Setsuko
Модератор
- Член од
- 29 јануари 2006
- Мислења
- 6.403
- Поени од реакции
- 5.957
Нема врска, читањето не се планира. Ако имаш предизвик пред тебе ќе го планираш. Не дека по читање на Достоевски цела година нема да читаш ништо друго... Не сакам ограничување со време кога станува збор за читање ниту однапред планирани цели што треба да се постигнат. Затоа имам одбивност и кон испити, лектири или што и да е кои не само што наметнуваат временски период туку наметнуваат и литература што треба да се прочита.Ова неколкупати го напиша, демек оние што го прифатија предизвикот ќе читаат само од најновите изданија на Матица и слични најнови бестселери, а никој нема да прочита некое политературно дело. Како што има луѓе кои читаат еден куп полесна литература, така има и такви кои читаат еден куп класици. Или ти откога ќе прочиташ некое дело од Достоевски не фаќаш друга книга со месеци, а можеби и не гледаш ни филмови, за да не ти ги засенат импресиите од прочитаното.
И не ми е јасно зошто ме сфаќате ко да навредувам некој што, колку и зошто чита. Ако јас не можам и не сакам да го прифатам предизвикот и да ги бројам книгите не значи дека не треба и другите.