За или против книжевни предизвици?

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Ова неколкупати го напиша, демек оние што го прифатија предизвикот ќе читаат само од најновите изданија на Матица и слични најнови бестселери, а никој нема да прочита некое политературно дело. Како што има луѓе кои читаат еден куп полесна литература, така има и такви кои читаат еден куп класици. Или ти откога ќе прочиташ некое дело од Достоевски не фаќаш друга книга со месеци, а можеби и не гледаш ни филмови, за да не ти ги засенат импресиите од прочитаното.
Нема врска, читањето не се планира. Ако имаш предизвик пред тебе ќе го планираш. Не дека по читање на Достоевски цела година нема да читаш ништо друго... Не сакам ограничување со време кога станува збор за читање ниту однапред планирани цели што треба да се постигнат. Затоа имам одбивност и кон испити, лектири или што и да е кои не само што наметнуваат временски период туку наметнуваат и литература што треба да се прочита.
И не ми е јасно зошто ме сфаќате ко да навредувам некој што, колку и зошто чита. Ако јас не можам и не сакам да го прифатам предизвикот и да ги бројам книгите не значи дека не треба и другите.
 
Член од
15 октомври 2010
Мислења
835
Поени од реакции
155
Ти и онака читаш над 40 книги за факултет, та затоа не ми е разбирливо зошто зборуваш против, кога ете ти си го исполнила предизвикот (сакајки или не). Исто како и јас, и онака читам голем број на книги (затоа што сакам), та зошто да не би се вклучил во оваа, како што ми се виде интересна идеја.
--- надополнето: 8 јануари 2013 во 22:26 ---
Не сакам ограничување со време кога станува збор за читање ниту однапред планирани цели што треба да се постигнат. Затоа имам одбивност и кон испити, лектири или што и да е кои не само што наметнуваат временски период туку наметнуваат и литература што треба да се прочита.
Ова си го додала подоцна, а јас не забележав, па мојот одговор излезе како да е вон контекст.
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Ти и онака читаш над 40 книги за факултет, та затоа не ми е разбирливо зошто зборуваш против, кога ете ти си го исполнила предизвикот (сакајки или не). Исто како и јас, и онака читам голем број на книги (затоа што сакам), та зошто да не би се вклучил во оваа, како што ми се виде интересна идеја.
Токму затоа не сакам предизвици. Бидејќи читањето за факултет не ме исполни, не одлучив јас туку го почувствував ко наметнато.

Ова си го додала подоцна, а јас не забележав, па мојот одговор излезе како да е вон контекст.
Се разбравме. :)
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
Еве како се урнисува желба човек да седне и да дискутира. Тргнете го на страна егото, тоа вака и онака си има удел билокаде. Почнете од она што се нарекува читање за душа. Ако читаш за душа и бездруго егото ќе си го полниш. Но имаш една придобивка - ти читаш она што тебе ти се допаѓа а не она што општеството или кругот на „пријателите “ ти го налага. Притоа ќе бидеш позадоволен со себе. Ако се сили работава, ако се чита Достоевски без идеја, само колку да се биде прифатен во тој круг, онда батали му ја. Ем што ќе носиш порцеланска маска од некој wanna-be интелектуалец туку и ќе стравуваш од ризикот таа маска утре да биде скршена. Ќе се затворат завесите, на шоуто му доаѓа крај. Ти се враќаш на оној пиедестал пред да почнеш да го читаш Достоевски, со еден сход - кругот сеа те знае, а имаш изгубено и време (а можеби) и живци за да почнеш одново. И остануваш во тоа статус кво за кое ќе треба да помине многу време да смогнеш сили и да си го фатиш патот. Тоа е она за што зборам во врска со односот квалитет.

За предизвици еве јас прифатив оваа година, што не значи дека ќе го завршам - што не значи дека нема да читам - нема да бидам мрзливкото кој ќе се смее на секој клип. Со други зборови, ако некој на форум ми збори ваууу види овој не го завршил предизивикот, леле многу потфрлил, нишо не чита.... не ме засега. Ако форумот ми е фактор живота за однесување кон еден круг на виртуелни членови, тогаш треба да се преиспитам за своите постапки најпрво кон себе. Вреѓања и зборења наоколу, имало и секогаш ќе има. Тоа е ракот на било кое општество.
Конкретно, и да го завршам и да не, јас ќе си го терам она темпо кое душата ми налага. Прошлата година малку сакав да си поиграм и си водев статистика да видам колку читам и што како оди. Заклучив сека се` се води кон она - моменталното - кога збориме за читањето како удопствие. Читав и навистина тешки книги кои еве да речеме сеа во дадениов момент можда и не би ги сфатил. Читав и ептен лесна литература која ако би ја читал тогаш би ми изгледала мизерна и бескорисна. Значи сум ја исчитал затоа што во моментот ми била интересна.
Ај толку од мене за темава.
 
демнач

Неафирмиран кајганџија
Член од
11 август 2008
Мислења
1.621
Поени од реакции
412
Преубава тема,еве зашто.
Имам заприметено дека некои луѓе читањето книги го имаат сведено навидум на постењето.
Некако пости ама не пости заради себе и самоисполнување туку за другите,така и со читањето чита ама некако за другите.
Има книги и книги па не секоја е вредна за читање.
Кога некој пишува на предизвик се осеќам како да не ужива во книгата макар ја читал и два месеца туку брза да прочита што е можно повеќе.Против во секој случај.
 
Абе не мора да значи ако пишал 30-40 книги дека прочитал, дека усилено се зафатил ко слеп за стап веднаш да го заврши предизвикот. Некои таму пишуваат за да водат евиденција, други за да разменат искуство. Исто толку е смешно да силиш читање на книга ради предизвиот, колку што и да ги ограничуваш работите на црно и бело. Не дека има вистина во тоа што го пиша, но има и т.н. сива зона или поточно шарена, која си чита ради уживање, но и си води евиденција, споделува искуство на прочитана книга. Пошо да бидеме реални, многу попосетена и поактивна тема е онаа со предизвици пошто е конгломерат од секакви членови, и оние кои читаат за курчење, и оние кои читаат за душа.
 
Не ја разбирам таа евиденција?За кого ја водиш?Што со неа?Што баш на форум евиденција да водиш?Ако толку ти е до таа евиденција напиши ја во писи во некоја папка во my computer,во тетратка,мене сепак ми делува на покажување кој колку прочитал а со тоа расне во нечии очи.
 
Таа евиденција е слична со темата Што читате во моментот. Секое мислење каде вршиш авто-презентација потегнува и билдање его. Но има билдање и билдање. Некои го билдаат спонтано - со тоа што читаат нешто за душа за да потоа го прикажат во темата, додека има други што читаат заради цената да се биде ултра фраер. Или пак да упростам, кај едните процедурата е последицата од прочитаната книга ја пласираат тука на форум, додека вториве наоѓаат причини да го поминат предизвикот.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Ти и онака читаш над 40 книги за факултет, та затоа не ми е разбирливо зошто зборуваш против, кога ете ти си го исполнила предизвикот (сакајки или не). Исто како и јас, и онака читам голем број на книги (затоа што сакам), та зошто да не би се вклучил во оваа, како што ми се виде интересна идеја.
За на факултет кај неа сигурно дека не читаат по четириесет книги во семестар, но еден е фактот а тоа е дека професорот нема да побара од тебе да му кажеш колку книги си прочитал, туку што си научил од таа книга и ќе гледа колку добро си ја сфатил истата.А за да го постигнеш тоа е потребно книгата да си ја читаш бавно и задлабочено (сконцентрирано) .
Значи сум против тоа да се читаат книгите брзо.
Најмногу ми беше смешно кога еднаш видов на темата за предизвици како пишуваат за една книга есеј и во есејот стоеше краткиот заклучок што стои скоро на задната страна на секоја книга, а стои и на оваа.Мислам дај, чита книга а го препишува мислењето на некој друг што стои од задната страна на книгата.И, каков е тој читател кој не знае да даде свое мислење и своја оценка на книгата?Абе ајде....тоа е разликата помеѓу човек кој чита зошто навистина сака да научи нешто и човек кој само „чита“.
--- надополнето: 11 јули 2013 во 04:43 ---
Вокерка, јас мислам коментарот на срце се однесуваше општо на подфорумот, а не конкретно на темата за предизвикот. Зашо искрено гледано овој подфорум е навистина најслабо активен.
Подфорумот е слабо активен, но не значи дека е исто така и слабо посетен.Едноставно има луѓе кои немаат желба да пишуваат на темиве.Темиве што се отворени се отворени за дела кои за мене лично немаат никаква вредност.Говорам за повеќето.Но не значи сега дека јас имам нешто и против тоа што луѓето си читаат вакви дела.Кој што сака нека прави, тоа си е негово право.
Така да немој да мислиш дека ако овој подфорум е слабо активен дека е исто така и слабо посетуван.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Преубава тема,еве зашто.
Имам заприметено дека некои луѓе читањето книги го имаат сведено навидум на постењето.
Некако пости ама не пости заради себе и самоисполнување туку за другите,така и со читањето чита ама некако за другите.
Има книги и книги па не секоја е вредна за читање.
Кога некој пишува на предизвик се осеќам како да не ужива во книгата макар ја читал и два месеца туку брза да прочита што е можно повеќе.Против во секој случај.
Не читаат сите Достоевски и Кафка па да им треба еден месец за една книга.

Не ја разбирам таа евиденција?За кого ја водиш?Што со неа?Што баш на форум евиденција да водиш?Ако толку ти е до таа евиденција напиши ја во писи во некоја папка во my computer,во тетратка,мене сепак ми делува на покажување кој колку прочитал а со тоа расне во нечии очи.
Како јас се покажувам во некои очи, кога мене од форумов никој не ме знае која сум?
--- надополнето: 11 јули 2013 во 19:16 ---
Подфорумот е слабо активен, но не значи дека е исто така и слабо посетен.Едноставно има луѓе кои немаат желба да пишуваат на темиве.Темиве што се отворени се отворени за дела кои за мене лично немаат никаква вредност.Говорам за повеќето.Но не значи сега дека јас имам нешто и против тоа што луѓето си читаат вакви дела.Кој што сака нека прави, тоа си е негово право.
Така да немој да мислиш дека ако овој подфорум е слабо активен дека е исто така и слабо посетуван.
Епа ако подфорумот е слабо активен, јас немам причина да доаѓам тука. Влагам денес, нема ниту едно ново мислење, и одма излагам. А да беше повеќе активен, ќе се водеа и дискусии и се.
Можеби е посетуван подфорумов, ама на пример Серии е многу, многу, поактивен и попосетуван од него.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.717
Поени од реакции
13.428
Не читаат сите Достоевски и Кафка па да им треба еден месец за една книга.

Како јас се покажувам во некои очи, кога мене од форумов никој не ме знае која сум?
--- надополнето: 11 јули 2013 во 19:16 ---

Епа ако подфорумот е слабо активен, јас немам причина да доаѓам тука. Влагам денес, нема ниту едно ново мислење, и одма излагам. А да беше повеќе активен, ќе се водеа и дискусии и се.
Можеби е посетуван подфорумов, ама на пример Серии е многу, многу, поактивен и попосетуван од него.
Подфорумов имаше неколку наврати да заживее, дали преку предизвикот или преку отворена дискусија за одредени писатели/книги но некако тие обиди не можат да мрднат од мртва точка. А тоа е затоа што повеќето се чита кампањски или се дискутира истотака кампањски. Ќе се соберат 10-15 члена ќе удрат неколку мислења по темиве и после тоа никаде ги нема. Се нема одреден континуитет. Се нема драж дека некој што ќе пише мислење денес ќе биде цитиран најрано после 6 месеци. И кажи ми дали со таква дискусија од „телескопски“ размери, би имало место и желба да се спроведе во целост?
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Подфорумов имаше неколку наврати да заживее, дали преку предизвикот или преку отворена дискусија за одредени писатели/книги но некако тие обиди не можат да мрднат од мртва точка. А тоа е затоа што повеќето се чита кампањски или се дискутира истотака кампањски. Ќе се соберат 10-15 члена ќе удрат неколку мислења по темиве и после тоа никаде ги нема. Се нема одреден континуитет. Се нема драж дека некој што ќе пише мислење денес ќе биде цитиран најрано после 6 месеци. И кажи ми дали со таква дискусија од „телескопски“ размери, би имало место и желба да се спроведе во целост?

Па се слагам со тебе. Пишав погоре, овој подфорум е многу послабо активен од другиве. Мода и убавина нема модератор па пак е поактивен од овој.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom