Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Al%20fajed%20golema.jpg

По 16 години во Фулам, Мохамед Ал Фаед го продава клубот од Кревен Котиџ


Мохамед Ал Фаед, одлучи да го продаде англискиот премиерлигаш Фулам, со што завршува 16-годишната соработка на клубот од Кревен Котиџ со богатиот бизнисмен од Египет.

Ал Фаед има 84 години и одлучи да ја заврши убавата авантура со Фулам, екипа што е стабилен прволигаш во Англија во последните 13 сезони. Под палката на искусниот лисец, Фулам стана стабилен клуб без долгови, а дури е забележан и профит на крајот од последните две години.

Според британски „Sky sports“ има најмалку едне заинтересиран купувач, кој би продолжил да го раководи Фулам и би бил сопственик на местото на египетскиот богаташ. Детали за тоа колкава е вредноста на клубот и колку пари бара Ал Фаед за да го продаде Фулам, засега нема.
 
Ултраси ќе спонзорираат германски клуб

Ултрас групата која ги следи натпреварите на Рот-Вајс Есен не само што ќе му дава поддршка на клубот со гласно навивање од трибините, волонтираат при одржувањето на стадионот, а на клубот му пружаат и финансиска помош.
Навивачката група „Ултрас Есен" постои од 2002-та година и тие не само што му даваат безрезервна поддршка на клубот на сите домашни и гостински натпревари, често ги донираат своите финансиски средства во клупската каса, па челниците на клубот на овој начин решија да им се заблагодарат на посебен начин.
Следната сезона наместо спонзор, на централната позиција на клупските дресови на германскиот четвртолигаш ќе биде логото на ултрасите, а навивачите за возврат ќе ги донираат парите од продажбата на реквизити и средствата собрани од сите активности за собирање на донации за клубот кои тие ќе ги организираат во иднина.

ultrasi-kje-sponzoriraat-germanski-klub-50004.jpg
 
Иначе, не знам колку ве интересира, денеска започнува Европското првенство во фудбал, жени. Ќе се одржува во Шведска, од 10 до 28 јули.
Ќе учествуваат 12 репрезентации, поделени во 3 групи од по 4 екипи.
Првенството ќе се отвори со дуелот измеѓу Италија и Финска, кој стартува во 18 часот, после него следува Скандинавското дерби помеѓу Шведска и Данска, во 20.30 часот.
На турнирот уште учествуваат и Англија, Франција, Русија, Шпанија, Германија, Исланд, Норвешка и Холандија.
Титулата ја брани репрезентацијата на Германија, која е и најуспешна нација во оваа категорија.
 
Al%20fajed%20golema.jpg

По 16 години во Фулам, Мохамед Ал Фаед го продава клубот од Кревен Котиџ


Мохамед Ал Фаед, одлучи да го продаде англискиот премиерлигаш Фулам, со што завршува 16-годишната соработка на клубот од Кревен Котиџ со богатиот бизнисмен од Египет.

Ал Фаед има 84 години и одлучи да ја заврши убавата авантура со Фулам, екипа што е стабилен прволигаш во Англија во последните 13 сезони. Под палката на искусниот лисец, Фулам стана стабилен клуб без долгови, а дури е забележан и профит на крајот од последните две години.

Според британски „Sky sports“ има најмалку едне заинтересиран купувач, кој би продолжил да го раководи Фулам и би бил сопственик на местото на египетскиот богаташ. Детали за тоа колкава е вредноста на клубот и колку пари бара Ал Фаед за да го продаде Фулам, засега нема.


Хипстер Арап- вложува во Европска екипа пред да биде кул.
 
Иначе, не знам колку ве интересира, денеска започнува Европското првенство во фудбал, жени. Ќе се одржува во Шведска, од 10 до 28 јули.
Ќе учествуваат 12 репрезентации, поделени во 3 групи од по 4 екипи.
Првенството ќе се отвори со дуелот измеѓу Италија и Финска, кој стартува во 18 часот, после него следува Скандинавското дерби помеѓу Шведска и Данска, во 20.30 часот.
На турнирот уште учествуваат и Англија, Франција, Русија, Шпанија, Германија, Исланд, Норвешка и Холандија.
Титулата ја брани репрезентацијата на Германија, која е и најуспешна нација во оваа категорија.


Германките доминираат овде мислам дека и ова првенство ќе го освојат без некои поголеми проблеми.
 
Хипстер Арап- вложува во Европска екипа пред да биде кул.
Ова е таткото на Доди Ал Фаед, човекот што загина со принцезата Дајана. Прочитав пред некој месец дека можно е да боледува од рак, така да разбирливо што сака да оди во помирен живот.
 
Ова е таткото на Доди Ал Фаед, човекот што загина со принцезата Дајана. Прочитав пред некој месец дека можно е да боледува од рак, така да разбирливо што сака да оди во помирен живот.

ajde sega nekoj nov arap no da ne bide skrzav kako evrein i fulam naskoro da go gledame vo LS kako sto e red (y)
 
КАКО РЕАЛ И БАРСЕЛОНА ПОТРОШИЈА 1,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА

Големите шпански ривали владеат на пазарот зa играчи, купуваат кого сакаат и колку сакаат и не знаат за доста. Ова важи посебно за „Кралскиот тим" кој во последната деката потрошил 300 милиони евра за засилувања повеќе од Барса.
kako-real-i-barselona-potroshija-16-milijardi-evra-za-edna-decenija-49765.jpg

Двата светски фудбалски гиганти со години се владетели во шпанскиот фудбал и ги носат најголемите ѕвезди во своите тимови, но имаат различна политика на градење на своите состави.
„Кралевите" се познати трошајлии кои нудат астрономски суми на пари за најатрактивните имиња кои се нудат на пазарот, додека Барселона основата на тимот ја гради со фудбалери од сопствената академија кои потоа долги години се носители на играта.
Поради тие причини математиките покажуваат дека во последните 10 години Реал Мадрид потрошил 966 милиони евра за засилувања или над 300 милиони повеќе од Барселона која за нови играчи издвоила 648 милиони евра.

Почнувајќи од 2003 година Кралевите го донесоа во своите редови популарниот Дејвид Бекам за сума од 38 милиони евра, а ерата со Хуан Лапорта на „Камп Ноу" почна со бразилскиот ас Роналдињо кој дојде од ПСЖ за 32 милиони евра.
Интересно е што токму во таа сезона и покрај големите имиња во Мадрид и Барселона, ниту една од овие две екипи не успеа да стигне до шампионската титула. Пехарот на крајот втора сезона по ред (2002/03 и 2003/04) го подигна екипата на Валенсија.
Борбата за што посилен тим продолжуваше од година во година. Веќе наредната сезона Флорентино Перез ги купи Валтер Самуел (24 милиони евра), Џонатан Вудгејт (18 милиони евра), Мајкл Овен (12 милиони евра), а Лапорта ги донесе Самуел Ето (28 милиони евра) и Деко (21 милиони евра) кои беа му донесоа трофеј во домашното првенство.
Од сите овие сезони во последната деката во која многу големи фудбалски имиња продефилираа во двете најголеми шпански екипи за издвојување е сезоната 2009/2010 за која Флорентино Перез потроши астрономски 258 милиони евра.
Со неговиот кам бек на претседателската фотеља, на „Сантијаго Бернабе" пристигна Кристијано Роналдо од Манчестер Јунајтед за сума од 94 милиони евра, што е се уште најскап трансфер на сите времиња, потоа Кака (64 милиони евра), Чави Алонсо (36 милиони евра) и многу други.
Истовремено на „Камп Ноу" со заминувањето на Самуел Ето кој премина во Интер, како дел од операцијата беше доаѓањето на Златан Ибрахимовиќ во втората сезона за Пеп Гвардиола, а тоа лето Барселона потроши 94 милиони евра.
Во сета оваа финансиска анализа (2003-2013) интересно е да се напомене тоа што двата богати шпански клуба воошто не размислувале на рационално купување или заработка од продажбата на играчи, па така Реал кој во периодот од 10 години потрошил 966 милиони евра, од продажба заработил неколку пати помалку или поточно 356 милиони. Каталонците пак кои потрошиле 648, во истиот период од продадени играчи заработиле 220 милиони.
Во целата 10 годишна стратегија Барселона со 300 милиони евра помалку потрошени пари се покажала како далеку поуспешна екипа кои освоила вкупно 20 трофеи на сите натпреварувања од кои и во Лигата на шампиони, додека Реал Мадрид се радувал 10 пати без ниту еден трофеј во интернационални рамки.
http://off.net.mk/offside/fudbal/kako-real-i-barselona-potroshija-16-milijardi-evra-za-edna-decenija


ДЕСЕТТЕ ЕКИПИ КОИ ГИ НАПРАВИЈА НАЈГОЛЕМИТЕ ТРАНСФЕРИ

Економистите од Fútbolfinanzas ги анализираа 100-те најскапи трансфери во историјата на фудбалот за кои се потрошени 3,6 милијарди. Дури 80% од оваа сума ја потрошиле само 10 клубови.
desette-ekipi-koi-gi-napravija-najgolemite-transferi-49925.jpg

Според анализата, најголеми трошаџии се Реал Мадрид со 774 милиони евра инвестирани во 18 фудбалери кои се на Топ 100 листата на најскапи трансфери. Тоа значи дека просечно еден од овие фудбалери чини 40 милиони евра. Помеѓу нив се Зидан, Фиго, Роналдо, Бекам, Овен, Кристијано Роналдо и Кака.
Зад нив се Челси со 376 и Манчестер Сити со 366 милиони евра. Двата тима имаат по 12 фудбалери на оваа листа.
Последен тим со над 300 милиони е Барселона. Тие учествуваат со 331,6 милиони за 8 фудбалери, односно просечно за овие играчи трошеле по 41,4 милиони евра.
Листата на десетте клубови кои ги направиле 80% од најголемите трансфери во историјата на фудбалот ја комплетираат Манчестер Јунајтед (281), Јувентус (212), ПСЖ (158), Милан (156). Интер (136) и Баерн Минхен (134 милиони евра).
Сите останати фудбалски клубови учествуваат со 20% во 3,6 милијарди евра потрошени на 100-те најскапи трансфери, односно 761 милиони евра.
http://off.net.mk/offside/fudbal/desette-ekipi-koi-gi-napravija-najgolemite-transferi
 
Verón has returned to Estudiantes, after retiring last year, 1 year contract. His salary will be used to fund the club's youth development.

Иако не се снајде во Ман Утд, класа човек и фудбалер. Носеше појас на коленото пред да го даваат кај нас појасот на Др. Левин на Топ Шоп :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom