Каде да наjдам? [Food Edition]

  • Креатор на темата Креатор на темата davidov
  • Време на започнување Време на започнување
Чист зелен чај без жен шен лимон и такви тревни глупости.

Во продавниците за здрава храна се продава рефус, чист и далеку поубав од пакуваниот на Виталија.
 
Дали негде во Скопје може да се најде Earl Grey бренд на чаеви. Го пробав од едни англичани што се во Скопје и повкусен чај немам пиено.
Преферирам во билна форма, не преработен во кесички, но секое инфо е добредојдено.

twinings_of_london_early_gey_tea_3-5__95105_zoom.jpg



earl-grey-tea.jpg
 
Znae nekoj kade vo sk ima najeftina kinoja? ili opsto kade ima najeftini zitarki celi neobraboteni?
 
Дали негде во Скопје може да се најде Earl Grey бренд на чаеви. Го пробав од едни англичани што се во Скопје и повкусен чај немам пиено.

Не сакам да ме разбереш погрешно, Earl Grey е добар чај. Ама нема по-извикан и по-претплатен бренд на чај од него. Во основа се работи за црн чај со додадена арома од масло добиено од корка на вид на лимун. Основата на чајот, црниот чај е со осреден квалитет, но крајниот производ кошта повеќе од многу поквалитетни видови чај... затоа што го плаќаш брендот.
Можеби најлошо од се е тоа што Енглезите скоро секогаш го пијат со малку млеко, што е лошо затоа што некои од содржините на млекото се врзуваат со антиоксидансите од чајот: па не добиваш ни 10%-20% од нутриционистичките и здравствени придобивки на црниот чај.


За да биде постов конструктивен еве и еден совет. :)
Ако те интересираат ароматизирани чаеви зошто не разгледаш во специјалирана продавница за чаеви. Имаат секакви миксови, на пример пред некое време купив црн чај со малку суви корки од помаранџа/лимун и парченца ванила -слично на Earl Grey, а секако многу поевтино и со можеби поквалитетен чај за основа на миксот. Можеш да прашаш и за некој клон на Earl Grey, веројатно има.

Знам само една продавница специјалирана за чаеви, па неа и ќе ја линкам но ако некој друг знае за друго место -нека напише и мене ме интересира.
 
Vanlok
Фала на опширното објаснување, не сум експерт или голем конзумент на чаеви, али овој го пробав и ми остави впечаток. Инаки најдов во ЛаЧа, тоа е спроти Вулкан специјализирана продавница за чаеви и таму го имаше Earl Grey и други брендови на чаеви.
Овој чајов ти што си го купил има одредено име или да им ги кажам состојките?
Фала за линкот!
--- надополнето: 16 јуни 2013 во 15:28 ---
Сега разгледувам истата продавница е, ја отвараат и во Веро.
 
Овој чајов ти што си го купил има одредено име или да им ги кажам состојките?
На поклон го добив, а металната кутија немаше натпис. Мешавината објасни им ја, па земи си помала количина и пробај.
 
Кај да најдам свежо нане за мохито? У Веро немаа
 
Ви благодарам на сите на одговорите!
 
Инаки најдов во ЛаЧа, тоа е спроти Вулкан специјализирана продавница за чаеви и таму го имаше Earl Grey и други брендови на чаеви.
Earl gray-от што го зема е производство на Twinings или од некој друг производител?
 
Earl gray-от што го зема е производство на Twinings или од некој друг производител?

На рефус е, како и сите чајеви што ги имаат во ЛаЧа. Од Twinings пакување не верувам дека се наоѓа во Македонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom