"Град-држава" Скопје со нови 2500 провинцијалци

  • Креатор на темата Креатор на темата Jedah
  • Време на започнување Време на започнување
Не сум знаел дека миграцијата во Македонија е забранета.

ПС: А што правиме со Скопјаните кои дошле да живеат во провинција?

Провинциалци во душа, родени на погрешно место :р

Не се виновни луѓето за оваа состојба, они само се снаоѓаат, Скопје има голема разлика од другите градови , се отвараат повише работни места и нуди повеќе можности од А до Ш.

И дали сте свесни уште колку луѓе сонуваат да станат Скопјани.
 
Изглеа ја сум единствениот скопјанец што мисли дека „провинцијалци“ стварно звучи невкусно...
Стварно ме неевира кога гледам како повеќето скопјани се занесуваат што се од Скопје и тие од внатрешноста за нив по дифолт се необразувани и сељаци, небитно што кај нас коа ќе дојде аца лукас крцаат дискотеките што уствари и не се за турбо фолк...
Од мое искуство можеш подобро да се разбереш со тие од внатрешноста него со нашиве фаци тука.
 
Секако забрани мора да постојат секој еден не смее да дојде да живее во центарот на светот. Исто треба да постои и регулатива да не може секоја провинцијалка да сака да се омажи со скопјанец со сина крв што би ја уништило лозата благородничка.
 
Со 10.000 плата во друг град повеќе ќе направиш него во скопје и за крај во Скопје може секој да купи стан и да се пресели освен Скопјанец. Лесно продај таму нивите и стан куќа што и да имаш, дојди си тука купи си станче :)

Те цитирам за ова зашто пред 2 часа со другар и татко ми кроз ракија дојде и оваа тема. :)
Зашто вакви муабети уште ги правите, па кој е луд да ти купи нива/куќа еве во источна Македонија ?
 
Зарем има такви? јас знам само еден човек кој отиде да живее во Кичево и тоа отиде домазет а други немам јас слушанто ...


Има има, може не се во толкав голем број ама ги има. Во мојата зграда живее еден.
 
Ахахахахах за болдот, абе за Скопје ли праеме муабет или за Големото Јаболко. Градот ќе те изел. Кого изел градот до сега бе? Ахахахаххаха слушнале на филм па ајде сега ќе тресат глупости.

Јас досега ниедно лошо искуство сум немала со Скопјани. Сите убаво се понашале со мене, никој не ме зезал за дијалектот (иако мојов дијалект е најружен у свет, според мене, не рипајте одма).

А ако некој ми рече мене дека Скопје не бил за мене, пошто ќе ме изел, ама за нив не бил гладен, знам што да му речам, па не да бил од Скопје...

Where the hell are you from?:D Не постојат грди дијалекти, само потешки и полесни за разбирање.


Интересна статистика, луѓето од поблиските места до главниот град најчесто работат во Скопје со патување, а колку се подалеку одат на варијанта странство, посебно од Западна Македонија.
Трагична е споредбата Охрид - Скопје, 1069 наспроти 1310 иселени лица, а над десет пати се разлика во население.Најчесто во Холандија, Италија, Германија...
Од друга страна, во Охрид не гледаме некое големо опаѓање на население и поради редовните доселувања, Бројка од 50% од отселените Охриѓани ги замениле доселени лица од околните населби, а 35% од други општини, според ситуација на терен најчесто од Прилеп, линијата Штип - Кочани -Берово, Ресен, Тетово...

Статистичките показатели кои се приложени во публикацијата говорат дека минатата година од Охрид се иселиле вкупно 1069 лица од кои 803 заминале во странски земји. Со овие податоци Охрид е рекордер по бројот на отселени лица, а зад него се Гостивар со 427, Битола со 386, Струга 371, Куманово 321, Прилеп со 243 и Струмица со 229 отселени лица. Поголема бројка на отселени од Охрид има само градот Скопје од каде што во истиот период се отселиле 1310 лица.
Интересен е податокот што после Скопје, кој води со бројка од 1845, Охрид се наоѓа на второто место и според бројот на доселени лица. Значи според статистичките показатели, лани, жители на Охрид станале 447 лица од кои 356 се доселиле од друга општина.

Граѓаните на Охрид сметаат дека причина за иселувањето се недоволниот број на работни места односно условите за егзистенција кои моментално ги има во градот.

-Најчесто се иселуваат младите, еве на пример од мои блиски пријатели двата сина им заминаа во странство, едниот во Холандија, другиот во Германија. Исто така и моите деца планираат да одат надвор до Охрид, доколку најдат подобра работа и не ги запирам, слободно нека бараат подобар живот,вели една повозрасна охриѓанка.

Друг повозрасен граѓанин смета дека доколку во Охрид се отворат фабрики и доколку се инвестира во стопанството, младите нема да се иселуваат.

Тој потсетува на добрите времиња на охридското стопанство, кога ретки биле граѓаните кои се иселувале од Охрид.

OhridNews​


6


29.06.2012 11:00​

Прочитана е : 2822 пати​


© 2013 Ohridnews.com. Сите права се задржани.​
 
Ви нас провинцијалци ми вас скопски педеери : )
ке еду бан ? нема фала
Најголема провинција е Скопје ако е затој
А и Кумани ви измислиле убау песну

Погледните си у лични карте
на бабу деду мајку татка беее
сфи сељаци сте
сфи дошљаци сте
за кое Скопје ви ни зборитееее ?
Да се разберемо ја не мрзу скопјани, ја мрзу фаце што мислиф дека ако су од Скопје бога за муда га фатиле
поздраф нездраф
 
Секако забрани мора да постојат секој еден не смее да дојде да живее во центарот на светот. Исто треба да постои и регулатива да не може секоја провинцијалка да сака да се омажи со скопјанец со сина крв што би ја уништило лозата благородничка.

немора со сила да се правиш смотана знаеш што ми е поентата, пронајди се во првиот коментар на темава, вие не гледате нас како ниво над вас никој друг никој не ве третира така, вие нас не третирате така со нискоинтелегентниве муабети.
 
немора со сила да се правиш смотана знаеш што ми е поентата, пронајди се во првиот коментар на темава, вие не гледате нас како ниво над вас никој друг никој не ве третира така, вие нас не третирате така со нискоинтелегентниве муабети.


:facepalm: Брич еден
 
Те цитирам за ова зашто пред 2 часа со другар и татко ми кроз ракија дојде и оваа тема. :)
Зашто вакви муабети уште ги правите, па кој е луд да ти купи нива/куќа еве во источна Македонија ?

епа имам другарка од струмица што живее тука и мајка и лично ми кажуваше како имале проблеми коа требале да се селат и се одлучиле да ги продадат нивите и ете ги купил некој сеа имаат стан од 150 квадрати :D

Иначе врв беше еднаш на факс една ми вика, абе што ми е гајле што ме викаат провинцијалка, а овие бе од драчево што се ... они ми се нарекувале скопјани а ја провинцијалка ... :pos:
 
Демек сега ќе искривуваме слика на невиност
Во Скопје сум прилично често и на своја кожа сум осетил како се фаворизираат граѓани од Скопје, какви сочни зборови сум кркал на раскрсница затоа што не сум имал СК таблички, ми се смееле затоа што дијалектот бил чуден. Со другари од Скопје сум седел и јасно ми збореле да си седам кај што сум дека Скопје не е за мене и градот -цитирам "Ќе ме изеде"
Не генерализирам меѓутоа преовладува таквата атмосвера и глупо е да си мачкаме очи дека дечкото од Центар кој работи како програмер и зема плата од 35.000 денари нема ништо против младиот и надежен Беровчанец кој штотуку завршил факултет и за 20.000 ја работи истата работа затоа што во живот не видел повеќе пари и со неговиот економија во кој не се вклучени излагања во град во вредност од 3000ден, пресметал дека тие 20 му се сосема доволни за живот

Заради вакви ситуации не ги сакаме провинцијалците,а тоа што мисли дека сумата од 20к е голема и му е доволна за живот се лаже.
По некое време кога Скопје ќе го изеде,ќе свати дека тие 20к не се доволни па ќе почне да кука реално и вртуелно дека во Скопје животот е скап и не е убаво.
 
Искрено, немам ништо против оние кои доаѓаат од провинција, поштено си го заработуваат лебот, си плаќаат кирија, па камо среќа да створат фамилија итн тука. А имам ептен против оние провинцијалки кои доаѓаат за да најдат маж, остануваат трудни и потоа се цел живот домаќинки :mad:
 
епа имам другарка од струмица што живее тука и мајка и лично ми кажуваше како имале проблеми коа требале да се селат и се одлучиле да ги продадат нивите и ете ги купил некој сеа имаат стан од 150 квадрати :D

Иначе врв беше еднаш на факс една ми вика, абе што ми е гајле што ме викаат провинцијалка, а овие бе од драчево што се ... они ми се нарекувале скопјани а ја провинцијалка ... :pos:
Драчево е предградие на Велес
 
Откако ке го прочиташ вториот коментар на темава добиваш реална слика за провинцијалец што мрчи муда а доаѓа пак да живее во Скопје.
Реално за ова е крива државата, на крај краева нека се спроведат мерки нека не биде Скопје отворен град кој сака да се пресели нека бара одобрување ако треба дали смее па преку К** не е решение сите да дојдат у Скопје, што ке се деси со другите градови во државава за 20 години и помалце, па и што е најтрагично никој не се сели во ченто, ѓорче бутел маџари, господа се сите во кисела вода центар аеродром и карпош :). Нека има мерки ако имаш факултет во твоја општина или кој факултет ти е најблиску да мораш таму да се запишеш, што има да доаѓаш во Скопје ? Ради ова на сестра ми и се деси да кога се запиша на правен факултет ја испратија да учи во Велес иако факултетот и е на 5 мин овој во Скопје, а тие од Велес да дојдат да учат тука, жити се која е логиката. Нема веќе место во градов глејте на секој чекор се шират улици се градат згради се сечат дрва ради тие причини, нема место кај да се паркираш едноставно нема воздух градов. И да не се лажеме дека се враќаат дома после 4-5 години факултет, еве лето е па тука се.
Значи имам и колеги од факс и еве се дружиме ко што треба и се се одвива нормално, јас немам ништо против нив како личности или да ги глеам како граѓани од втор ред ( како што сте утупеле вие у глава демек ние од скопје сме главни и сите сте сељаци за нас ) ја иам само проблем со фактот зашто мора да дојдат тука да учат, живеат,мажат работат. Со 10.000 плата во друг град повеќе ќе направиш него во скопје и за крај во Скопје може секој да купи стан и да се пресели освен Скопјанец. Лесно продај таму нивите и стан куќа што и да имаш, дојди си тука купи си станче :)

:tapp:
Толкава концентрација на глупости во еден текст немам прочитано одамна.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom