Убаво ...

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Убаво е кога ке се разбудиш и сваќаш дека пред тебе е уште еден нов ден и ке го искористиш максимално како знаеш и умееш....а пред се се што ке направиш ќе има некаква корист.....
 
-убав е секој нов ден
-убаво е кога ќе погледнеш надвор сабајле да видиш убав сончев ден
-убаво е кога иде летото
-убава е зимата, посебно на изгрејсонце кога мали сончеви зраци допираат до снегот
-убаво е кога ќе ти кажат дека си најдобар ученик/спортист
-убав е животот :helou:
 
Убаво...убави се деновите како денес...кога ќе се реализирам до неверојатно голем умор и заспивам при читање...ах колку е најслатко така кога ќе си заспиеш...
Убаво е кога мачорот ќе ми скокне во кревет наутро и ќе почне да ме душка по косата и да преде...слатко!
Убаво е кога ќе се истегнам на јога...убаво е кога ќе ги фрлам високите потпетици и си одам во ист ритам дома,понесена од претходните 2 часа...ммм тајна...ми вери хепи!
Убаво е кога ми е мирна душата како денес,особено по долг,напорен период.
Убаво е кога ќе си добијам нови боички!:baeh:
Убав е мирисот на оптимизам во воздухот кој не знам зошто го има само приквечер и многу,многу рано наутро и тоа само во лето!
Убаво е кафето со пријатна личност во доцно пладне пред да почне да заладува,макар и во изгор времево!Што е важно,важно е пред зајдисонце!Портокалови бои!Ги сакам!!!
Убаво е кога сум уморна!

Многу работи се убави кога ќе подразмислам...

Ама најубаво е...кога знам што сакам!:icon_lol:
 
уБаво е кога нешто е убаво:smir:
 
Убав е секој изминат ден со оние кои што ни значат и кои што ги сакаме.
Убава е секоја искрено добиена и дадена насмевка.
Убаво е кога ќе ни се изреализира некоја работа која што сме ја планирале подолго време.
Убаво е кога сакаш и кога знаеш дека те сакаат!:wub:
Убаво е кога знаеш дека некој се грижи за тебе,дека би имал на кого да се потпреш,дека би имал кој да те крене утре кога ќе го допреш дното.
Убаво е чуството кога помагаш некому.После тоа знаеш дека можеби делче си заслужен за таа негова среќа.
Во суштина има тооолку убави работи.Животот е составен од нив,и да...Ситниците го прават животот убав,како дел од горенаведените работи.:pipi:
 
Убав е животот. :))
 
Убав сум јас :helou::helou:
Убаво е времето
Убави се жените на кеј :)
Убаво е да спортуваш once in a while ... makes you feel better ;)
Убаво е да сакаш и да знаеш дека си сакан
Убаво е да имаш другарки/и на кои знаеш дека се со тебе и во добро и во зло :)

Ке допишам после ;)
 
Убаво е поминатото време со некоја што е убава...
убаво е поминатото време со некоја што е паметна...
убаво е поминатото време со неа...
убаве е чувството за убаво..
е убаво е..
 
Не е убаво она што е убаво, убаво е она што на мене ми се допага
 
Убаво е кога си го полниш стомакот со добро зготвена храна
Убаво е да го гушнеш само затоа што you feel it
Убаво е кога дремаш на телефон со часови
Убаво е да бидеш хуман
Убаво е да имаш насмевка од 6ка до 6ка
Убаво е кога татко ми ќе ме гушне најсилно
Убаво е кога на мисла ти доаѓа чоколадо, кхммм
Damn....убаво е све!
 
Убав е моментов.
Убав е животот и дружбата која може да падне од искрена и чиста пријателска љубов.
Убаво е јунското прекрасно сонце.
Убав е секој ден исполнет со безгрижност и среќа.
Убаво е регето.
Посебно убава е понежната половина на овој свет овие периоди. Бесконечно убави и алка без која не може да се замисли животот.
Убаво е чувството на било кој фамилијален одмор независно од годините на членовите.
Убав е секој музички хепенинг во Јуни исполнет со среќни и расположени луѓе.
Убаво е кога е убаво. :love2::music3::je::je:
 
Убаво е кога си го полниш стомакот со добро зготвена храна
Убаво е да го гушнеш само затоа што you feel it
Убаво е кога дремаш на телефон со часови
Убаво е да бидеш хуман
Убаво е да имаш насмевка од 6ка до 6ка
Убаво е кога татко ми ќе ме гушне најсилно
Убаво е кога на мисла ти доаѓа чоколадо, кхммм
Damn....убаво е све!


se soglasuvam posebno ovie dve:

Убаво е да имаш насмевка од 6ка до 6ка
Убаво е кога татко ми ќе ме гушне најсилно
 
Убаво е времето поминато во муабет со саканата..тоолку блиску а сепак далеку...
 
Убаво ми е кога читам книга...
Убаво ми е кога шетам по дождот...
Убаво ми е кога се смеам...
Убаво ми е кога одам на плажа...
Убаво ми е кога ги гледам ѕвездите...
Убаво ми е кога се чувствувам сакана...
Убаво ми е кога знам дека на некој му недостигам...
Убаво ми е кога знам дека некој мисли на мене...
Убаво ми е кога добивам подароци...
Убаво ми е кога сум полна со енергија...
Убаво ми е кога ја слушнам на радио омилената песна...
Убаво ми е кога спијам...
Убаво ми е кога седам пред оган во најладната ноќ...
Убаво ми е кога сум заљубена...
Убаво ми е кога СУМ СРЕЌНА !!! :smir:
 
Убаво ми е кога се чувствувам сакан
Убаво ми е кога:drk:
Убаво ми е кога сум покрај фино друштво
Убаво ми е кога навивам за клуб кој го сакам со сето срце
Убаво ми е кога ми даваат пари...
Убаво ми е кога сонувам убав сон...
Убаво ми е кога спијам...
Убаво ми е кога се заебавам...
Убаво ми е кога слушам некоја фејворит песна
Убаво ми е кога јадам плескавици и увијачи со купечки компири на ручек
Убаво ми е кога фрижидерот е полн со Џогобела од јагода:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom