Скопје се сеќава - 50 години од земјотресот кој го уништи Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Сум кажал повеќе пати во други теми, како со денови не спиеле дома туку под отворено небо од страв дека ќе се повтори земјотресот. Мајка ми живеела во куќа во Нерези, така да освен испукани ѕидови немало друга штета. Но околните згради (кај што е сега мостот Обединети нации) биле срамнети. Дедо ми со точакот го поминал целиот град и целиот во солзи ги донел дома тажните вести...


После имало акции со кои се праќале децата на одмор во Охрид и Струга. Мајка ми пошто биле многу деца и немало услови да одат на одмор, за прв пат отишла заедно со тетка ми во камп во Охрид. Сепак дедо ми не издржал и ги собрал после неколку дена.

Сегашното мое место на живеење е донација од Финска, а од Финска, Бугарија и Унгарија мислам е изградена целата населба...

ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ НИКОГАШ!
 
Настан на денот е неприсуството на очувите на овој народ моментално на функција премиер и претседател. Колку ли им е тешко на комуњарски земјотрес да се сеќаваат.
Ги заболе за луѓето што изгубија пријатели, град, живот, а кога ќе дојде време за носталгии со двокатни кинески лимени канти и измислени гипсани фасади први се со жалопојките....
 
Мајка ми била младинка тогаш, сама живеела во Скопје точно кај Соборна црква што е. И за среќа го осетила првиот удар, и во пижами одма надвор, луѓе од секаде почнале да излегуваат и се собрале во група на улица, за да не се блиску до градби. И кога удрил најјакиот, имало зграда 6катница, кај што е Мамас отприлика, се срушила цела ко на филм. Да не спомнувам за делови од тела што имало по улици, а имало и такви луѓе што краделе во таков момент, па војската одма ги елиминирала на лице место. И никој не можел да влезе во Скопје, освен припадници на војската.
Инаку се сеќава на милион детали од тој ден, и неколку дена после тоа. Како вчера да се случиле.

Вечна слава на сите жртви.
Никогаш да не се повтори!
 
Моја фамилија биле на одмор тогаш.
Тогаш се патувало до море, долго, со спор воз и се останувало таму по месец дена.
 
Мајка ми со тетка ми биле студентки во Скопје ( родум се од Велешко ) , живееле под кирија кај бабичка во К.Вода . Тетка ми прва го осетила земјотресот и ја пробудила мајка ми и ја натерала да се симне одма и да бега , тетка ми останала да ја пробуди и бабичката , откако ја разбудила се симнале двете и избегале дури после 2 дена се сретнале со мајка ми ... бабичката зошто немала никој пред да умре им ја препишала куќата на мајка ми и тетка ми . Мајка ми до ден денес се сеќава и потресува на овој ден .... Нека им е вечна слава на погинатите и никогаш да не се повтори .
 
Jas kolku sto pametam zemjotresot bil vo juli mesec,i se cudam kakvi snimki se tie sto lugeto se obleceni vo kaputi?????????

Снимките на филмот, не се од Скопскиот земјотрес од почеток па се до пред крај на филмот. Во Скопје луѓето речиси голи беа на улици - тоа е 26 јули и 5 часот наутро - сите излегува од кревет на улицаimagesgallery3315wf2.jpgRailway-station-Skopje-after-earthquake.jpgskopje1963_ulmak.jpg557_001.jpg
 
Jas kolku sto pametam zemjotresot bil vo juli mesec,i se cudam kakvi snimki se tie sto lugeto se obleceni vo kaputi?????????
Зошто мислиш бе дека во тој хаос некој одбирал што ќе облече? Ајде малце прст на чело....


Дедо ми сега веќе покоен одел со точак на работа, додека бил уште во Ѓорче забележал како му забегува точакот и не може да додржи контрола, мислел дека нешто не му е добро, но продужил. Кога повозел уште малку, што ќе види, пола од градот го нема, се вратил веднаш дома потоа и потоа мислам со доста луѓе од населба се приклучиле кон екипите за спасување. Баба ми додека тресело ги извадила надвор татко ми и тетка ми веднаш надвор но во Ѓорче немало некои штети освен испукани ѕидови.

Вакво нешто никогаш да не се повтори.
--- надополнето: 26 јули 2013 во 15:35 ---
Инаку молба до сите што можете, ставете термини на некои филмови, документарци што и да има по телевизииве наши вечерва, зошто има луѓе што избегаваат да гледаат кичерајски шунд ама сакаат да гледаат вакви документарци.
 
Кој црн стил бе Цитро? Касаба-провинцијалски?
Па имаш во реалност несреќен обид „2014“, малку ли ти е?
Дај нека се збори малку за жртвите и несреќата....респект за луѓето малку....

Jаден..врска немаш o_O
 
Да, да документарци ако има ставете и на која програма ќе бидат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom