1. Нехигиена. Не можам да имам секс со некој што смрди под мишка или да се љубам со некој што не мие заби. Иако повеќето од вас мислите дека ова е променлива карактеристика, голем дел од луѓето со слаба хигиена е тешко одеднаш да почнат да се грижат за себеси, ако до оваа возраст не научиле како се обавува основна хигиена.
А и како би го сменила? „Срце, вечер доаѓам кај тебе, биди љубезен да се избањаш претходно ако сакаш да сексаме?“ Така сигурно не.
2. Глупавост. Не дека нешто се правам паметна, ама маж кој не знае да сврзе два збора, нелогично ги согледува работите, не е способен да разговара на теми со мене и константно лупа глупости, не е маж со кој би сакала да бидам. Се` што барам е да не отприлика иста интелектуална бранова должина со мене.
3. Конзервативност, или човек со застарени сфаќања. Не сакам да се сексаме дур не се земеме, срамота е девојче да пуши цигара, педери треба да се запалат, ако си имала некој пред мене си курва (скапана, имаше еден израз), и слични ставови кој во корен се косат со моите не би можела да издржам.
-Подгрупа: Балканизам. Или сликовито: жена е само за у кујна, жена е за да те пере и да ти готви, жена е за дома не треба да работи, жена не смее да крене глас, жена е само за методот „тепај и еби“. :nesvest:
4. Насиље. Ако добијам само еден шамар, го отпишувам од живи. Мене мајка ми и татко ми не ме тепале, не па некој мочко таму.
Истото важи и ако е склон кон тепачки, особено ако е наострен спрема секој што ќе ме погледне, генерално ако е насилен.
5. Контрола. Повици на секои 15 минути, извештај каде и со кого сум била на крај на секој ден, „смееш/не смееш“ наредби, следење, распрашување по другарки, склоност да го знае секој детаљ од мојот живот исл.
I value privacy.
6. Претерана емотивност. Секоја жена почитува маж што не се плаши да заплаче кога е до тоа дојдено, се додека не е тоа нејзиниот партнер и се додека не е тоа за најобична глупост. Океј, во екстремни ситуации секако дека е прифатливо да се заплака, ама солзи предизвикани од тривијалности, на пр. зошто се разнежнил што си му рекла те сакам, зошто сте се скарале итн, ниедна жена нема да трпи.
Жени не сакаат плачковци. Жената сака да се чувствува послабо и заштитено и очекува мажот да се постави како цврст и стабилен, некој на кој може да се потпре, а не бебе што треба да го теши на секој филм со тажен крај. Плачење кај маж е трн оф.
7. Куропецање. Или: главен фраер у граду, кола гром, сепаре у диско, облечен у Битсиани, сите пи4ки вени сечат по него итн. Таквите ми се одбивни.