Прасе и пици во затворот за убиецот на Мартин Нешкоски

  • Креатор на темата Креатор на темата Exclusivux
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Се гледа се по фаците. The weed of the weed, of society. Сите заедно нема да имаат поголем коефициент на интелигенција од мојот број на чевли што го носам.

За коментарите за јадењето. Преку визити он може секој ден да јаде прасиња, пастрмајлии, да љока вишновача и ракија, а ете, и да гледа ТВ. Уште интернет му фали, па да испадне дека е сместен во хотелска соба од 4-5 ѕвезди.

Можеби е легално, но дали е во ред? Треба да се преземе нешто околу тоа, бидејќи е навредувачки и понижувачки за сите тие кои беа на другата страна од таа трагедија. Ова му доаѓа како присилна, но сепак доста допадлива, награда, за тоа што го направил. Кога се замаглуваат линиите помеѓу затвор и принуден одмор тогаш се гледа дека имаме проблем. Голем проблем.

Затворот е казнено - поправна установа.

Казната е јасна - затвор. Поправниот дел е проблемот.
Спасов еден ден сепак ќе излезе на слобода, и еден тон други за нас познати и непознати осуденици, но какви луѓе ќе излезат на улица?

Ако ги храниме со леб и сол, што ќе ги научиме? А со ова што ги учиме?

Во нашите затвори најмал проблем е што јадат затворениците, што пијат и дали имаат телевизор.

Поголем проблем е што времето го поминуваат во дремење во келија, во двор и пред телевизор.

Не ги поправаме, само ги затвораме, а после тоа на улица пуштаме уште полош човек - затоа што не сме успеале да го ресоцијализираме.

И на крајот, затворениците не се виновни за неуспехот на системот, тие се таму 10 години за да се смени нивното размислување и делување, да ги научиме како треба да се однесуваат и повторно да не ги прават истите злодела.

Тажно е што за цели 10 години, ние ќе пуштиме разбеснети животни, а не луѓе способни да бидат повторно вратени во социјалната средина.
--- надополнето: 19 јули 2013 во 02:49 ---
Убаво гледајте за да не прашувате после зошто сум за смртна казна. И оние за Смилковско вака ќе си седат и уживаат. Моронот што ја задави и силуваше ќерката на новинарот и интернет има во затвор си се допишувал со девојчиња.
Смртна казна! А не вака да живеат, ова е понижување за сите нас.

Смртната казна има и добри и лоши страни.
Случајот со Смилковско плаче за смртн казна, но овој не.
Му недостасува мотив и планирање.

Не знам ни дали е печен за доживотен затвор, затоа што ако ги земеме во предвид Американците и нивното делење на ,степени, на убиството, веројатно би го ставиле во втора, можеби дури и трета категорија, зависно од доказите.
Знаеме дека Спасов е убиецот, но ниту имал мотив, ниту планирал да стане убиец.

Сепак, убиството не е од ,невнимание, тој го нападнал Мартин, иако немал намера да го убие.

Како и да е, не сум правник и ова се гледање од површината, но не се согласувам со тебе дека е понижување тоа што јадат и што пијат.
Понижување е што ќе ги храниме и чуваме 10 години, а кога повторно ќе ги вратиме во општеството, нема да имаат ни милиметар прогрес.
 
Не е понижување тоа што јадел и пиел, понижување е што се куропецал на слики и ни покажува дека не му можеме ништо. Јас така ја сфаќам пораката од сликата, телефон, нож и даљинско, седнат на маса испрчен на гозба. Веројатно има и алкохол па и забава си прават. И навистина не му можеме ништо. Со гаранција и на викендии го пуштаат, очигледно е вип затвореник.

И јас му го овозможувам тоа со даноци, за да ми се смее во фаца. Јас се чувствувам лошо, а не пак фамилијата на момчето. Овде не гледам ни казнено ни поправна алатка. Овде гледам цинизам и семоќност.

А смртна казна секогаш и во секој случај подобро ќе делува одколку оваа глупост во Идризово. Да, можеби не планирал, немал намера да убие, но убил. Не сум правник и ич не ме интересира неговиот мотив, бидејќи не е во самоодбрана каде може да се разгледа и вина на убиен. Смртната казна ќе доведе до тоа следен пат некој друг Спасов да размисли како би постапил. Многу поефикасно во Македонија е да ги упуцаш, одколку да ги раниш, од проста причина што ние сме пичица народ. Уби тоа све што е на доживотна со јавно стрелање, џабе леб јадат немаме никаква корист од нив, само штета во општеството. Бидејќи Спасов кога ќе испадне пак ќе го вработат на исто место, ова е банана држава.
 
Правда , бе ропе правда :pos:
Иначе кој и да дојде нема да се смени нишо,имам комшија што работи во идризово пред некоја година го фатија како потпомага бекство на затвоиреник, го суспендираа 4 месеци со 70% плата, не е само тој се шверца во затворот од страна на чуварите куќи се праат станови се купуваат коли бизниси тој ланец никој не го растура кој и да дојде пак се ќе си остане исто пошо вмбловчињава тоа им е у памет газди да станат мислиш затворон е приватна фирма АД па од дивидента пари шо зимаат пуни се ко бродови.

Во случај да не си го гледал :) - http://www.imdb.com/title/tt0111161/
--- надополнето: 20 јули 2013 во 00:42 ---
Ова што го пропагираш у моментов нема никаква врска со правда. Единствено продаваш одмаздољубивост. Луѓе се носат во затвор за да се елиминираат од општеството бидејќи се социјални карциноми, не за да ја задоволат нечија потреба да ги гледаат измачувани.

Колку многу социјални карциноми има во оваа држава, ама нема кој да ги затвори.
 
Не е понижување тоа што јадел и пиел, понижување е што се куропецал на слики и ни покажува дека не му можеме ништо. Јас така ја сфаќам пораката од сликата, телефон, нож и даљинско, седнат на маса испрчен на гозба. Веројатно има и алкохол па и забава си прават. И навистина не му можеме ништо. Со гаранција и на викендии го пуштаат, очигледно е вип затвореник.

И јас му го овозможувам тоа со даноци, за да ми се смее во фаца. Јас се чувствувам лошо, а не пак фамилијата на момчето. Овде не гледам ни казнено ни поправна алатка. Овде гледам цинизам и семоќност.

А смртна казна секогаш и во секој случај подобро ќе делува одколку оваа глупост во Идризово. Да, можеби не планирал, немал намера да убие, но убил. Не сум правник и ич не ме интересира неговиот мотив, бидејќи не е во самоодбрана каде може да се разгледа и вина на убиен. Смртната казна ќе доведе до тоа следен пат некој друг Спасов да размисли како би постапил. Многу поефикасно во Македонија е да ги упуцаш, одколку да ги раниш, од проста причина што ние сме пичица народ. Уби тоа све што е на доживотна со јавно стрелање, џабе леб јадат немаме никаква корист од нив, само штета во општеството. Бидејќи Спасов кога ќе испадне пак ќе го вработат на исто место, ова е банана држава.

Се согласувам максимално со тебе, но да ги поставиме вака работите:
Знаеме дека тој човек, имал погрешна социјализација во одреден дел од животот, неговата перцепција за исправно и неисправно се разликува од она што е општо прифатено морално, а и законски.
Океј, тоа го заклучивме. Го ставивме во затвор за да оневозможиме негово понатамошно погрешно делување во нашето општество, но исто така, му одредивме казна која еден ден ќе ја одлежи и очекуваме повторно да се врати во социјалната средина.

Бидејќи очекуваме утре тој да биде слободен човек, очигледно треба нешто да направиме во врска со неговата перцепција, да го научиме како треба а како не треба да се однесува.
Да го оспособиме за негово повторно враќање меѓу нас.

Тоа што тој се куропеца, не е негова вина, вина е на корупцијата секако, но пред се е вина на самиот систем кој не остава простор за нешто попаметно.
Со овие претерани дружби меѓу затворениците, не само што пуштаме криминалец повторно на улица, туку пуштаме криминалец кој за 10 години имал многу што да научи од оние околу него.

Како што кажав, сосема е небитно што јаде, дали е прасе или кавијар, побитно е што после толку време тој сеуште не се чувствува ниту виновен, ниту сака да каже кој е виновен, ако тој не е, ниту па има некаков прогрес кај неговата личност.

Настрана од тоа каква е државата, јасно е дека рибата смрди кај главата, зборуваме за законски мерки кои ние како граѓани на РМ индирекно сме ги донеле.

Колку и да не боли смртта на Мартин, не живееме во камено време и никаде (освен можеби Кина) не така лесно се убива човек.
Без оглед дали е самоодбрана или не, и некој што нема поим од право знае дека еден од најважните сегменти во одредувањето на казната на убиецот е постоењето или непостоењето на мотивот.

Во овој случај зборуваме за Спасов - но не е само тој убиец, и не само тој ,,ужива,, во затвор. Тој е само малку медиумски поекспониран.

На крајот, едно е сигурно - огнот со оган не се гаси. Јас единствено доживотниот затвор би го заменила со смртна казна, затоа што ако некој добие доживотен, без можност за предвремено пуштање, не ја гледам смислата во неговото чување и понатаму.
Се останато, што би добило било каква можност за повторно пуштање на слобода (значи, поправлив човек), би му пружила максимум поддршка и социјализација.

Затоа што, да бидеме искрени, никој не се раѓа убиец, никој не се раѓа злобен и дефинитивно никој не се раѓа со желба да биде багабонт. Милион фактори околу него го прават тоа што е.
 
Бидејќи Спасов кога ќе испадне пак ќе го вработат на исто место, ова е банана држава.

Дека ќе излезе од затвор некогаш, може и ќе излезе, ама дека ќе работи на исто место - тоа нема шанси па која сака влада нека е. А и дека ќе работи нешто нормално и тоа нема шанси. Ај размисли, кој ќе му даде работа кога ќе слушне кој е. Не постои таква сила, ни меѓународна конвенција, ни човекови права ни социјализација ни ништо кој ќе му овозможи понатаму нормален живот, барем не во оваа држава. Е сега ако се пресели (не знам како) може и убаво да си поживее.
 
И тука може, и тука.
Се може тука.
 
Banana Republic ...
И во Латино-Американските банана држави осудениците(особено оние покрупните риби) иако се зад решетки исто им се фаќа како да се во хотел со 5 ѕвездички !
И ние сме несомнено банана Латино држава и тоа не е од вчера или од завчера туку цели две децении наназад ... ваквиот банана систем сите власти го поддржуваат и го продолжуваат а богами и прошируваат и надоградуваат ... почнувајќи уште од времето на хер Бр.(почеток на 90ти), па сега патвиотите и тако даље иде това ... :tapp::гомце:
 
Дека ќе излезе од затвор некогаш, може и ќе излезе, ама дека ќе работи на исто место - тоа нема шанси па која сака влада нека е. А и дека ќе работи нешто нормално и тоа нема шанси. Ај размисли, кој ќе му даде работа кога ќе слушне кој е. Не постои таква сила, ни меѓународна конвенција, ни човекови права ни социјализација ни ништо кој ќе му овозможи понатаму нормален живот, барем не во оваа држава. Е сега ако се пресели (не знам како) може и убаво да си поживее.
:)
Потсети ме дека збориме за Македонија.
 
:)
Потсети ме дека збориме за Македонија.
одамна и јас се прашувам некои членови на форумов според мислењата во која држава живеат.
 
Дека ќе излезе од затвор некогаш, може и ќе излезе, ама дека ќе работи на исто место - тоа нема шанси па која сака влада нека е. А и дека ќе работи нешто нормално и тоа нема шанси. Ај размисли, кој ќе му даде работа кога ќе слушне кој е. Не постои таква сила, ни меѓународна конвенција, ни човекови права ни социјализација ни ништо кој ќе му овозможи понатаму нормален живот, барем не во оваа држава. Е сега ако се пресели (не знам како) може и убаво да си поживее.

Со неговата воена обука (затоа што реално повеќе за воени ситуации го обучуваат отколку за полициски), и криминалните пријателства што ќе ги стекне во затвор, јас искрено тој човек не би го сакал во моја близина. Ќе работи тоа што знае, тоа што го научиле, ќе тепа ќе убива.
 
Јако е како Либертас си имаат омилен робијаш што живее како паша, Велија нивни гарант пати како аскет, ни јаде ни пие и скапува во самица.
 
Срамота, ништо друго неможам да кажам... некој животот ќе го изгуби за џабе, а некој казната ќе му биде затвор, односно затворена просторија со намена за хотел. Срамота!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom