Дали негде во Скопје може да се најде Earl Grey бренд на чаеви. Го пробав од едни англичани што се во Скопје и повкусен чај немам пиено.
Не сакам да ме разбереш погрешно, Earl Grey е добар чај. Ама нема по-извикан и по-претплатен бренд на чај од него. Во основа се работи за црн чај со додадена арома од масло добиено од корка на вид на
лимун. Основата на чајот, црниот чај е со осреден квалитет, но крајниот производ кошта повеќе од многу поквалитетни видови чај... затоа што го плаќаш брендот.
Можеби најлошо од се е тоа што Енглезите скоро секогаш го пијат со малку млеко, што е лошо затоа што некои од содржините на млекото се врзуваат со антиоксидансите од чајот: па не добиваш ни 10%-20% од нутриционистичките и здравствени придобивки на црниот чај.
За да биде постов конструктивен еве и еден совет.
Ако те интересираат ароматизирани чаеви зошто не разгледаш во специјалирана продавница за чаеви. Имаат секакви миксови, на пример пред некое време купив црн чај со малку суви корки од помаранџа/лимун и парченца ванила -слично на Earl Grey, а секако многу поевтино и со можеби поквалитетен чај за основа на миксот. Можеш да прашаш и за некој клон на Earl Grey, веројатно има.
Знам само една продавница специјалирана за чаеви, па неа и ќе ја
линкам но ако некој друг знае за друго место -нека напише и мене ме интересира.