Led Zeppelin

Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Со групава се запознав сосема случајно, во подрум најдов една плоча од нив. Немав ни поима што се и кои се. Плочата да ти била уствари првиот албум. Ја слушнав Dazed and Confused и готово буммм, тоа беше тоа се заљубив во бендов ми стана опсесија. Почнав да барам кој се, што се, од каде се, зашто се, што имаат до сега извадено, се вртеа слики, интервјуа, албуми, песни, се барааа акорди за гитара. Еден од најдобрите бендови во свет кои според мене се во топ 10 кои ја сменија музиката. Се би дал да бидам дел од тоа време да може да отидам на еден концерт и на нив и на многу други.




Фацката на чичко Џими секогаш носела позитивна енергија, со гитарата не свири он води љубов
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Една инаква верзија на Моби Дик, Сиетл, 1977ма, и секако Ненадминливиот Бонзо на тапани

Еден од коментарите што ме изнасмеа.
- Како може тапаните така да звучат? Дали користи некоја машина?
- Не, тој е машина...
:pos:
 
M

Moon Child

Гостин
Јас се сеќавам кога прв пат во мојот живот ја слушнав Stairway to heaven. Бев седмо одделение, сестра ми донесе дома некое CD со најдобрите рок балади. Ги слушав сите по ред, и кога ја слушнав Stairway to heaven за прв пат, неможев да поверувам дека постои на светов толку убава песна. Со денови бев под импресии откако ја слушнав, и нон стоп ми стоеше на repeat. Едвај чекав да си дојдам од школо за дома да ја слушам пак.
Сега после толку години уште истата приврзаност за таа песна ја чувствувам, и до ден денес не верувам дека на светов било кога, би постоела толку легендарна и убава песна. Дефинитивно е No1 песна на сите времиња.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
нели е најдобра ? :)
Ц, не е.
Има многу подобри од Цепелинот. Барем 10.
Отрилика ваква е мојата листа.

  1. When the levee braeks
  2. Whole lotta love
  3. Dazed and confuzed
  4. Moby Dick
  5. Black dog
  6. Kashmir
  7. Immigrant song
  8. In my time of dying
  9. Since I've been loving you
  10. Communication Breakdown
Не знам зошто Led Zeppelin секогаш се идентификува со Stairway to Heaven. Та не е само таа и не само овде...:cool:
Де де........... не тепајте одма, само мое мислење, :P

П.С. Добра идеја, дајте листа на топ листа на Цепелин песни според вас
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Ц, не е.
Има многу подобри од Цепелинот. Барем 10.
Отрилика ваква е мојата листа.

  1. When the levee braeks
  2. Whole lotta love
  3. Dazed and confuzed
  4. Moby Dick
  5. Black dog
  6. Kashmir
  7. Immigrant song
  8. In my time of dying
  9. Since I've been loving you
  10. Communication Breakdown
Не знам зошто Led Zeppelin секогаш се идентификува со Stairway to Heaven. Та не е сдамо таа и не само овде...:cool:

Де де........... не тепајте одма, само мое мислење, :P

П.С. Добра идеја, дајте листа на топ листа на Цепелин песни според вас
Ја би ги употребил скоро истите само друго јаче ќе ги распоредам

1.Stairway to heaven (пошо е ремек дело и шо сакате кажете)
2.Kashmir
3.Whole lotta love
4.Mobby Dick
5.Scince i've been loving you
6.Ramble on
7.The song remains the same
8.The Lemon song
9.Rock and roll
10.The battle of evermore/Communication Breakdown (не се одлучив баш :D)
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
број 1 за мене е The battle of evermore
2. Babe I'm Gonna Leave You
3. Kashmir
4. No Quarter
5. Stairway to heaven
6. Since I've been loving you
7. Nobody's Fault But Mine
8. Black Dog
9. Traveling Riverside Blues
10. Dazed and Confused
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Ја би ги употребил скоро истите само друго јаче ќе ги распоредам

1.Stairway to heaven (пошо е ремек дело и шо сакате кажете)
2.Kashmir
3.Whole lotta love
4.Mobby Dick
5.Scince i've been loving you
6.Ramble on
7.The song remains the same
8.The Lemon song
9.Rock and roll
10.The battle of evermore/Communication Breakdown (не се одлучив баш :D)
Познато а ? :icon_lol: (68-ма година) болдот 71-ва.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Познато а ? :icon_lol: (68-ма година) болдот 71-ва.
Звучи познато? 1958ма, твоево 10 год покасно. Не ќе да е на Спирит „оригиналот“

It is quite clear that large sections of "Taurus" was taken from Graham's song without credit.
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Познато а ? :icon_lol: (68-ма година) болдот 71-ва.
ја би рекол инспирација :D
превише ги сакам lz за да ги плукам сеа :)
--- надополнето: 9 јули 2013 во 21:40 ---
Плус коа сме веќе кај ова, сум приметил и нешто друго..
од 6:24 па натаму, нели потсеќа на смелс од нирвана? I cant be the only one!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom