Барам една книга...

  • Креатор на темата Креатор на темата Mussolini
  • Време на започнување Време на започнување
Јас порачав минатата недела, ама уште ваљда не е стигната, башка и празнициве...јас пробав, кај мене со се шипинг ми дава цена од 6.62 евра (за користената книга ова, али вика condition-good, нема причина да не им веруваме, сепак примарната дејност им е продажба на користени книги ;) ) Регистрирај си се, мислам дека ќе имаш и код за попуст како нов корисник, јас имав ама касно го видов-глуп...али можи ќе можеш да симнеш за 1-1.5 евро или вкупно да ти дојде 5 и нешто евра со се достава или макс 350 ден.
Еве шо порачав јас: http://www.amazon.com/The-Beauty-Korea-Jai-Sik-Suh/dp/1565910745
На амазон е 55 евра, мене ми дојде за 6.2 :D е сега користена е не е нова, али сепак, заштедата е огромна ;) башка и со тврди корици е.
 
Каде може да се купи книгата „Македонски јазик” или „Општа граматика на македонскиот јазик” (С. Бојковска, Л. М. Ѓуркова, Д. Пандев, Ж. Цветковски, Просветно дело, Скопје 2008)?
 
Каде може да се купи книгата „Македонски јазик” или „Општа граматика на македонскиот јазик” (С. Бојковска, Л. М. Ѓуркова, Д. Пандев, Ж. Цветковски, Просветно дело, Скопје 2008)?

Во „Просветно дело“ :) Или, ако си од Скопје ги има на тезгите покрај Вардар што продаваат стари книги, а цената е како за нова :) А ако не си од Скопје би требало да ги има во речиси сите книжарници (прашуваш за учебниците така?). Среќно!
 
Можеби е малку офтопик, каде може да се купи сликовница на македонски јазик со звучни ефекти (песнички, звуци од животни и сл.)?
 
Фала многу за одговорот. Мислев дека се работи за учебник кој може да се купи само во училиште или на факултет. Да, за учебниците станува збор :)
 
Можеби е малку офтопик, каде може да се купи сликовница на македонски јазик со звучни ефекти (песнички, звуци од животни и сл.)?

Постои и такво нешто? Баш би сакала да знам ако најдете нешто. Инаку.. подобро прво побарајте клипчиња на интернет потоа по книжарници.
 
Постои и такво нешто? Баш би сакала да знам ако најдете нешто.

Постои сликовница со домашни животни и звуци што ги прават, ми треба некоја слична (или со македонски песнички или приказни).

подобро прво побарајте клипчиња на интернет

Не знам од каде влетаа клипчиња од интернет , треба да купам за бебе.
 
Постои сликовница со домашни животни и звуци што ги прават, ми треба некоја слична (или со македонски песнички или приказни).

Не знам од каде влетаа клипчиња од интернет , треба да купам за бебе.

Претпоставив ама си реков да не има случајно нешто како реклама ама не верувам да има на македонски. Инаку имам видено мали сликовници со животинчиња ама не ми текнува од која издавачка куќа беа. Има и кратки приказни за едно животно само не знам дали испушта звуци кукличката што е ставена во сликовницата :)
 
Дали некој знае дали некаде може да се најде книгата „Женски разговори“ од Душан Радовиќ? Ама на македонски не на српски. Многу ми е важно и итно. Ви благодарам.
 
Постои сликовница со домашни животни и звуци што ги прават, ми треба некоја слична (или со македонски песнички или приказни).

Не знам од каде влетаа клипчиња од интернет , треба да купам за бебе.

Денес шетав низ Битола и кај еден уличен продавач на книги најдов книга каква што барате. Беше со тврди страници и на десната страна има сликички со животните за кои пишува внатре и кога ќе се притисне на нив претпоставувам испуштаат звуци како животното. Оваа што ја видов се викаше „Животните од шумата“ (мислам), прашав имало и за домашни животни, но ја продале - 420 денари, од ТОПЕР се. Побарајте во книжарница од Топер и видете дали е тоа што го барате.
 
Дечки има ли бе некој од вас што може од ebay да нарачува работи? Исфрустриран сум у пм со ова пејпалов што уште не ја ставаат Македонија.
 
Здраво. Дали некој знае од која издавачка куќа е книгата „Самоизградба на актерот“ од Станиславски или „Систем“ (втората е на српско-хрватски)? Или барем каде може да се најдат низ Скопје? Во библиотеките или ги нема или не смее да се изнајмуваат. Ви благодарам.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom