Тато и мама православни, јас атеист

  • Креатор на темата Креатор на темата OrTacE
  • Време на започнување Време на започнување
Роди го прво, па после ќе знаеш што да правиш.

Очекував да не ми вратиш соодветно. А, од тоа многу повеќе сфатив отколку коа би сфатил ако ми паламудеше и вртеше причи ко киша око Крагуевац. Така да, нема потреба од понатамошна дискусија, it's all clear.
 
Најдобро е детето само да си одбере во текот на неговиот живот што ќе биде(верник или Атеист) и во што ќе верува(доколку воопшто биде верник) !
 
Да те поправам, атеистот е исто верник. Ако сакаш да бидеш прецизен во терминологијата користи го Gnosis
 
А во што тоа верува Атеистот ?!! Во се и во ништо ... :icon_mrgr:
 
Атеист - спротивност од теист. Може да верува во било што друго освен во принципите на теологијата, а може да неверува и во ништо, тоа нема никаква врска со самата дефиниција.

Гнозата од друга страна нема врска ниту со атеизам ниту со теизам, бидејќи се работи за Знаење кое треба да се спознае а не да се дознае.
 
Незнам.....на кој како му "одговара" најверојатно.

Абе верниците и атеистите ти се во еден кош.....дури еден ист човек може да биде и тоа и тоа во ист ден....а не дека имаат некоја идеја уствари кои се тие богови во кои веруваат односно не веруваат. Се работи за одредени догми во кои или се верува или не. Не се работи за знаење(лично искуство) или спознавање по твое:)
 
Очекував да не ми вратиш соодветно. А, од тоа многу повеќе сфатив отколку коа би сфатил ако ми паламудеше и вртеше причи ко киша око Крагуевац. Така да, нема потреба од понатамошна дискусија, it's all clear.
Баш е соодветен одговор. Нема потреба од хипотетички разговори. Ако моментално не си родител, како ќе знаеш да одговориш соодветно? Се си зависи од врската родител дете и тоа не се знае додела не се стане еден....така да, да нема потреба од понатамошна дискусија.
 
Абе дај не зафркавајте, атеисти сте биле... се наоѓаш во тешко, нема кој да ти помогне, а Господ во тој момент е твојата најхолема поддржка :)

Затоа најубаво е цело семејство Христијани :)
 
Незнам.....на кој како му "одговара" најверојатно.
Абе верниците и атеистите ти се во еден кош.....дури еден ист човек може да биде и тоа и тоа во ист ден....а не дека имаат некоја идеја уствари кои се тие богови во кои веруваат односно не веруваат. :)
Добар ти е вицов. Него де потсети ме во кој бог (или богови) ти тоа веруваш?
Еве и од листава да се потсетиш кои се
http://ancienthistory.about.com/library/bl/bl_myth_gods_index.htm
 
Абе дај не зафркавајте, атеисти сте биле... се наоѓаш во тешко, нема кој да ти помогне, а Господ во тој момент е твојата најхолема поддржка :)

Затоа најубаво е цело семејство Христијани :)

А како ќе ти помогне Господ? Како ќе биде твоја најголема поддршка?
 
Така што сам себе ќе си се лажеш дека некој многу битен, дури и семоќен, обожаван од толку многу народ, те гледа негде одозгора, се дума врз твојата судбина и као - те пази. Секако дека ќе помогне, а кому па не помогнал? Има ли молитва која не е одговорена? Особено, од оние битните молитви како дај ми здравје, дај ми среќа, дај, жити бога да останам жив. Ниедна од тие молитви не прошла неславно. Ниту една.

Целата фама околу господ, целата негова возвишеност е само резултат на човековата слабост и неможност да се носи сам со тешките животни ситуации. Поентата е дека повеќето верници сакаат да веруваат дека има нешто - малку мистично, малку нејасно, ама сепак присутно и спремно за секоја shit ситуација која ќе ги задеси. Така е полесно, уствари. Се наоѓаш во тешко, нема кој да ти помогне - најдобро што можеш да направиш е да склопиш дланките заедно, да паднеш на колена и да мрмљаш додека јазикот не ти отрпне.
 
Добар ти е вицов. Него де потсети ме во кој бог (или богови) ти тоа веруваш?
Еве и од листава да се потсетиш кои се
http://ancienthistory.about.com/library/bl/bl_myth_gods_index.htm

Прво ти потсети ме во кои не веруваш.....има и такви што не се на листата, ама би требало да си знаеш. Ти си сертифициран не верувач.
 
Јас милион пати сум кажал, а ти секогаш избегнуваш одговор. Ете ти ја листата, во ниеден од таа листа. Ај повели сега ти кажи.
П.С. Тие што не се на листа, ако е некој испуштен. Ако зборуваме за други концепти, тоа веќе не спаѓа во верување/неверување.
П.С.С. Имам кажано дека јас сум поголем агностик од тебе а ти си поголем атеист од мене.
 
Абе дај не зафркавајте, атеисти сте биле... се наоѓаш во тешко, нема кој да ти помогне, а Господ во тој момент е твојата најхолема поддржка :)

Затоа најубаво е цело семејство Христијани :)

Tебе ГоспоТ не ти бил од голема подршка при процесот на описменување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom