Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258

Slovakia



Dutch-ians :icon_mrgr:


Are you fin(n)ish?


JAT Airways скоро секојдневно
Screenshot_9.png
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Културни гости се снашле за паркинг
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Охрид е празен, тоа минатата недела сам го видов, 100 финци и 100 холанѓани не го полнат :icon_lol:. Пусто е од Охрид до Св Наум :icon_lol:.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.316
Поени од реакции
15.486
Понеделник, 22 Јули 2013 19:07​



Ако сакате да играте карти на охридска плажа, ќе треба да платите по 150 денари за сите кои ќе играат со вас.


Фотографијата која се појави на Фејсбук покажува дека освен за лежалка и паркинг, во Охрид ќе треба да платите и ако сакате да играте карти.:tapp:
http://www.kurir.mk/republika/opstini/124253-FOTO-Na-ohridska-plaza-se-plaka-igranje-na-karti
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Охрид со најслабата туристичка сезона летово


Охрид пред најлошата туристичка сезона во својата понова историја. Како што пишуваат локалните охридски медиуми, градот зјае празен и покрај тоа што започна шпицот на туристичката сезона.
Охрид1 пишува дека низ градот речи си и да не може да се забележат туриси. Улиците се празни а нема никаква раздвиженост ниту на автобуската станица.
Охридските медиуми како причина за лошата турстичка сезона го наведуваатп одатокот дека немало инвестиции во инфраструктурата, односно патиштата кои водат до градот. Ја спменуваат ивизната либерализација, како причина поради која граѓаните се почесто се решаваат, одморот да го минат во Грција.
Напоменуваат и дека и покрај слабата посетеност, цената за сместувањето во градот и натаму останува иста.
Сепак, нема податок, дека за разлика од Грција, каде сезоната почнува уштена крајот на мај, во Охрид, на почетокот на јули,не работеа најголемиот дел од плажите. Сите, отворањето го темпеираа за средината на јули.
Традиционално, Охрид врвот на посетеноста го очекува околу Илинден. Дали деновите околу 2 август ќе ја спасат пропаднатата туристичка сезона останува да се види.
На охриѓани им останува да ги сумираат резултатите и да најдат начин да привлечат поголем број на турусти, без разлика дали тоа ќе биде со намалување на цените во сместувачките и угостителските капацитети или пак со збогатување на туристичката понуда.

http://grid.mk/read/news/505466964/3973516/ohrid-so-najslabata-turistichka-sezona-letovo

Дај некој нека ме потсети колку се зголемил бројот на туристи во Македонија според ДРАПАМЕ?

Жално е ова да го прочитам, жално. Најубавиот град на Светот да нема турсти во шпиц на сезона.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Охрид е пропала прича и тоа не е само од ова лето туку и од минативе лета(особено лани) јасно се приметуваше дека Охрид не е веќе пре-полн како што беше на времето пред некои 10 или повеќе години ... причините ги има повеќе и веќе се споменати во претходните постови на членовиве !
Лоша инфраструктура, немање паркинг простор, цените, услужноста на домаќините и ред ред други работи, освен оние Македонци кои имаат таму нешто свое и притоа немаат потреба да плаќаат смештај сите останати домашни туристи дефинитивно го одбегнуваат Охрид и одат претежно во Грција бидејќи е најблиску(Егејското море) а и цените велат дека биле прифатливи за Македонскиот џеб !
П.С. Но има еден тип кој во иднина ќе го спаси Охрид од туристичката катаклизма тоа е оној цигојнерот Суби Рој кој ќе донесе илјадници Индијци да се бањаат и да престојуваат во неговите сараи во Љубаништа ... :pos:
 
Член од
23 март 2010
Мислења
199
Поени од реакции
62
Јас сум од Охрид и вистина е дека нема толку домашни туристи.. а странците ги има се повеќе... никогаш досега не сум видела во Охрид толку странци и тоа за изненадување годинава се најмногу од нив млади луѓе.. Има од Холандија, Финска, Кореја, Израел, Белгија има и од САД, Англија ... на секој чекор слушаш разни јазици. И искрено мило ми е што се зголемува бројот на овие туристи.
Езеро и море не можете да споредувате.. многу е различно. Нормално е што се намали бројот на туристи откако се укинаа визите. И јас кога би бирала би одбрала море.
А и плус годинава баш ни се погоди времето :icon_lol: како есен да е овде а пак ноќе зима :pos: хахаха
Е сега во Охрид треба многу да се инвестира пред се во патната инфрастуктура што е обврска на владата.. ветија магистрални и реионални патишта па да видиме.
Со ноќниот живот искрено сме тапа .. ама не само на лето .. за жал тоа е така преку цела година.
Многу било скапо.. можеби ама имајте предвид дека скоро сите плажи ги имаат земено под концесија Скопјани .. па видете кој ги дует цените.
Кадмо плажата на пример ја држат Охриѓани и лежака добиваш со пијалок . За пијачката не се жалете дека е скапо зошто во Скопје не е пофетино.. секогаш во Скопје плаќам повеќе отколку овде.
На пазар на лето цените скокаат многу ама пак затоа во маркетите е ефтино.
А за сместувањето има за сечиј вкус и условите се подобруваат а и законите и нивното функционирање.
А за луѓето вакви биле онакви биле.. па секаде има секакви. Никој не е цвеќе за мирисање. Не сме толку лоши и никого не мразиме како што кружат муабети. Немаме причина за тоа.. барем јас.
Ајде поздрав до сите и убаво да си го поминете летниот одмор каде и да сте.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Јас сум од Охрид
Многу било скапо.. можеби ама имајте предвид дека скоро сите плажи ги имаат земено под концесија Скопјани .. па видете кој ги дует цените.
Кадмо плажата на пример ја држат Охриѓани и лежака добиваш со пијалок . За пијачката не се жалете дека е скапо зошто во Скопје не е пофетино.. секогаш во Скопје плаќам повеќе отколку овде.
На пазар на лето цените скокаат многу...
Пак скопјани се криви :pos:
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.021
Поени од реакции
2.513
колку е карта повратна за бус, слушнав некој муабет со индекс као 450 денари ?
 

M-1

Добро утро Махачкала!
Член од
6 септември 2010
Мислења
4.243
Поени од реакции
7.364
Имат странци, чера сретнав низ чаршија гости од Владивосток прашуваа нешто па им излеговме во пресрет, еј од Владивосток!
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.426
Поени од реакции
25.319
колку е карта повратна за бус, слушнав некој муабет со индекс као 450 денари ?
Ако мислиш за Скопеј - Охрид, со галеб повратна е 450 денари со индекс, со Класик Компани (мада не ти ги препорачувам, комбињата се за нигде) е 350 со индекс.
 
Член од
5 јули 2008
Мислења
224
Поени од реакции
197
Догодина 300 нека ја стават и сами нека си играт, иделе странски туристи демек се фалат, прашање е само колку од нив ќе се вратат догодина...Ах бре охриѓани сами се закопувате сака преку вечер брод да купи.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.181
Поени од реакции
18.258
Демоде сликата со картите, а напишано на заебанција од некого.Ја имаше и (прек)лани, сигурно негде поназад во темава ја имат.Жално е шо многу ја сфаќет озбилно.

колку е карта повратна за бус, слушнав некој муабет со индекс као 450 денари ?
Не важат од 15.07 до 31.08 студентските повратни.Сите купени до 15.7 важат еден месец и во тој период дури не се во продажба.
 
Член од
23 март 2010
Мислења
199
Поени од реакции
62
Догодина 300 нека ја стават и сами нека си играт, иделе странски туристи демек се фалат, прашање е само колку од нив ќе се вратат догодина...Ах бре охриѓани сами се закопувате сака преку вечер брод да купи.
Па валда не го сфативте сите ова сериозно :pos::pos: :tapp: Изгледа вие воопшто не го познавате охридскиот хумор или воопшто хуморот... Без навреда :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom