Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
Што се однесува до ждрепката од ЛЕ

Металург - Карабаг (Азејберџан)
Тетекс - Пујник (Ерменија)
Турново - Судува (Литванија)
 
Јупп Хајнкес е број 1
Според „coachworldranking.com", сега веќе пензионираниот германски стратег кој стигна до тројната круна со Баерн Минхен е се уште најдобриот тренер во светот.

jup-hajnkes-e-broj-1-47972.jpg

Во светската тренерска листа само четворица стратези успеале да останат во топ 10 изминативе 52 недели, а тоа се Јуп Хајнкес, Жозе Мурињо, Диего Симеоне и Алекс Фергусон.

Споредено со минатата година на листата најдобри 10 ги нема Арсен Венгер кој е на 12 место, Роберто Манчини кој падна на 21 место, Унаи Емери кој е 48-ми, Сеонг Јун (58), Марсело Биесла (64) и Пеп Гвардиола кој падна дури на 816 позиција, но веќе година дена се одмараше од тренерската работа.
Огромен скок од 78 места има стратегот од тимот на Роналдињо, Кука Алекси Стивал, исто како и Мануел Пелегрини кој со историскиот пласман на Малага во четвртфиналето од Лигата на шампионите е подобар за 62 позиции. Јурген Клоп како финалист во ЛШ со Борусија Дортмунд стигна до 6-та позиција.
jup-hajnkes-e-broj-1-47974.jpg

http://off.net.mk/offside/fudbal/jup-hajnkes-e-broj-1


Премиерлигашите заработиле милијарда фунти од продажба на играчи
Профитот на англиските клубови се однесува за период од 6 години, а тоа е и показател колку врвни играчи биле продадени од островот. Секако во оваа енормно голема заработувачка се наоѓа рекордниот трансфер на Кристијано Роналдо во Кралскиот тим.
Големата нето заработувачка на клубовите од Премиер лигата е објавена во годишниот магазин за финансии во фудбалот, а вкупниот профит во периодот од 2008 до 2012 година изнесува 1,144 милијарди фунти.

Најмногу пари од само еден играч заработил Манчестер Јунајтед во 2009 година со трансферот на Роналдо во Реал Мадрид кога заработи 80 милиони фунти и кој се уште е најскап во историјата на фудбалот.
Минатата година нето заработувачка од нешто повеќе од 66 милиони фунти бележи тимот на Арсенал, додека Тотенхем во 2009 година од продажба на играчи заработил 56 милиони фунти.
Според магазинот, во последните години во Премиер лигата драстично е зголемен профитот од продажба на играчи. Во 2004 година на пример, нето добивката на клубовите изнесувала само 28, 6 милиони фунти, кога во минус биле 8 клубови.
Во 2012 година единствените два клуба кои не успеале да профитираат се Ливерпул и Сандерленд.
http://off.net.mk/offside/fudbal/premierligashite-kjarile-milijarda-funti-od-prodazhba-na-igrachi
 
УЕФА ги суспендираше Бешикташ и Фенербахче

За разлика од одлуката поврзана со Стеауа која оди во прилог на романскиот клуб, турските великани Фенербахче и Бешикташ поминаа многу лошо во однос на дисциплинската постапка која се води против нив поради местење натпревари.
УЕФА денеска го информирала Бешикташ дека една година нема да учествува во европските купови, а казната е поголема за Фенербахче. Турскиот вицешампион две сезони останува без европските купови, а казната може да биде продолжена уште една година, доколку истанбулскиот клуб ги повтори грешките од минатото.
Да потсетиме, Стеауа се извлече без суспензија и со условна казна од една година која може да биде активирана при евентуални неправилности во некоја од наредните пет сезони.
 
Италијанска лига ..... Мафиози :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
Italian football clubs raided by police [CNN]

Italian football is facing new scandal after police raided the headquarters of a host of leading clubs in a tax evasion and money laundering probe, according to Italian prosecutors Tuesday.

Champions Juventus, AC Milan and Lazio were among approximately 40 clubs that had documents seized relating to transfers and contracts between teams, players and agents in an investigation reportedly dubbed "Sick Soccer," the public prosecutors' office based in Naples said in a statement.

 
Се сеќавам на оваа трагична случка како денес.Сигурен сум дека тогаш мтв го пренесуваа овој натпревар од конфедерацискиот куп кога трагично на пола терен почина Фое.:(

1043988_670586972981522_31255181_n.jpg
 
Иниеста го спаси Албасете од стечај

Андрес Иниеста е уште еден доказ за лојалност, откако шпанскиот репрезентативец уште еднаш се покажа како спасител на Албасете, тимот каде ја почна својата фудбалска кариера. Тој пред неколку години го предводеше конзорциумот што го спаси Албасете од банкрот, со што стана доминантен акционер во овој шпански третолигаш. Сепак, Албасете продолжи да работи во минус, па клубот имаше рок до 12 часот напладне да го подмири вкупниот долг кон своите фудбалери, во висина од 240.000 евра.

Од парите немаше ниту трага ниту глас, но тогаш на сцена стапи Иниеста, кој иако се наоѓа во Бразил на Купот на Конфедерации, преку посредници ја уплати бараната сума и му овозможи на Албасете и во следната сезона да се натпреварува во третата шпанска лига.

Значењето на гестот на Иниеста е уште поголемо ако се знае дека тој никогаш во животот не одиграл официјален меч за Албасете. Имено, тој само ја почна својата кариера во овој клуб, каде како дете тренираше неколку сезони пред на 12-годишна возраст да се пресели во Барселона. Сето останато е добро познато - Иниеста во дресот на каталонците се промовираше во еден од најдобрите светски фудбалери, но никогаш не го заборави клубот каде ги направи првите фудбалски чекори. ekipa.mk
 
Добро е што сеуште постојат играчи кои не ги забораваат своите клубови кај што ги направиле првите чекори и на секој начин гледаат да помогнат. :)
 
World Soccer ги избра најдобрите 11 на сите времиња

Специјализираниот фудбалски магазин World Soccer го избра идеалниот тим на сите времиња. Во овој избор на престижниот магазин учествувале угледни новинари, менаџери и поранешни фудбалери од целиот свет.

Идеалните 11-мина за некого ќе бидат вистинскиот избор, но ќе има и многумина кои нема да се согласат со овој избор на магазинот. Имено, место во идеалниот тим немаше за Џорџ Бест, Еузебио, Бразилецот Роналдо, Кристијано Роналдо...

Најдобрите 11 во изборот на World Soccer:

Голман: Лав Јашин (Русија)

Одбрана: Кафу (Бразил), Боби Мур (Англија), Франц Бекенбауер (Германија), Паоло Малдини (Италија)

Ред за врска: Алфредо ди Стефано (Шпанија), Јохан Кројф (Холандија), Зинедин Зидан (Франција), Дијего Марадона (Аргентина)

Напад: Пеле (Бразил), Лионел Меси (Аргентина).

Извор: Кајгана
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom