Вчера инсталирав win 8 на Toshiba satellite C850-176 и пред малце пробав да испратам еден фајл од лаптопот на телефон и гледам нема bluetooth иконка никаде, барав со search и пак немаше. Спуштив драјвери од официјалната Тошиба страна и пак ништо, па ај некој ако знае нека каже што му е..![]()
Прво провери го дали ти е Bluetooth-от ставен на Enable односно вклучен. Тоа направи го на следниот начин: Влези во Metro Style менито на Windows 8 со притискање на Windows копчето на тестатурата. Со стрелката оди кон крајот на екранот каде што ќе ти се отвори Charm Bar менито и кликни на Settins. После на Change PC Setting, па кликни на Wireless и види дали Bluetooth-от ти е на Enable или Disable. Ако е на Disable тогаш направи го на Enable. Еве ти и слика каде треба да влезеш.

Ако со ова не ти се среди проблемот тогаш провери ТУКА дали го има драјверот за твојот лаптоп и слегни го. Пред да го инсталираш новиот стариот обавезно избриши го и рестарт на компјутерот. Ако некој од овие драјвери не ти го реши проблемот тогаш контактирај ги Sony.