Какви семејни традиции имате дома?

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Секое семејство со време создава свои традиции, правила и ритуали. Тие ги обединуваат луѓето , го оживнуваат семејството , ги збогатуваат и обединуваат членовите . Имено, секојдневните заеднички ритуали и семејни правила го прават семејството едно топло прибежиште од социјалниот свет.
Тоа не мора да значи дека треба нешто грандиозно да биде (ко на пример секоја година целото семејство да го освојува Еверест ) туку обични работи со кои едно семејство го живее секој ден.
Семејни традиции како дејства кои членовите на семејството заедно повторуваат одново и одново една ситуација -на пример за викенд цело семејство ( или едно друштво) да оди во природа - што е еден мал но пријатен ритуал.
696902_f520.jpg

Или љубовта кон спортот- каде секој се занимава со својот омилен вид- дали базен, аеробик, латински танци, теретана..... и важното што за него секогаш наоѓаат време
Кај мене - како главна семејна традиција е неделниот семеен ручек - (разговори над големата трпеза ко што милуваше да каже дедо ми ) собрани неколку генерации што создава една посебна атмосфера -и тоа некако не’ исполнува - не ни преставува никаква обврска, ни’ дава чувство на сплотеност, исполнето со весели моменти - и на некој начин дава сила, увереност или незнам како да го наречам поинаку - но се’ ми оди кон тоа да кажам дека “ заедно сме посилни и можеме се’„ и дека не постојат тешки моменти -проблеми од и за кои нема излез .Никогаш ручекот не е само ручек- понекогаш се продолжува и преоѓа и во вечера , па може да се случи и да се запее , да се заигра ....:icon_lol:
Уште една традиција на моите- додека бевме мали одевме сите на одмор и тоа никогаш во иста држава ,но откако ќе се вратевме, после неколку дена одеа повторно мајка ми и татко ми ама сами ( без децата :pos: ) ама откако потпораснавме и јас и сестра ми и секој си одеше засебно - одморот беше буквално само нивен , ама изгледа и тоа прејде во традиција кај сестра ми па тие истото го практикуваат - си тераат по два летни одмора
Има ли вашето семејство свои традиции - и што на пример:icon_lol:
 
тоа значи ли дека целото семејство пости секој петок?

За мајками знам дека да,за другите незнам. Уште од мал кога бев си имавме традиција секој петок гравче,си остана до ден денес.
 
работиме премногу, минимум два - три работни места, работиме повеќе занаети иако сме со висока школа, никогаш не одиме на одмор, не трошиме, имаме традиција да купиме земјиште и тоа тоа....

ОВа традиција почна со мојот дедо кој заминал во германија и работел во мизерни услови, додека овде баба ми со децата работеле на нива....

Мојот живот е работа и учење занаети......
 
Најмалиот празни пепељари, првиот што ќе се наруча носи вода на сите, а последниот ја средува масата и општо кујната :D

Шала на страна, не би рекла дека имаме традиции до кои се придржуваме, хиерархијата е слабо видлива, така што како традиција можам да го издвојам само секојдневното (буквално, макар еден и преку Скајп да присуствува) кафе, каде што сите од прв до последен присуствуваме, иако имаме и непијачи на кафе - како сестра ми и кучето на пример.
Сите на куп во двор, кој на лулашка, кој на столче, кој на трева, ама сите сме собрани :) И најчесто јас правам кафе, па нека биде и тоа дел од традицијата :)
 
Па како помал мислам дека сме имале повеќе, но последниве години само една тераме ако воопшто влегува и во традиција, тоа е за ручек да сме собрани и заедно да ручаме, многу им значи на моите ова и гледам често бар ова да го исполнам, колку и да не ми дозволува распоредот. Некој спомна грав погоре, тоа обавезно е петок грав, за сабота тавче-гравче :D Друго ништо посебно не тераме како традиција, бар не ми текнува во моментов :)
 
Добра тема.
Едно време се имаше почитување(на овие традиции)се знаеше да не речам
кој е газда во куќа,туку кој е најстар.Се почитуваше постариот,помладите слушаа и беа послушни ( а сега ај речи му на дете-оди купи ми јогурт,ќе добиеш одговор-оди сам купи си,да не си болен и сл. е ама може ќе го прелажеш да те послуша ако му дадеш и за сладолед)
Ние јас и брат ми кога било неделното чистење на станот или ај месечното обавезно сме помагале на родителите,нема на улица додека не се заврши работата и не се изгланца паркетот со некоја долга волнена крпа-еден седи на неа а друг ја влече.
Се сеќавам на оваа традиција за празникот Прочка и за почитувањето на родител.
Не мислам само на дете спрема родител,туку на мојте родители спрема нивните родители.Кога одевме кај дедо ми да бараме прошка,мајка ми како и вообичаено секогаш прво ќе му бакне рака на својот татко. Тоа денес го нема.Никаде па ни кај мојте деца наспрема мене. А и воопшто самото проштевање го нема со таа душа како тогаш, иако не се воопшто замериле и не им згрешиле ништо тогаш(пред земјотресот)проштевањето беше една традиција и еден голем ритуал.Како сега да го гледам тоа.Дедоми Мино седнат со бастунот во раце а мајка ми му подава најчесто портокал и нешто замесено,понекогаш шубара или појас, со зборовите: Проштевај татко, со одговор-простено и така три пати.А денес- денес ништо нема од тоа.само гледат да земат нешто. Да може и куќата ќе ја понесат.
 
работиме премногу, минимум два - три работни места, работиме повеќе занаети иако сме со висока школа, никогаш не одиме на одмор, не трошиме, имаме традиција да купиме земјиште и тоа тоа....

ОВа традиција почна со мојот дедо кој заминал во германија и работел во мизерни услови, додека овде баба ми со децата работеле на нива....

Мојот живот е работа и учење занаети......

Многу убав живот живееш, па дури ќе ти позавиди некој. Сега ми е јасна таа неизживеаност и несоцијализираност кога станува збор за вас. Затоа и така гледате на работите, како коњите ни лево ни десно. Се прашувам кога вие така живеете, кој знае жените и сестрите ваши како живеат. Ве жалам, најискрено. Ако тоа го сметате за живот, немам коментар.

Семејна традиција ни беше на Велгиден цела фамилија кај дедо ми и баба ми на гости. Утрото кога се будевме со црвено јајце под перница, моментот кога го бараш како дете и таа среќа не се објаснува.

За прочка традиционално идеме фамилијарно кај кумовите. Со портокал во рака му ја бакнуваме раката на кумот со зборовите: Прости ми.

Традиција ни е наутро секој сам да пие кафе во мир и тишина. Мир и тишина мора да има во станот во период на одмор од 14ч - 17ч. Внуците се мали, но и те како научија кога се иде на прсти, а кога се галами и задева :)

Традиционално идеме фамилијарно на одмор сите заедно. И традиционално пред одмор, пред само тргање се караме и секогаш нервозно тргаме на пат. Во последно време кој да вози е главната дебата.
 
Не переме алишта во петок.
 
Јас кажував за моето семејство, не е моето семејство *просечното* албанско семејство......немој да генерализираш, како досега сум живеел не е мој избор...... дури сега имаме јаки темели.....
Ние моравме така, пред 50 год немавме ништо, ни куќа ни за јадење, две деца на мојата баба и умреа од студ и глад, од нула да почнеш во држава каде сака да исчезнеш е просто мнооооогу тешко..... не беше како кај вас што имавте работа загарантирано и добивте станови и земја за џабе......
Со пот е вака, ако не со пот, тогаш ќе крадеш од државните фабрики......

ПС - после мене ме обвинуваат дека пишувам офтопици.........
 
Имаме нова традиција дома а тоа е да пуштаме бојлер и машина за перење на алишта после 22 часот. Кој последен остане буден, тој да дочека да се наполни бојлерот или да заврши машината. Фала ти ЕВН за оваа нова традиција...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom