Bullzeye дијагнозата во целост погодена, можеби не рафинирана дивјачки грубо презентирана од страна на добро познатиот но во принцип точно од збор до збор. А psychopat stallker is among us.
ОН
Централизирањето на финансиите си го прави своето,миграцијата провинција-Скопје воопшто не би требало никого да го чуди, секој има право да си ја побара среќата и своето место под сонцето, ако некој смета дека доселувањето во Скопје ќе му овозможи подобар живот и посветла иднина тогаш тоа никој нема право да му го спори.
Мене повеќе ме плаши иселувањето од државава, безперпективноста немањето финансиска стабилност се повеќе ги брка младите од државата, и не смо младите туку и доста средновечни парови и самци излегуваат од државата не на привремена работа туку одат за да никогаш повеќе не се вратат или евентуално после години поминати во туѓина да поминат еден одмор тука.
Во врска со односите скопјани-провинцијаци,мислам дека се обострани не ретко слушнати од двете страни.
Скопјаниве не мразат не сакаат да не видат!
Аман ова провинцијалциве сите зборат против скопје и скопјани а сите се со желба да живеат тука.
И обично се завршува со взаемно препукување, кој е крив кој е прав кој бил на патерици

Во глобала мистификацијатана Скопје и стигматизирањето на Скопјани е далеку поголемо во споредба на предрасудите што Скопјаните ги имаат кон луѓето од провинција.
Можеби тоа што се сметаат за инфериорни им дава потреба да се докажат дека се подеднакво добри како и скопјаните.
Сетне сум имал контакти со луѓе од други градови, да имало не вкусни коентари за скопјани дури со омраза но јас не сум замерувал, за воља на вистината коментари против провинцијалци многу малку имам слушнато и тоа најчесто од личнсти кој што се во некој тежок беверли-хилс филм влезени, запазете најчесто тоа биле коментари од луѓе кој што тие скоро се имаат доселено во Скопје или пак нивните родители се имаат доселено и сеќавањата од родениот им крај сеуште им се свежи.
Но дури и јас морам да признаам дека понекогаш ми се смешни кога ќе ми се убацат со некој дијалект кој повеќе ми звучи на клигонски отколку на македонски , или пак кога ќе го видиш некој како игубен германец се шлае нагоре надоле во стилот
- Јас го знам Скопје како својот џеб.
А тој кутриот изгубен се врти во круг како ветримушка

Дури и ако му понудиш помош ќе те погледне со недоверба и страв предизвикани од приказните кој што ги има слушано за лошите скопјанчишта.
Ако јас се прашувам , секој нека си трага по среќата онаму каде што мисли дека ќе ја пронајде.