употребуваното прашање. И ми вика: „А бе, цигари да не имаш“. А интересно е што јас не пушам, а кога излегов од дома, земајќи ги документите и парите, зедов и една кутија цигари и кибрит. И ги извадив од џебот и му подадов и тогаш се освестив, си викам, од кај, пак, кај мене цигари - низ смеа раскажува Борис.

КЛАЦКАЊЕ ДО ПРИШТИНА

Околу шест и триесет часот, во хаосот што владеел наоколу, пред зградата на „Нова Македонија“ се собрал поголемиот број од тогашната редакција.

- Улицата Климент Охридски беше пеколна. Илјадници коли јурат кон Државна болница, сирени свират, а ние со цел памет пред зградата држевме состанок. Се собравме десетина лица и решивме да го издадеме утрешниот број на весникот. Зградата беше здрава, ама како да влезеш во неа по таков земјотрес. А и печатницата беше оштетена. Во Скопје немаше друга печатница и се прашувавме како да го издадеме весникот. Стапивме некако во контакт со Приштина. Сé уште не ми е јасно како дојдовме до тој контакт, затоа што немаше струја, а и телефоните не работеа. Тогаш во Приштина се издаваше весникот „Рилиндија“ на албански јазик. И се согласија да го отпечатиме весникот кај нив. Решивме - одиме во Приштина! Имавме едно камионче и тргнавме во 10.30 часот. Директорот отиде таму со редакциската кола. Бранко Заревски, според мене најдобриот уредник на „Нова Македонија“, отиде со директорот во кола, а јас, преведувачот, дактилографката и еден новинар од внатрешна политика, со камиончето. Беше невозможен пат, макадам од Скопје до Приштина. А ние седевме назад во камионот на две клупи. И со оглед на тоа дека ни рекоа дека ги немаат нашите букви, моравме да носиме табли со буквите, големи по еден метар. И така со тие големи табли седиме во камиончето, а едно топло време, камиончето се клацка, и секој од нас држи по една табла, која е многу тешка, зашто буквите се направени од олово... Цели 90 километри - зборува Поп Ѓорчев.

Попладнето на малата новинарска екипа и пристигнала и помош со едно спортско авионче на скопскиот аероклуб, кое им донело напишани материјали од новинарите што останале во Скопје.

Две недели весникот се печати во Косово

Во Приштина добиле просторија околу 12 или 13 часот, раскажува новинарот, а ги фатило полноќ додека завршиле сé. Морале да чекаат прво да се испечати „Рилиндија“, па потоа весникот што го подготвиле. Меѓу 4 и 4.30 со камионче дошол возач од Скопје и ги натовариле весниците од 27 јули.

- Значи ниеден ден „Нова Македонија“ не дозволи, и по таков катастрофален земјотрес, да не се објави некој број. И луѓето најнормално следниот ден си купуваа весник, без притоа да знаат како тој се испечати. Тоа беше дострел на „Нова Македонија“ на сите времиња. Сé на сé, направивме нормален весник. Околу 7 часот наутро отидовме да спиеме во хотел, целите утепани. На истиот начин го издававме весникот две недели од Приштина - вели новинарот.

Весникот е објавуван во помал формат од вообичаено, зашто во таков формат се објавувал „Рилиндја“. Борис останал во Приштина 11 дена, од каде што макотрпно работел на објавувањето на „Нова Македонија“. Покрај него, постојано доаѓале и си оделе другите скопски новинари.

- Еден ден дојде еден кумановец Бранко, тешка алапача, и ми вика: „Ѓорчев, ти ‘рмбај во Приштина, сите паметни си отидоа во Скопје, си најдоа и станови, а ти седиш тука, мислиш ќе добиеш некоја награда“. И кога ми го рече тоа се изнервирав, зашто куќата ми беше срушена и додека сите си бараат домови и се грижат за семејството, јас работам. И си реков, Борисе, доста ти беше, оди си дома. Сакав да си одам, ама немаше никаков превоз, сé беше мобилизирано. Затоа отидов кај градоначалникот на Приштина, човекот ме сослуша, ми даде камион, кој откако го натоварив и само што тргнавме се расипа. Ама сепак, благодарен сум му - вели новинарот.

Според него, потегот што го направиле тогашните новинари на „Нова Македонија“ значително го дигнал рејтингот на весникот и е еден од најсветлите професионални моменти во неговата кариера.

- Го сфаќам новинарството како професија во која нема болест, умор, нерасположеност, мора да се работи. Со сите откажувања што постојат - брак, семејство, здравје. Новинарството е самопожртвување. Да се оттргнеш и да заборавиш на сé што ти е мило и драго. Без фанатизам и љубов ниедна професија, особено новинарската, не може да опстане - додава Борис.

Борис Поп Ѓорчев својот прв новинарски текст го има објавено на 16-годишна возраст, бил заменик-главен уредник во „Вечер“ и во „Нова Македонија“, уредник на спортската рубрика, дописник за повеќе странски весници, како и дописник од Москва за Македонија. И денес, кога има 79 години, неговиот дух не мирува. Своите денови ги поминува пишувајќи книга за својот татко. Тој е еден од најнаградуваните македонски и југословенски новинари, има примено повеќе од 20 признанија и награди.
Дарување крв, концерт и изложба за денот на земјотресот
Крводарителска акција, положување свежо цвеќе, изложба и концерт ќе се одржат по повод одбележувањето на 48-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје.
На градските гробишта „Бутел“ во 10 часот домашни и странски делегации ќе положат цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот.
Во трговскиот центар „Соравиа“ ќе се одржи традиционалната крводарителска акција на Црвениот крст на градот Скопје, што ќе трае до 17 часот, а во населбата Ченто во 18 часот ќе биде откриена скулптура во СУОМИ-паркот. Во Музејот на градот Скопје во 21 часот ќе биде отворена изложба со наслов „Средба на солидарноста 1964-1973“, а камерен концерт ќе одржи гудачкиот квартет „Фор стрингс“.

Весникот излезе и тој ден и секој нареден ден

Автор: Биљана Стојановска
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Вечна им слава на загинатите, сочувство до семејствата кои останаа без своите најблиски. Благодарност до сите народи кои помогнаа во возобнување на градот. Никогаш да не се повтори ваква катастрофа. Скопје извини, потфрливме со некои работи... Една случка раскажана од дедо ми и баба ми. Дедо ми: Трчав како луд да видам дали баба ти е жива. Баба ми: Мислев дека нема да го видам пак. Се најдовме на пола пат и си рековме: Добро е живи сме.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
2.809
Поени од реакции
2.630

Кој и како го спаси Скопје од поголема катастрофа

Максим Стојановиќ бил доволно храбар во моментот на потресот да ја исклучи струјата во „Трафостаница 1“ во населба Бутел
„Кога се случи големиот скопски земјотрес во 1963, мојот вујко Максим го спаси Скопје да не се претвори во пепел“, вака почна да ја раскажува приказната Виолета Манева, внука на човекот кој беше доволно храбар во моментот на потресот да ја исклучи струјата во „Трафостаница 1“ во населба Бутел од каде што во тоа време се обезбедувала струја за целиот град.

Максим Стојановиќ имал само 29 години кога се случи кобниот земјотрес и бил дежурен ноќта на 26 јули, заедно со својот помлад колега Велин Јорданов. Тие денес, за жал, и двајцата не се повеќе меѓу живите, но затоа тука се внуците на Стојановиќ кои со голема љубов и гордост го сочувале и го негуваат споменот за нивниот покоен вујко.

Само 20 секунди откако удрил првиот потрес Максим изреагирал многу храбро и трезвено и без двоумење се упатил кон салата каде што се наоѓале контролните табли и одлучно почнал да ги исклучува прекинувачите еден по еден. Во меѓувреме се случува и вториот силен удар, кој како да му дал уште поголема сила и одлучност да го спаси градот од уште поголема катастрофа. Неговата професионалност и храброст во тие тешки моменти не застанала тука. Тој тргнува во обиколка на останатите простории каде што го здогледува огромниот трансформатор, кој до пред малку бил во погон, а сега силните потреси го превртиле и од него течело масло, кое служи за изолација и ладење. И тука тој повторно се снаоѓа и со помош на дрво и нож прави импровизиран затворач со што го сопира истекувањето на 25 тони масло, кое во допир со воздухот може да предизвика влага, а со самото тоа многу долго по земјотресот немало да може да се воспостави повторно струјата.

„Она што најмногу ме восхитува кога размислувам на мојот вујко во тие моменти е фактот дека тој успеал да ја задржи својата присебност и не и' се предал на паниката и грижата за својот две и полгодишен син и сопругата која во тој момент била во осмиот месец од бременоста“, раскажува г-ѓа Манева.

Веднаш откако се осигураа дека струјата е прекината, одговорноста за Трафостаницата ја остава во рацете на неговиот помошник, а тој самиот ита кон Скопје да го извести диспечерот за она што се случило. „Се сеќавам дека многу на кратко дојде да не' види дали сме сите здрави и живи и набрзо потоа повторно замина“, се сеќава Манева.

Не можеме ни да замислиме што се' можело да се случи со градот доколку Максим не ја исклучил струјата во тие клучни моменти. Трафостаницата е автоматизирана и во случај на оштетување таа самата се исклучува, но сето ова важи во случај на горе-долу нормални услови, а не и природна катастрофа како што бил земјотресот, затоа подвигот на Максим може да се смета за херојски чин бидејќи во тој момент човечкото срце и храброст дејствувале многу подобро од машината.

Ваквиот подвиг многу брзо по земјотресот бил препознаен и забележан од целата тогашна југословенска јавност. Дневниот весник „Вечерње новости“ одлучува неколку месеци по настанот да го избере Максим за херој на годината бидејќи да се направи ваков гест во момент кога и сопствениот живот е загрозен ги надминува рамките на значењето на зборот „должност“.

На оваа случка се сеќава и Манева, која раскажува: „Максим со ова признание беше многу среќен и почестен, се сеќавам на врачувањето на наградата беше примен во резиденцијата на другарот Тито на Дедиње во Белград и му беше врачена и голема парична награда како заслуга за стореното дело. Тој инсистираше дел од наградата да ја сподели и со неговиот колега Велин, кој го придружуваше на ноќната смена таа вечер. Беше многу праведен, чесен и дарежлив човек. Секогаш напред пред времето со своите сфаќања и убедувања. Несомнено остави голем впечаток врз нас и неговите идни поколенија. Па така неговите двајца синови Љупчо и Радослав како и истоимениот внук Максим не случајно ја одбраа истата професија како него, со тоа што нивните животни приказни продолжија надвор од Македонија, или поточно во Сиднеј, Австралија“. (Б.Ш.)
Внукот Максим во специјална посета на Македонија
Специјално по повод 50-годишнината од земјотресот внукот Максим, кој го носи името на дедо му, дојде во посета на Македонија. Заедно со неговото семејство уште еднаш гордо ќе се потсетат на големото срце на нивниот роднина, кој ги спаси скопјани од уште поголема несреќа. Неговото дело останува и понатаму да биде запаметено во аналите на историјата на градот кој се издигна повторно од правта и урнатините.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=EF2E99744293384D9BF82E5DB0E683CC

 

Sky*

Не биди коцкест.
Член од
12 август 2011
Мислења
5.600
Поени од реакции
7.194
- Пациентките – мајки-родилки и нивната солидарност и пожртвуваност во тој миг се нешто што секогаш ќе ми биде врежано во моето сеќавање. Тие, исплашени и во болки, во крвави кошули, некои од нив породени и самата вечер, почнаа да ги земаат бебињата за да ги спасат, по две-три одеднаш во прегратка, која колку можела да земе во моментот, не гледајќи притоа за кое бебе се работи, дали за своето. Тоа е дефинитивно една од глетките што никогаш нема да ги заборавам – раскажува негувателката со воодушевување и почит кон тие мајки.
Сведоштво на една медицинска сестра за земјотресот во 1963 год.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Вечна им слава на тие што загинаа, нека почиваат во мир.
Никогаш да не се повтори вакво нешто.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Кеј кај идниот ГТЦ



Офицерски Дом




Американска армија помага во урнатините


Денешната улица Никола Вапцаров



Старата железничка станица


Посета на Тито покрај старата железничка станица


Хотел Македонија


Филозовски факултет старата зграда во близина на денешен Жена Парк


Карпош 2


Ресторан Победа


Француска емисија за Скопје една година по земјотресот.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.729
Поени од реакции
9.839
Жално.Исто така жално е што Скопје не се реобнови во стилот што го имаше пред земјотресот.Многу маркантни и значајни зданија се срушија (што од земјотресот,што од човек).
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Жално.Исто така жално е што Скопје не се реобнови во стилот што го имаше пред земјотресот.Многу маркантни и значајни зданија се срушија (што од земјотресот,што од човек).
Кој црн стил бе Цитро? Касаба-провинцијалски?
Па имаш во реалност несреќен обид „2014“, малку ли ти е?
Дај нека се збори малку за жртвите и несреќата....респект за луѓето малку....
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.653
Поени од реакции
13.129
Според оноа што ми го кажуваа моите, следниот ден по земјотресот некои роднини после 45 години требаше да дојдат од Русија да се сретнат со прадедо ми (капетан на солунски фронт). Наместо така, го пречекаа во ковчег.

Мајка ми се сеќавам уште ден денес има неповратливи трауми од тогашниот кобен ден. Живееле на 50та дивизија во тие згради. Ден денес ми кажува како тоа на првиот потрес седеле склупчени блиску до носечкиот столб. И чувството дека трае со саати и саати. Му немало крај. Во вториот бран, биле веќе излезени. Истата вечер децата (мајка ми и тетка ми) заминале за Прилеп додека баба ми и дедо ми го барале прадедо ми.

Ни на најголемиот душман не му посакувам катастрофа од вакви размери.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom