Ќе се реконструира железничката станица во Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата c i t r o
  • Време на започнување Време на започнување
Ај сега сериозно.
Транспортниов центар во времето кога бил изграден е најголемата железничка станица во регионот и убедливо најголема во тогашна Југославија. Проект на Кензо Танге (кој за жал како и неколкуте други негови дела) не е целосно изграден. Во тоа време на ова надземно бетонско здание , се планирало и изградба на покрив односно кровна конструкција над пероните... Тоа до ден денес не е реализирано. Исто железничкава има многу перони што би била планирана тогаш и за милионски град, денес не се користат. Е сега овој проект е граден по сите тогашни светски стандарди и е одлично планиран во близина на градското јадро а во иднина да биде и автобуска станица, поштата да е сместена и да делува како транспортен центар што е денес остварено.
Колку и да е овој објект запуштен сепак е некаков симбол на потсземјотресно Скопје... Денес изгледа како хорор филм, а се надеваме дека после реконструкцијата ќе има и кровна конструкција... Возовите и инфраструктурата низ земјава е друга приказна за муабет.
 
Види што се убави, само да се реновираат (извинете за големините, на интернетов нема помали слики од овие):

%D0%96%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%B7%D0%BD%D0%B8%D1%87%D0%BA%D0%B0_%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%91%D0%BE%D0%B3%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B0_6663.jpg


zeleznicka-stanica-bitola.jpg


F4C8CCBF-1A8C-497E-8DC6-5862947CF027_mw1024_n_s.jpg


71_big.jpg


351eutt.jpg
Погрешно ме сфати, очигледно. Јас мислев општо за денешната ситуација, дека не се слушаат вистинските експерти, туку се прави се' онака како на некој што му одговара.
 
Погрешно ме сфати, очигледно. Јас мислев општо за денешната ситуација, дека не се слушаат вистинските експерти, туку се прави се' онака како на некој што му одговара.


Те сфатив де, само се надоврзав на тоа.
 
Станицата нема потреба да се реконтруира битното е да ги направат вагоните да бидат добри и плус тоа да донесат некоја нова локомотива како што е сега лето паметам порано кога одев секој 3 ден на кај Прилеп на богомила мораше да прегрее барем 3 пати во Летото :facepalm: и ти дреми 2 сааати на богомила :facepalm: сега сигурно е исто а они се фатиле за железничката да ја реконтруираат :facepalm: а останатите железнички нема потреба да се реконтруираат бидејќи мене баш ми се допаѓаат во тој стил во кој се сега. :)
 
Проектот?
MZ_33-090_station-Skopje-Macedonia.jpg

Барок?



Не е лошо и да помислат на директно поврзување со автобуската, не да вртат патниците со трансфер преку булеварот и пак нагоре по скали.

Станицата уште не е ни готова, пет перони се покриени и во функција, другите пет не се никогаш ни поставени
Zeleznicka%20Stanica%20Skopje%20G%200301.jpg


А ‘покривот‘ не е ни на третина од должината на пероните:
e386fcc387741e627024d22cbfeed02c.jpg


Никогаш не влегол во функција ниту еден лифт (за луѓе и багаж):
vpeq9c.jpg
1607yoy.jpg


A и информациите се одамна загубени во минати времиња
1011944_10151750081541532_2098824532_n.jpg


Планот на Кензо Танге
2wc431f.jpg



ПОВЕЌЕ ЖЕЛЕЗО ОД АЈФЕЛОВАТА КУЛА

Биле потребни 15 години за станицата да се претвори од идеја во функционален објект. Урбанистичкиот план за центарот на градот, дело на познатиот архитект Кензо Танге, бил усвоен во март 1966 година, а градежните работи почнале во 1971 година. Големиот инженерски подвиг, кој подразбирал изградба на мост долг 1.400 метри и висок 10,5 метри и како дел од него платформа со десет колосеци (од кои проработеа само шест пет) долга 700 метри, беше заеднички зафат на градежните фирми „Бетон“, „Пелагонија“ и „Маврово“. Тие во објектот ставија 70.000 кубни метри бетон, што е приближно колку што собира во колона од десет километри камиони-мешалки, до крајот на булеварот Партизански одреди и назад. Вградија и 11.000 тони железо, што е за околу 1.500 тони повеќе отколку на Ајфеловата кула во Париз. Железничката била единствениот објект чија изградба од почетокот до крајот ја надгледувал самиот Танге.
Извор.
А решението во Берлин (oтворена 2006 година) е многу слично, а покривот далеку поквалитетно и подобро на изглед решение
berlin-hauptbahnhof.jpg
Berlin_Central_Station_Germany_main.jpg



Додаток на сликите на Röddást дека посебно во железница имаме некое квалитетно архитектонско наследство:
3899036562_427f553255_b.jpg
7m15Z3m.jpg1

208bi1g.jpg
2j0dtnd.jpg
2971635348_68c9d92d3c_b.jpg
6738712799_a724c2ae62_b.jpg



Исто и Кичевската станица е добар комбиниран проект, градена негде крајот на 60-те.


А тендерот за нови локомотиви и вагони е одложен според ЕБРД барем до август.
 
Едно е сигурно, возовите нема потреба да ги прават во барок и така се доволно стари ;)
Обновата на железничкава е потребна и е конечно продуктивен проект што не треба да се усере со некоја имбецилна фасада, само треба да се потсреди. Екраните да се сменат со нови LCD или сл. да се сменат дотраените кафеави плочки горе, што како мал ги замислував како коцки чоколадо :) Мртвата атмосфера во самата железничка да се подоживее, горниот дел со железниот кров да се доврши како што било претходно планирано, со малку помодерни материјали. Потребна е обнова а не менување од корен и градење на уште некоја барокна бљувотина.
Најголемо значење има промената на самите возови, вајда нема да направат обновена железничка со скапани превозни средства во неа, тогаш речиси исто како ништо да не направиле.
 
Ако нешто требаше да направат одамна, е тоа да го избришат Титов од пред Велес.
 
Проектот?

Не е лошо и да помислат на директно поврзување со автобуската, не да вртат патниците со трансфер преку булеварот и пак нагоре по скали.


Има отворена врата од автобуска кон железничка, минатата недела ја видов.
 
Наградно прашање:
Каде се шините од перон 6 до 10 уште од почетокот на изградбата?
554298_331048027003921_1432111145_n.jpg
 
Сфатиле дека не е потребно толку перони, зашто празни би биле секад па оставиле за во иднина ако е потребно.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom