Ќе ме познаеш по аватарот и потписот
It се спремам долго време да ја читам, бидејќи филмот го имам гледано пред повеќе од 10 години и ми е еден од омилените хорори, обавезно ќе ја земам и книгата, само сакам да го поседувам првиот изваден принт од 1986та со тврди корици.
Претходната година го комплетирав серијалот Dark Tower (аватарот и потписот), 7 книги се, а после тоа излезе и една меѓу-книга да ја наречам, поврзана со настани од средината на овој серијал, фактички 8ма книга од серијалот е тоа. Мене лично ми се допаѓа серијалов, па нека не те чуди ако гледаш за некоја година и филмска екранизација од истиот.
Планирав уште многу наслови од типов да земам но во меѓувреме имам доста други книги за читање па нив кога ќе ги комплетирам ќе се обновам со уште нешто од Стивен Кинг.
Типот знае да раскаже и да осмисли приказна, не за џабе е таму кадешто е