Тендерот и тендерската процедура за изведување на градежните работи за рехабилитација и надоградување на Железничката станица во Скопје се објавени денеска.
Целосната постапка за избор на изведувач ќе биде согласно правилата на Европската Унија и се очекува во период од околу 7 месеци да заврши постапката за избор на изведувач по што ќе може да започне и физичката реализација за рехабилитација на Железничката станица во Скопје.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески информираше дека финансиските средства за реализација на овој проект изнесуваат околу 2, 5 милиони евра и оти истите во висина од 85 проценти се обезбедени со помош на Европската Унија, односно преку ИПА фондовите.
-Реконструкцијата ќе настане по цели 33 години. Значи од 80-тите години кога е изградена оваа железничка станица воопшто нема извршено реконструкција, рече Јанакиески и додаде дека јавниот повик трае до 3 ти септември и изрази очекување дека до крајот на годината или на почетокот од следната ќе има избрано и градежна компанија која ќе започне со градежните работи.
Согласно Повикот градежните работи треба да завршат во рок од 12 месеци, што значи дека во 2015 та согласно плановите проектот треба да биде завршен.
Министерот информираше дека веќе се изготвени и проектите за останатите 10 железнички станици кои што се наоѓаат на Коридор 10 и оти во текот на наредниот месец во соработка со ЈП Инфраструктура документите ќе бидат доставени до Европската Комисија.
Железничката станица етажно е составена од приземје, мезанин и платформско ниво и во секој дел ќе се изврши соодветно рехабилитирање.
Перонската платформа ќе биде подигната со цел да се задоволат европските стандарди ид областа на перонските платформи на конвенционалните железнички мрежи. Ќе се постават два нови лифта од челична носива конструкција за дирекна комуникација меѓу приземјето и горната перонска платформа.
Исто така, покрај конструктивните зафати ќе бидат превземени и зафати за реновирање на внатрешноста на железничката станица.
Со цел обезбедување на информации за патниците во железничката станица ќе биде воведен Патнички информациски систем, кој ќе претставува интегрално решение за обезбедување навремени информации до патниците кои се однесуваат на нивното патување.
ИСто така, во насока на подобрување на енергетската ефикасност на станицата предвидено е инсталирање на фотонапонски систем (соларни поанели) на покривот на платформата составен од 4 стринга. Овие панели ќе произведуваат електрична струја за потребите на железничката станица.
Главната цел за реализација на овој проект е Скопје да добие модерна, реновирана железничка станица која ќе ги задоволи и естетските и безбедносните потреби на патниците во Македонија, а паралелно со тоа да се подигне атрактивноста на превозот со железница.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/12...e-rekonstruira-zeleznickata-stanica-vo-Skopje
Алелуја.