Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување Време на започнување
Да не има некој од форумов што ке оди во четврток и да седи доооооооо понеделник :D сакам да идам со кола ама сам ако идам мн ке ми се фати :D а уште 2-3ца со мене мн ефтино :D
 
па аква паркот го личеше во Охридско-Струшкиот регион да го прават, а не во Скопје ... се прават плажи во Скопје и се е во Скопје (ако има во друг град нешто, мора и во Скопје да го има, пр. пиво фест) ... па после Скопјани се бунат за доаѓање на провинцијалци ... сите Македонци се бунат кога не насловуваат како Скопје - држава ... а до Охрид пристапните патишта се катастрофа, посебно од страната на Битола ... и секоја година хајка против Охрид, скапо било, Охриѓани нечинеле (иако повеќето келнери не се од Охрид, голем број на газди на шанкови не се од Охрид, има полицајци кои не се од Охрид итн. ...
 
Најсмешен муабет ми е кај вас е поефтино, па платите би требало да ви се помали од ‘метрополата‘.Ова од јули до септември не важит и се менвит во скапо изгор, не крадат итн., а цените на пијачки се поскапи со некои 10-20 ден. кај нив.
Плачат за тие макс. 10 дена во Охрид, а ние цела година ги плаќаме истите цени со тие пониски плати.
Ај сфаќам некој од Неготино или Радовиш да се жалат за цените, ама не, баш тие шо не би требало да писнат плачат најмногу.
 
ама не, баш тие шо не би требало да писнат плачат најмногу.

Што е сине нема работа? нема луѓе ? празни ти се собите? епа коа сте катиљ народ што да ви правам, не е до цените колку што е до карактерот ваш ебан поебан најебан .:)
 
Што е сине нема работа? нема луѓе ? празни ти се собите? епа коа сте катиљ народ што да ви правам, не е до цените колку што е до карактерот ваш ебан поебан најебан .:)

Фала сине за културната реплика.
Не издавам соби, работам во нешто скроз неповрзано со туризам, мене ми е сеедно зборвам реални работи ;)


Абе не ми одговоривте стварно нема туристи?
Почна полека полека да се полнит, ама ‘сезоната‘ од 3 недели - ебати сезоната.А странци различни имат, полски, чешки, словачки, турски, литвански автобуси и коли, посебно тие првите :confused: И жолти имат.Не се сеќавам на толку различни јазици низ град.Факт е дека домашните се помалку, ама ако се надополнат со други ‘рентабилни‘ не е страшно.Од домашните губат најмногу приватните станоиздавачи, а доста од нив се тргнати од улица поради инспекции после жалбите од Холанџаните дека ги гњават по улици.

Среда, 24 Јули 2013 15:49

По спроведената контрола на работењето на охридските плажи, а и по поплаките кои пристигнуваат од страна на гостите-корисници на плажите, општина Охрид со предупредување до концесионерите за нивно целосно придржување до Договорот за краткотраен закуп на плажи.

oh-plaza.jpg

Во писмото упатено до нив меѓу другото се посочува дека: "Со преземањето на ингеренциите за управување на земјиштето вдолж Охридското Eзеро, општина Охрид од оваа година го регулира спроведувањето на Договорот за краткотраен закуп на плажите, кои Вие го имате прифатено. Како што претходно бевте информирани, како концесионери-закупци на плажите имате обврска да се придржувате кон Договорот штo гo имате потпишано, а кој предвидува правна обврска која мора да ја реализирате. Од нашите досегашни анализи на состојбата со плажите кои ги стопанисувате, а и по негативните реакции од корисниците на плажите, констатирани се низа неправилности кои под итно треба да бидат отстранети".
Локалната самоуправа ги потсетува закупците дека, согласно потпишаниот договор, меѓу другото имаат обврска и мора да се придржуваат кон режимот на користење на плажите (работно време) да биде согласно Oдлуката на Советот на општина Охрид, а во зависност од локацијата и околниот простор, како не би се нарушило нормалнотo користење на околните објекти.
- При планирање на просторот, 40% -60% од плажата да биде СЛОБОДЕН за користење без оптоварување со лежалки и други реквизити, стои во соопштението.
ohplaza2.jpg

Општина Охрид ги потсетува закупците на плажите дека, развојот на туризмот и подобрувањето на туристичката понуда е комплексен систем и во него учествуваат сите чинители на туризмот.
Секое непридржување кон поставените правила, негативно се одразува врз останатите субјекти кои работат во туризмот. Локалната самоуправа нема да толерира отстапување од Договорот и ќе инсистира на негово доследно спроведување.
Доколку и понатаму се отстапува од обврските кои ги прифатиле, Oпштина Охрид има законска обврска да го санкционира таквото однесување, а истовремено напоменува дека согласно член 7 ќе поведе постапка за еднострано раскинување на Договорот.
 
Абе не ми одговоривте стварно нема туристи?
 
Абе не ми одговоривте стварно нема туристи?

Пред некој саат се врати другарче ов продужен викенд у Охрид и кажува дека за разлика од други години Охрид е празен, нема гужва низ чаршија.
За да опише најбоље колку тоа е празно вика, чим има место у 10 саат навечер да бираш кај сакаш да седнеш по кафичите на плоштад, значи стварно е празен Охрид :))
 
На 17.07 бев на плажа во Горица 2 ,дојде едно чиче накај 60-тина години и вика “море ,море вака никогаш не било ,сред јули да дојдеш во 3 саат (попладне) и место да најдеш кај сакаш на плажава“
Многу празно ,а и многу ладно беше ,водата камен,од завчера се стопли малку
 
Пред некој саат се врати другарче ов продужен викенд у Охрид и кажува дека за разлика од други години Охрид е празен, нема гужва низ чаршија.
За да опише најбоље колку тоа е празно вика, чим има место у 10 саат навечер да бираш кај сакаш да седнеш по кафичите на плоштад, значи стварно е празен Охрид :))

Од година на година станува попразен. Каде се Србите што беа најчести гости последниве 5 години, што се случи со нив? Од Холанѓани аир немаме, тие 5 евра не трошат во угостителство, од бугари сме зијан тие се победни од нас, Грците идат во старечка прошетка, Македонците не ги сакаме и резултат 0.
 
Од година на година станува попразен. Каде се Србите што беа најчести гости последниве 5 години, што се случи со нив? Од Холанѓани аир немаме, тие 5 евра не трошат во угостителство, од бугари сме зијан тие се победни од нас, Грците идат во старечка прошетка, Македонците не ги сакаме и резултат 0.
и лошиот глас далеку се слуша :) многу од србите се имаат жалено, што од времето што од услугата.
сите што сум ги упознал пофалби само имаа за ноќниот живот, останатото...
пред едно 4години ова една го кажа...
ми нисмо били на летовање
ми нисмо били на зимовање
ми смо били на кишовање :D
 
Во текстот никаде не пишува дека се бара од Градоначалник да биде бесплатно, курур си праи вест :pos:
 
Ќе бидат бесплатни исто ко паркингот :свиркам:

A кој мислеше дека ќе е бесплатно? :icon_lol: Во општина каде јавна лицитација се решават со ќотек над најголемиот наддавач?Бакрачески не е свесен во каква работа влезе...или го натераа, не е битно.А за зонското низ секој град малку ни е уште, од наши даноци градени и сега пак ги плаќаме.Демократија и мутиран капитализам.
 
Солено во Охрид


Еве зошто никој не иде во Охрид. Па после нека не се жалат охриѓани..
meni1.jpg

Овие фотографии се од мени во еден од хотелите на охридското крајбрежје, а ни ги испрати читател кој вели
„патриотски е да летуваш во Охрид ама богами се чуствуваш и како да си на море со солениве цени – ражнич е 400 денари а обична плескавица 300 – и после зошто се бунат туристите прашуваат. Некои пријатели ми велат зошто сум отишол да вечерам во хотел – па каде да вечерам кога тука сум сместен. Богами следната година Охрид нема да ме види потрошив повеќе пари отколку во Хрватска да сум бил“
Читателот вели дека жива „ пљачка“ било и во продавниците за реквизити за деца.
„малата сакаше гума со патка. сопругата прашала колку е и кажале 500 денари – викам 500 ден за гума не давам па што сака нека е. утредента малата пак ме влече натака, прашувам колку е и продавачката ми вика 350. целиот збунет си заминав и и викам на сопругата абе не си чула добро 350 е оди и купи и ја на малата скапа е ама ај. Одат ја купуваат, се враќаат и жената ми вика сега беше 200 денари – мојата чудесна земја“ вели читателот.
Текстот е преземен од МКД-ЊУС
http://puls24.mk/makedonija/vesti/soleno-vo-ohrid

@Олимпија; кога ќе идеме на софра во Гранит? Станот до каде е за продажба?:D
 
Ова е цена за скара на кило сликава од погоре? :D

Гранит не е баш мерило за цените во Охрид, и како по традиција Охрид никогаш нема добра скара.
Мислам дека ладниот Јули е причината за слабиот број на туристи годинава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom